Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министерот Сали преку Фејсбук ги покани професорите Даниловски, Пановски и Марковски во новата Комисија, а доколку не сакаат, ги повикува за негови советници

0
By НОВА ТВ Balaban on January 30, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, January 30, 2022 17:46
Доколку од какви било причини не се во можност да бидат дел од Комисијата за заразни болести, им упатувам отворена покана да бидат дел од мојот тим на советници, објави попладнево на Фејсбук министерот Сали. Проф.д-р Вело Марковски за НОВАТВ изјави: Првпат слушам. Објави на Фејсбук не вреди да се коментираат. 
Министерот за здравство, Беким Сали, попладнево преку објава на Фејсбук ги покани професорите Даниловски, Пановски и Марковски во новата Комисија за заштита на населенито од заразни болести.

– Според најавите, а во согласност со законските надлежности, како министер за здравство на Република Северна Македонија, наскоро ќе ја формирам Комисијата за заразни болести. Таа е советодавен орган во чиј состав се истакнати експерти кои преку научни толкувања ќе ни овозможат ефикасно, навремено и ажурно да предлагаме мерки во согласност со епидемиолошката состојба. Непобитен факт е дека сегашните околности бараат засилено и координирано дејствување, врз основа на стручни и реалистични проценки, објави попладнево на својот Фејсбук профил министерот за здравство, Беким Сали.

Тој додава:

– Оттука, како министер најавував дека промените во ова тело ќе бидат во насока на проширување и дополнување на неговиот состав, со нови, професионални, кадри од повеќе области. Заради ефективност и успешност на овој процес, би сакал јавно да ги поканам и угледните професори д-р Драган Даниловски, д-р. Никола Пановски и д-р Вело Марковски да се приклучат како членови на Комисија за заразни болести и со тоа да придонесат во нејзината работа.

Чест и задоволство ми е јавно да го упатам повикот до овие експерти врз основа на внимателното следење на јавната дебата околу нивното можно вклучување во Комисијата за заразни болести. Гласот на науката е клучен во борбата против Ковид-19. Да го искористиме на најдобриот начин!

Доколку од какви било причини не се во можност да бидат дел од Комисијата за заразни болести, им упатувам отворена покана да бидат дел од мојот тим на советници, објави министерот Сали.

Но, се чини дека министерот за здравство ќе треба да бара нови кандидати за членство во новата Комисија.

Проф. д-р Драган Даниловски претходно не неговата Фејсбук страна изјави дека не би сакал да биде член на Комсијата за заштита од заразни болести и го образложи таквиот став. 

И проф. д-р Никола Пановски, гостувајќи на една телевизиска емисија на национална телевизија во минатата недела, рече дека сега, по речиси две години, не би сакал да биде член на Комисијата за заштита на населението од заразни болести. 

А проф.д-р Вело Марковски за НОВАТВ вечерва изјави:

– Првпат слушам. Објави на Фејсбук не вреди да се коментираат, ни рече проф.д-р Марковски.

 

 

Љубица Балабан

Беким Сали Вело Марковски драган даниловски Јавно Никола Пановски поканам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.