Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Тука би спомнал дека Обвинителството има отворено предмет за висок функционер во Владата, има за државен секретар во едно од министерствата, потоа има за обвинители, судии и според тоа моја оценка е дека Обвинителството не постапува селективно, туку се држи до рамките на законот и неселективната правда, истакнува Јовески Скокот на Северна Македонија за една година за 24 места на индексот за перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнел покажува дека има напредок во борбата против корупцијата, но мора да се биде искрен и да се признае дека во овие извештаи се нотираат и определени дејствија или активности што треба да…
НАТО не планира да испрати војници во Украина доколку Русија изврши инвазија, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. На прашањето дали би отфрлил евентуално распоредување војници во Украина, Столтенберг рече: „Немаме планови да распоредиме војници на НАТО во Украина… Се фокусираме на давање поддршка“. „Постои разлика помеѓу тоа да се биде член на НАТО и да се биде силен и исклучително вреден партнер како Украина. Нема сомнеж во тоа“, рече Столтенберг.
ВМРО-ДПМНЕ, како и обично, не работи ништо за граѓаните, нивните градоначалници се тешко разочарување, па затоа постојано сме сведоци на едни исти барања и предлози. Христијан Мицкоски знае дека граѓаните гледаат колку се неспособни неговите градоначалници, уплашен е од постојаниот пад на нивната поддршка па затоа со постојани барања за избори се обидува да го дефокусира вниманието на јавноста. Ставот на СДСМ е јасен и за една изборна, и за укинување техничка влада, и за менување на изборен модел, тој став не е променет, тоа се прави со широк консенсуз на сите партии. Додека ВМРО-ДПМНЕ седи на страна, не работи…
ЕУ увезува речиси 40 отсто од потребите за гас од Русија, а 27-те би се соочиле со недостиг на енергија за индустријата и домаќинствата во случај на војна, а Америка е подготвена да испорача значителни количини од својот течен гас до Европејците. Додека Вашингтон и Брисел апелираат до снабдувачите на енергија ширум светот да ветат дека ќе и дадат на Европската унија значителни количини гас во случај на воено засилување околу Украина и прекин на испраката, италијанскиот деловен весник „Il sole 24 ore“ пишува дека САД и Русија се подготвуваат за безмилосна војна за гас. „САД и Русија се подготвуваат…
Финалето на Австралија опен меѓу Ешли Барти и Даниел Колинс (6:3, 7:6) го собори рекордот по гледаност на телевизија во Австралија, објави „The Age“. Според австралискиот весник, бројот на гледачи на вчерашното женско финале изнесувал 4,261 милиони, а националниот просек бил 3,577 милиони. Дуелот кој е најгледан во историјата на Грен слемот во Мелбурн, ја следеа нешто повеќе од три милиони гледачи од пет поголеми градови во Австралија. Во исто време, просечната публика на доделувањето на наградите (2,838 милиони) меѓу гледачите беше поголема од онаа на самиот натпревар. Рекорден рејтинг имаше и завршната средба во машки двојки меѓу австралиските тенисери…
Јапонија, Јужна Кореја и САД го осудија најновото лансирање на севернокорејска ракета, коешто е седми тест месецов. Северна Кореја лансираше балистичка ракета со среден дострел (IRBM) во неделата изутрина по локално време, којашто се смета за најголема тестирана ракета од ноември 2017 година, соопшти јужнокорејскиот Национален совет за безбедност, јавува Би-би-си. Лансирањето се случи во 7:52 часот по локално време, во близина на источниот брег на Северна Кореја. Јапонија, Јужна Кореја и САД го осудија најновото лансирање на севернокорејска ракета, коешто е седми тест месецов. Соединетите Американски Држави го повикаа Пјонгјанг да се воздржи од понатамошни дестабилизирачки акти и да…
Серџо Матарела претходно ја отфрли можноста да остане на функцијата, но бидејќи беше загрозена политичката стабилност на земјата, тој се предомисли по апелот на парламентарните лидери. Италијанскиот претседател Серџо Матарела синоќа беше избран за неговиот втор претседателски мандат. Mеѓу повеќе од 1.000 пратеници и регионални делегати во Претставничкиот дом, во осмиот круг на гласање, Матарела освои 505 гласови потребни за избор. Гласањето следуваше откако партиските лидери побараа од Матарела да остане на таа функција, бидејќи по неколкудневно неуспешно гласање во парламентот, Италија не можеше да добие нов претседател. Лидерите на партиите му се заблагодарија на 80-годишниот Матарела што се согласи…
ВМРО-ДПМНЕ предлага намалување на бројот на пратеници во македонското Собрание од 120 на 90. 120 пратеници во Собранието е преголем, затоа е потребно да се намали на 90 за функционална демократија и намалување на финансиските трошоци, пари на граѓаните, соопштија денеска од ВМРО-ДПМНЕ. Ваков пример на Собрание од 90 пратеници има во Република Словенија. За бројот колку што ќе се намали македонското Собрание, 30 пратеници, граѓаните месечно плаќаат по 51.000 евра по основ на плати и придонеси, а 612 илјади евра годишно. Ако се земе предвид дека на народните претставници им се исплаќа и за патни трошоци државата годишно инкасира…
Во Берово утрово е измерена најниска температура во државата од – 13 степени Целзиусови. Следа Попова Шапка и Маврови Анови со -12, -10 Крива Паланка, -9 Битола, Скопје-Петровец, -8 Претор, Штип, Прилеп, Демир Капија, Струмица, -7 Скопје-Зајчев Рид, Крушево, Виница, -6 Охрид, Тетово, -2 Гевгелија, 0 Дојран. Како што информира УХМР, во 7 часот највисока снежна покривка од 30 сантиметри е измерена на Попова Шапка, 29 во Маврови Анови, 9 Пожаране, Крушево и 4 во Крива Паланка. Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во северните делови од земјата. Кон крајот на денот во североисточните со…
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (29.01.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 191 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 58 санкции, 20 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за технички неисправни возила. Изречени се четири мерки за возач почетник, пет санкции за зборување на мобилен телефон, пет мерки за минување на затворен сигнал црвено светло, 26 санкции за управување под дејство на алкохол. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и…
Достоен јавен собир каде што ќе оддадеме почит кон Викторија Николова како последна жртва во ваквото сообраќајно насилство, а воедно и ќе оддадеме почит кон сите жртви во вакви и слични сообраќајни несреќи, стои во поканата на Фејсбук На булеварот „Партизански одреди“ денеска од 12 до 13 часот ќе се одржи мирен јавен собир кај „Сити мол“, каде пред 10 дена загина 24-годишната Викторија Николова. Собирот го организира момчето на Викторија кое беше лесно повредено во истата сообраќајна несреќа. „ Мирен протест во знак на револт кон сообраќајното насилство и начинот на кој се третирани пешаците и сите учесници во…
Веќе четврта година по ред се спроведува и проектот „Гаранција за млади“ кој опфаќа невработени млади лица на возраст до 29 години. Лани со оваа мерка се опфатија 19.298 млади невработени лица од кои 75% биле жени. Оперативниот план за активни мерки и програми за вработување како еден од најуспешните владини проекти, носи видливи резултати. За реализација на оваа мерка за 2022 година во Буџетот се обезбедени 1,73 милијарди денари, односно 28 милиони евра, соопштија денеска од СДСМ. Претходно, во 2021 Оперативниот план беше со висока реализација од над 94 отсто и со него се опфатија 11.292 невработени лица. 4.000…