Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Успешно пронајдени и спасени планинарите од страна на Екипата за брз одговор за спасување од планина при Дирекцијата за заштита и спасување, објави вечерва на својата Фејсбук страна Дирекцијата за заштита и спасување. Околу 15 часот денеска во Дирекцијата било пријавено дека двајца планинари се повредени во реонот над село Вешала, Кобилица на Шар Планина, во близина на границата со Косово. По комуникацијата со лицата, екипите се упатиле кон локацијата за да ги пронајдат и спасат. Оттаму додаваат и дека „еден од планинарите беше повреден, а на кој му е извршено брзо интервирање на коленото. Екипите на Дирекцијата за заштита…
Доколку од какви било причини не се во можност да бидат дел од Комисијата за заразни болести, им упатувам отворена покана да бидат дел од мојот тим на советници, објави попладнево на Фејсбук министерот Сали. Проф.д-р Вело Марковски за НОВАТВ изјави: Првпат слушам. Објави на Фејсбук не вреди да се коментираат. Министерот за здравство, Беким Сали, попладнево преку објава на Фејсбук ги покани професорите Даниловски, Пановски и Марковски во новата Комисија за заштита на населенито од заразни болести. – Според најавите, а во согласност со законските надлежности, како министер за здравство на Република Северна Македонија, наскоро ќе ја формирам Комисијата…
Активни се 20.114 случаи, а повторно се заразиле 169 граѓани Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 5.082 тестови, а регистрирани се 1.254 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 655, Битола – 87, Куманово – 55, Тетово и Кавадарци – по 46, Прилеп – 40, Велес – 33, Штип – 31, Струмица – 30, Гевгелија – 29, Гостивар – 25, Неготино – 23, Кичево и Свети Николе – по 19, Охрид и Кочани – по 17, Ресен и Крива Паланка – по 12, Богданци – 9, Виница – 8,…
Според Андреј Стојкоски, член на управниот одбор на Национален младински совет на Македонија, врсниците од Македонија и од Бугарија имаат многу заеднички работи и немаат никаква причина за да имаат негативни мислења, напротив треба да имаат соработка конкретно во случајов на развој на науката. Ние сме блиски земји кои имаат плодна почва на соработка и кои може да се почитуваат едни со други, рече пратеничката на ЛДП, Моника Зајкова, на конференцијата БГМК2030 „Граѓански придонес во градење на доверба, заедништво и сојузништво“ која се одржа вчера во просториите на АУЕ-ФОН, организирана во соработка со Renew Europe. Идејата е да се поттикне…
Денеска (30.01.2022) во периодот од 04.00 до 08.00 часот, полициски службеници од Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи, во координација со Државен пазарен инспекторат спроведе акциска контрола на подрачјето на целата држава, со цел санкционирање на кривични дела и прекршоци од Законот за оружје, Законот за ловство, Кривичниот законик и др. Во рамки на контролата утврдени се 6 кривични дела од кои 5 по член 396 од Кривичниот законик – за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи и 1 по член 215 од Кривичниот законик – за неовластено производство и пуштање во промет…
Рафаел Надал губеше со 0:2 во сетови, Данил Медведев беше пред нов подвиг, но Шпанецот се врати во игра во епското финале на АО во Мелбурн, кое траеше речиси 5,5 часови, и успеа да победи со 3:2. Ова за него е 21 гренд слем пехар и сега е најголем во историјата. Ги остави зад себе Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер кои имаат по 20, објави sportmedia.mk.
Со транспаренти и маички „Почивај во мир ангелу наш“ и „Стоп за сообраќајното насилство“ стотина луѓе се собраа денеска на мирниот протест на крстосницата на „Партизански одреди“ кај „Сити Мол“, каде пред 10 дена, на 20 јануари, загина 24-годишната Викторија Николова од Радовиш, покосена на пешачкиот премин од две години помлад скопјанец Ј.Ѓ. На протестот, кој го организираше момчето на Викторија, Леонид Даов, кој беше полесно повреден во истата сообраќајка, присуствуваа и членовите на семејството на Викторија и нејзини сограѓани. Граѓаните палеа свеќи, изразувајќи почит за трагично згаснатиот млад живот и порачаа СТОП за сообраќајното насилство, да се подигне свеста…
Предлага наставата да биде онлајн, а Мицкоски седи во кафани и ги прекршува мерките. Барањето на ВМРО-ДПМНЕ второто полугодие наставата да продолжи онлајн, без физичко присуство е лицемерно, неискрено и лажно. Одлуката за наставата да продолжи со физичко присуство е донесена врз основа на мислењето на стручните лица, на Комисијата за заразни болести и согласно препораките на УНИЦЕФ, соопштија денеска од СДСМ. Здрaвјето на учениците е заштитено со спроведувањето на протоколите за одржување настава со физичко присуство, а тоа се покажа и во минатото. Лицемерието на Мицкоски нема граници, едно зборува а друго прави. Предлага наставата да биде онлајн, а…
Пред присутните ќе бидат претставени Планот за забрзан економски раст со осврт на финансиските инструменти, стратешките програми за иновации, индустриска политика и конкурентност Министерството за финансии утре и задутре ( 31 јанаури и 1 февруари) е домаќин на владина делегација од Република Бугарија предводена од министерот за иновации и раст Даниел Лорер, кој, заедно со министерот за финансии, Фатмир Бесими, ќе копредаваат со првиот состанок на Работната група за економија, трговија и иновации. На состанокот во Скопје, Работната група ќе ги разледа можносите за привлекувањето инвестиции, иновациските можности, финансирањето на проекти, зголемување на трговската размена меѓу двете земји, како и приоритети за развој…
Работниците очекуваат позитивен одговор на предлогот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) за зголемување на минималната плата на 18.000 денари и скалесто зголемување на сите останати плати согласно Колективен договор и Закон и регрес за годишен одмор за работниците во јавниот сектор (К-15), како од пратениците така и на утрешната средба во Владата, порачуваат од ССМ и бараат веднаш да се прифатат нивните барање. – Во оваа ковид, економска и енергетска криза потребно е зголемување на платите, а тоа го покажува и анализата на еминентните професори која покажува дека зголемувањето на минималната плата нема негативен ефект врз фирмите и…
Соочени со фактот дека нивните градоначалници се големо разочарување и дека ништо не прават за интересите на граѓаните постојано сме сведоци на едни исти предлози коишто доаѓаат од страна на ВМРО-ДПМНЕ, нашиот став е јасен, концизен и точен. Нашиот став е дека за сите овие прашања треба да има дебата и врз призма на сериозен консензус од сите политички партии да ја донесеме одлуката за сите овие прашања и сите овие прашања треба да се решат во периодот што следи, но за сето тоа имаме две и пол години, две и пол години до одржувањето на парламентарните редовни избори со…
Машкото финале на Австралија Опен помеѓу Рафаел Надал и Данил Медведев имаше краткотраен прекин откако навивач ја прескока триметарската пречка и влета на теренот. Обезбедувањето брзо реагираше и немилиот настан беше експресно решен по што битката за трофеј продолжи, а во неа рускиот тенисер има водство од 2-0 по пресврт во вториот сет, пренесе ekipa.mk. Some bozo just jumped out of the stands onto the court (probably about three meters), got dragged out.#AusOpen pic.twitter.com/u4xzjTaIEf — Ben Rothenberg (@BenRothenberg) January 30, 2022