Author: НОВА ТВ

Дефанзивецот на Милан, Давиде Калабрија ги сподели своите впечатоци по натпреварот од Лигата на шампионите против Ливерпул. Миланезите синоќа на гостувањето на „Енфилд“ загубија со 3:2 иако на полувреме водеа со 2:1. – Ја чувствуваме горчината на поразот. На еден од најубавите стадиони успеавме да го свртиме резултатот со една од најдобрите екипи во Европа, но во второто полувреме примивме два гола. Задоволни сме од играта – за многумина од нас ова е прв меч во Лигата на шампионите. Не беше лесно да се игра на „Енфилд“ на ваков натпревар, изјави Калабрија. Стрелци за домашниот тим беа Мохамед Салах и…

Read More

Началникот на ГШ на американската армија, генерал Марк Мили, негираше дека ги пречекорил своите овластувања, телефонирајќи му на својот кинески колега на крајот од мандатот на претседателот Доналд Трамп. „Неговите повици до Кинезите и другите во октомври и јануари беа во согласност со неговите должности и одговорности и се состоеше во пренесување гаранции со цел да се одржи стратешката стабилност“, рече портпаролот на Генералштабот, полковник Дејв Батлер. Американскиот претседател Џо Бајден рече дека има голема доверба во генералот Мили, додека републиканските членови на Конгресот побараа тој да биде сменет. Мили е во центарот на контроверзи откако двајца новинари на Вашингтон…

Read More

Пандемијата за вакцинираните помина, но сега имаме пандемија на невакцинираните, истакна австрискиот канцелар Себастијан Курц. „Вакцинираните се безбедни и можат да живеат нормален живот, но невакцинираните се небезбедни и мора да имаат негативни тестови и маски со FFP2 за ресторани, трговија, јавен превоз“, истакна Курц за дневниот весник „Кронен цајтунг“. Тој посочи дека многумина се вакцинирани и не треба да се справуваат со мерките, но сепак има 30 отсто од граѓаните кои не се вакцинирани и не се заштитени, затоа мора да знаат дека некогаш ќе бидат заразени со корона. „Токму поради невакцинираните се уште се потребни минимум мерки. „Претпочитам…

Read More

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги го искажа своето видување за синоќешниот натпреварот против Реал Мадрид (0:1) во Лигата на шампионите. Миланскиот клуб прими гол во 89. минута. – Моравме да бидеме внимателни, имаше само уште една минута до крајот на натпреварот. Побарав од моите фудбалери да покажат карактер и храброст и тоа го направија. Но, голманот на противникот (Куртоа) не спречи, беше тешко да го совладаме. Штета што загубивме, играчите го дадоа максимумот. Во натпреварите против таквите тимови, не смее да се загуби концентрацијата, но сигурен сум дека ако продолжиме да играме вака, ќе стигнеме до плејофот. За овој меч…

Read More

Пакистанскиот советник за национална безбедност рече дека земјата не може да прифати повеќе бегалци од Авганистан од неколку причини, вклучувајќи ги и финансиските тешкотии. – Пакистан во моментов не може да прифати повеќе бегалци, изјави Моид Јусуф на прес-конференција во Исламабад. Тој истакна дека Пакистан веќе примил повеќе од 3 милиони авганистански бегалци кои избегале од војната и насилството во нивната земја во последните децении. Јусуф рече дека Пакистан ќе се потруди да му помогне на Авганистан, но мора да се зголемат меѓународните напори за да се спречи хуманитарна криза. Тој ја повика меѓународната заедница да не ја повтори грешката…

Read More

Оставките на министерот Венко Филипче и на заменик-министерот за здравство Илир Хасани се доставени и архивирани во Владата. Дали тие ќе бидат прифатени ќе зависи од резултатите од истрагата за пожарот во модуларната болница, која е во тек и во која наскоро се очекува да се вклучат германските експерти. Портпаролот на Владата Душко Арсовски вчера на редовна прес-конференција во Владата потврди дека оставките се доставени и оти нивната содржина не отстапува од она што Филипче и Хасани веќе јавно го споделиле во јавноста. Проценката и одлуката за поднесените оставки, како што неодамна изјави премиерот Зоран Заев, ќе ја базира, исклучиво…

Read More

Надлежните здравствени власти укажуваат дека ковид вирусот моментно има широка инфекција, се следи ситуацијата, а доколку е потребно ќе има нови мерки. Засега, истакнуваат надлежните, нема индикација за промена на наставниот модел со физичко присуство на учениците.  Бојот на активни КОВИД случаи изнесува 13.027. Според вчерашниот извештај на Министерството за здравство за претходното деноноќие, од 4.621 тестирање се регистрирани 617 нови случаи на Ковид -19, починаа 32 лица, а оздравеле 450 пациенти. – Во ковид – центрите низ државата има доволно кревети за хоспитализација на пациенти, престојниот период може да биде зголемена потребата од хоспитализации, што бара сериозен пристап и…

Read More

Владите на Република Северна Македонија и Република Косово денеска во Скопје ќе ја одржат првата заедничка седница во полн состав, предводени од премиерите Зоран Заев и Албин Курти. Пред почетокот на заедничката седница ќе има церемонија за официјален пречек, и тет-а-тет средба на премиерите Заев и Курти, како и билатерални средби на министрите во Владите на двете земји. -Заедничката седница на владите ќе се одржи веднаш после средбите на премиерите и министрите и на неа е предвидено свечено потпишување на повеќе меморандуми и договори за соработка, информираат од владината прес-служба. Договорите, како што посочи на вчерашната прес-конференција владиниот портпарол Муамет…

Read More

Собранието во пресрет на Локалните избори закажани за 17 следниот месец усвои измени на Изборниот законик за зголемување на отчетноста, транспарентноста и контролата на државните ресурси за време на изборниот процес. Во таа насока, за остварување целосен надзор, сите државни институции се задолжени до Државната комисија за спречување на корупцијата да достават податоци за сите моторни возила со кои располагаат со цел увид во нивното користење за време на изборите и спречување на евентуални злоупотреби. Измените на Изборниот законик беа усвоени вчера без расправа, на предлог на пратениците  Јован Митрески, Никола Мицевски, Арбер Адеми, Бастри Бајрами, Сурија Рашиди, Борислав Крмов.…

Read More

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 15, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 33 степени. И во наредните денови ќе преовладува стабилно и топло време. Од утре ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер претежно од западен…

Read More

Голем пожар настанал крај станбена зграда во скопската населба Аеродром, а засега не се знае причината. Според читателите првично бил запален автомобил кај т.н. „Тобако-2“, на свиокот на булеварот „Јане Сандански“. Жители од зградата во паника и страв ги напуштаа своите домови, а командирот на Противпожарната единица, Владимир Симоновски, за НоваТв, истакна дека нема потреба од вознемиреност, дека возилото е изгасено и нема никаква опасност по зградата.

Read More

Иако според Стратегијата за реформи во правосудниот сектор, но и во други документи, се посочува дека бројот на судии е поголем од еворпскиот просек, доколку се мери според бројот на населението, сепак нашите судии, статистички, имаат поголем број предмети за решавање. Секое намалување на нивната бројност штетно ќе се одрази врз функционирањето на судскиот систем. Ова беше еден од заклучоците од денешниот дијалог за политики „Имплементација на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017–2022 година – До каде сме и што понатаму?“ организиран од Институтот за европска политика – ЕПИ. На настанот се истакна дека целта со реформата на правосудниот…

Read More