Author: НОВА ТВ Balaban

На трката настапија 98 натпреварувачки, а зад Цветановска останаа само три. На победничкиот подиум покрај Норвежанката, се најдоа две скијачки од Финска Македонската нордиска скијачка, Ана Цветановска, го освои 95. место во денешната трка крос-кантри на 10 километри. Таа патеката ја мина со време 39:57,7 минути, односно заостана за повеќе од 11,5 минути зад победничката Тереза Јохауг од Норвешка која имаше време 28:06.3 минути. На трката настапија 98 натпреварувачки, а зад Цветановска останаа само три. На победничкиот подиум покрај Норвежанката, се најдоа две скијачки од Финска. Втора беше Керту Нисканен која заостана само 0,4 секунди зад Јохауг, додека бронзата ја освои…

Read More

Во 1999 година, Кукан беше назначен за специјален пратеник на ОН за Косово. Од 2009 до 2019 година беше член на Европскиот парламент. Поранешниот словачки политичар и дипломат, Едуард Кукан, почина на 82-годишна возраст, соопшти денеска портпаролката на Универзитетот Комениус во Братислава, Ленка Милер. Во 1999 година, Кукан беше назначен за специјален пратеник на ОН за Косово. Од 2009 до 2019 година беше член на Европскиот парламент. Тој беше и еден од посредниците на ЕП во меѓупартискиот дијалог во Србија, а долги години беше во тројката европратеници кои бараа решение за политичката криза во Македонија.

Read More

На ул.„Черења“ во Штип, синоќа во 19.25 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги во содејство со Специјална антитерористичка единица „Тигар” го лишиле од слобода Е.М.(32) од Штип, кој бил баран по Централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор Штип заради бегство од установата. Од МВР денеска информираа дека тој e осуден на вкупна казна затвор од 12 години и пет месеци за повеќе сторени кривични дела, а имал за доиздржување уште пет години и два месеца. Лицето било предадено во Казнено-поправната установа Затвор Штип за издржување на казната.

Read More

„Тој лав е мал, но тие растат брзо и за два, три месеци, ќе почне да јаде кучиња, мачки, луѓе и ситуацијата е прилично сериозна“, изјави Дарко Савељиќ од Агенцијата за заштита на животната средина. Црногорската Агенција за заштита на животната средина соопшти дека организира потера по младенче лав, кое наводно му побегнало на сопственикот во Будва кон крајот на јануари, пренесуваат медиумите во Црна Гора и во регионот. Во поканата испратена до граѓаните се наведува дека утре, пред седиштето на Агенцијата во Подгорица, ќе се организира транспорт до Будва за да се пребара теренот и биолозите да го лоцираат…

Read More

На 08.02.2022 околу 20.40 часот на регионалниот пат Неготино – Градско, кај с. Кукуричани, неготинско, полициски службеници од ОВР Неготино дале знак за запирање на патничко возило „форд мондео“, но возилото не застанало. Во близина на Градско, возачот застанал и го напуштил возилото, а при преглед во возилото биле пронајдени осум лица – мигранти од Сомалија, од кои едно малолетно лице. Мигрантите биле сместени во Прифатниот центар „Винојуг“ во Гевгелија. За настанот бил запознаен Јавен обвинител и по расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 418 од Кривичниот законик.

Read More

На 08.02.2022 околу 11.30 часот во СВР Скопје, 32-годишна жена од Скопје пријавила дека на ул.„Лондонска“ во Скопје две машки лица физички ја нападнале и се обиделе да ѝ извршат обљуба. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Read More

Велика Британија го напушти огромниот единствен пазар на стоки и услуги на Европската унија на 31 декември 2020 година. Поголемиот дел од трговијата меѓу двете страни сè уште е без царина, но Брегзит донесе многу нови царински проверки и други бариери за претходно непречената трговија. Излегувањето на Велика Британија од Европската унија (Брегзит) на земјата и донесе поголеми трошоци, поголема бирократија и доцнење на стоката на границите, а засега ги нема ветените придобивки, соопшти денеска Комитетот на британскиот Парламент за јавна потрошувачка. Еден ден откако премиерот Борис Џонсон именуваше државен секретар за „потенцијалите на Брегзит“, Комитетот оцени дека „единственото видливо…

Read More

Пријавениот, на 07.02.2022 околу 19:15 часот, управувајќи патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки на бул.„Св.Климент Охридски“ во Скопје, не застанал на вклучено црвено светло на семафор СВР Скопје – Единица за безбедност на патниот сообраќај до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Ј.Б.(38) од Скопје осомничен за сторено кривично дело „загрозување на безбедноста во сообраќајот“ по член 297 од Кривичниот законик. – Пријавениот, на 07.02.2022 околу 19:15 часот, управувајќи патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки на бул.„Св.Климент Охридски“ во Скопје, не застанал на вклучено црвено светло на семафор и кога навлегол во крстосницата со бул „Илинден“…

Read More

Целта на Стратегијата е динамизирање на пазарот на капитал и достигнување на развиеност  на ниво на просекот во ЕУ. Повеќе можности за финансирање проекти за компаниите, зголемена понуда на инструменти за инвестирање, како и привлекување на странски инвеститори се главните цели на Стратегијата за развој на финансискиот пазар, што, на предлог на Министерството за финансии, ја усвои Владата на РС Македонија. – Главните домени на Стратегијата за развој на пазарот на капитал се: зголемување на понудата на сопственички хартии од вредност, преку стимулирање на иницијалните јавни понуди и целосна или делумна приватизација преку берзата со цел развивање на примарниот пазар…

Read More

Владата донесе заклучок да го повлече Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета од собраниската постапка Портпаролите на Владата, Душко Арсовски и Муамет Хоџа на денешната редовна прес-конференција информираа подетално за заклучоците и одлуките донесени на 11-та и 12-та седница на Владата на Република Северна Македонија и одговараа на новинарски прашања од интерес на јавноста. На прес-конференцијата портпаролите информираа за одлуката на Владата за одобрување финансиски средства во износ од 2,9 милијарди денари на АД ЕСМ, за обезбедување финансиски средства за справување со кризната состојба во снабдување со електрична енергија. Со оваа одлука,…

Read More

Владата на седница нема расправано за работните групи за една изборна единица односно за измена на Изборниот законик, соопшти владиниот портпарол Душко Арсовски одговарајќи на прашање кога ќе бидат формирани групите и кои ќе бидат членови. – Секако, повеќе информации ќе следуваат понатаму затоа што е во раце на партиите кои на крајот ќе го имаат последниот збор, рече Арсовски на редовната прес-конференција. Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски пред десетина дена изјави за медиумите  дека процесот за нов Изборен законик односно на моделот на избори прво треба да го дефинираат  работни групи, а притоа ќе бидат вклучени експерти…

Read More

На 08.02.2022 во периодот од 11.00 до 16.00 часот на територијата на СВР Охрид била спроведена акциска контрола за прекршоците што ги прават пешаците. Притоа, биле откриени и санкционирани 30 пешаци (Охрид-14, Струга-11, Кичево-04, Дебар-01) кои поминале коловоз вон пешачки премин. Полициските службеници во Струга упатиле еден автобус на вонреден технички преглед, при што биле констатирани технички неисправности на уредот за сопирање.

Read More