Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Северна Кореја лансираше балистичка ракета, најголема од 2017 година

0
By НОВА ТВ Balaban on January 30, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, January 30, 2022 10:36

Јапонија, Јужна Кореја и САД го осудија најновото лансирање на севернокорејска ракета, коешто е седми тест месецов.

Северна Кореја лансираше балистичка ракета со среден дострел (IRBM) во неделата изутрина по локално време, којашто се смета за најголема тестирана ракета од ноември 2017 година, соопшти јужнокорејскиот Национален совет за безбедност, јавува Би-би-си.

Лансирањето се случи во 7:52 часот по локално време, во близина на источниот брег на Северна Кореја.

Јапонија, Јужна Кореја и САД го осудија најновото лансирање на севернокорејска ракета, коешто е седми тест месецов.

Соединетите Американски Држави го повикаа Пјонгјанг да се воздржи од понатамошни дестабилизирачки акти и да се вклучи во дијалог, соопшти во неделата Индо-пацифичката команда на американската војска.

Тестот не претставува непосредна закана за територијата на САД или за сојузниците, соопшти Советот за национална безбедност на Јужна Кореја.

Претседателот Џае-Ин рече дека верува оти Северна Кореја направила чекор поблиску до откажување од самонаметнатиот мораториум за тестирање на ракети од втор дострел и ја повика Северна Кореја да престане да создава тензии и да се врати на преговорите.

ОН и забрануваат на Северна Кореја да тестира балистичко и нуклеарно оружје. Земјата изврши неколку нуклеарни проби во 2017 година, а неколку проектили ја прелетаа Јапонија, пренесе „Јутарњи лист“.

балистичка ракета лансираше Северна Кореја
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.