Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министерството за финансии домаќин на првиот состанок на работната група со Република Бугарија за економија, трговија и иновации

0
By НОВА ТВ Balaban on January 30, 2022 ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, January 30, 2022 13:57

Пред присутните ќе бидат претставени Планот за забрзан економски раст со
осврт на финансиските инструменти, стратешките програми за иновации,
индустриска политика и конкурентност

Министерството за финансии утре и задутре ( 31 јанаури и 1 февруари) е домаќин на владина делегација од Република Бугарија предводена од министерот за иновации и раст Даниел Лорер, кој, заедно со
министерот за финансии, Фатмир Бесими, ќе копредаваат со првиот состанок на
Работната група за економија, трговија и иновации.

На состанокот во Скопје, Работната група ќе ги разледа можносите за
привлекувањето инвестиции, иновациските можности, финансирањето на
проекти, зголемување на трговската размена меѓу двете земји, како
и приоритети за развој на регионот, области во кои може да се развиваат
заеднички проекти и слично.

Пред присутните ќе бидат претставени Планот за забрзан економски раст со
осврт на финансиските инструменти, стратешките програми за иновации,
индустриска политика и конкурентност, презентации на работата на фондовите
за иновации и технолошки развој на двете земји, работата на Националиот
старт-ап совет, како и програмите за работа и можностите што ги нудат
развојните банки на двете земји, Извршната агенција за промоција на мали и
средни претпријатија од Република Бугарија и Агенцијата за промоција на
претприемништвото  на РС Македонија, како и програмите за рурален развој на
РС Македонија и Република Бугарија.

Меѓувладината работна група беше формирана минатата недела во Софија за
време на одржувањето на меѓувладината седница. Работната група на средба
во Софија ги утврди приоритетите на работа и динамиката на одржување на
состаноците, согласно која ќе се состанува еднаш месечно. Нејзините
активности ќе бидат насочени кон зајакнување и интензивирање на еконмската
соработка во сферите на трговијата, инвестициите, иновациите, финансиите и
заеднички настап во ЕУ програмите и фондовите, како и соработката со
економските комори.

На состанокот во Скопје од македонска страна меѓу другите ќе учествуваат
вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за
финансии Фатмир Бесими, министерот за економија Крешник Бектеши,
министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски,
како и директорите на Развојната банка на Северна Македонија Кире Наумов,
на Фондот за иновации и технолошки развој Фестим Халили, Агенцијата за
странски инвестиции Беким Емини. Додека во делегацијата од Република
Бугарија, која ќе учествува на состанокот се министерот за иновации и раст
Даниел Лорер, заменик-министерот за финансии Андреј Цеков, заменик-
министерот за земјоделство Атанас Добрев,  директорот на Извршната
агенција за промоција на мали и средни претпријатија Бојко Таков, директорот
на Бугарската банка за развој Валентин Михов и други претставници на институции.

 

 

Бугарија Домаќин Министерството за финансии работната група
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.