Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Владата попладнево на седница донесе одлука за прогласување тридневна жалост во Република Северна Македонија поради автобуската несреќа во Бугарија во која загинаа 46 лица, потврдија за МИА од владината прес-служба. Државните знамиња пред Владата се спуштени на половина копје.
„Автобусот е во таква состојба што не може да се утврдат податоци од техничкиот уред кој го снима движењето на автобусот – тахографот. Се е изгорено“, изјави за Бугарското национално радио извршниот директор на Агенција „Авто-администрација“ Бојко Рановски, прашан за автобусот на автопатот Струма во кој загинаа 45 лица. Тој посочи дека според информациите од Државниот автомобилски инспекторат од граничниот премин Капитан Андреево, во близина на местото на несреќата не се регистрирани прекршувања на сообраќајните правила. Рановски рече дека според камерите од граничните пунктови и од Агенцијата за патишта, истражните органи можат да извлечат информации кои се неопходни за утврдување…
Превозникот Беса Транс БТБ од Скопје, ул. 1 бр. 1, Рашче, Скопје чиј автобус имаше сообраќајна несреќа во Бугарија во која 45 лица загинаа, а седум се повредени имаше лиценца за вршење меѓународен слободен превоз на патници со важност од 08.08.2018 година до 08.08.2022 година, информира Министерството за транспорт и врски. -Изразуваме најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите патници во несреќата во Република Бугарија, во која животот го загубија државјани на Република Северна Македонија, и им посакуваме брзо опоравување на повредените патници, велат од Министерството за транспорт и врски и додаваат дека очекуваат истрагата да ги покаже причините поради кои…
Станува збор за голема трагедија, особено кога се загинати 12 деца, кажа главниот јавен обвинител Љубомир Јовески од местото на сообраќајната несреќа. Тој изрази сочувство до семејството на загинатите патници. – Јас сум задоволен од досегашната соработка со Обвинителството во Бугарија. Долги години имаме професионална соработка и верувам дека професионално ќе ги разјаснат сите околности во овој настан. Ние ќе дадеме помош во делот на обезбедување документација, идентификување на настраданите и се она што е потребно во истражувањето, кажа Јовески. Одговарајќи на новинарските прашања, бугарските обвинители истакнаа дека работат на сите верзии, а во моментов се земаат изјави од сведоци…
Бугарскиот патријарх Неофит упати сочувство за трагичниот инцидент на автопатот Струма, соопшти Одделот за односи со јавноста на Светиот синод на Бугарската православна црква – Бугарска патријаршија. „Браќа и сестри, денеска во раните утрински часови ја примивме веста за трагичната несреќа со автобус на автопатот Струма, во која патуваа 53 лица – државјани на Република Северна Македонија. Нашите браќа и сестри, меѓу кои и деца, загинаа, а седуммина беа повредени. Инцидентот однесе многу животи, а семејствата се обземени во неутешна тага“, рече патријархот Неофит. Патријархот додава дека „во овие тешки моменти се сеќаваме на вистината за краткотрајноста на човечкиот живот,…
Пред македонската Амбасада во Софија граѓани положија цвеќе во знак на сочувство за загинатите граѓани во трагичната автобуска несреќа што се случи синоќа во Бугарија, во којашто загинаа најмалку 45 лица, јави дописникот на МИА од Софија. Младите девојки, коишто го положија цвеќето, не сакаа да ги кажат своите имиња, само рекоа дека тоа го прават заради сочувство бидејќи знаат колкава е тагата на семејствата на загинатите во несреќата.
Министерството за надворешни работи формираше кризен штаб во врска со автобуската несреќа што се случи во Бугарија во којашто загинаа најмалку 45 лица. – Имајќи ја во предвид тешката несреќа што се случи синоќа во Република Бугарија, во која многу наши државјани ги изгубија своите животи, министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија информира дека во министерството веќе функционира кризен штаб во врска со несреќата, наведува МНР. Министерството исто така информира дека негови двајца наши вработени се упатени на испомош во Амбасадата на Северна Македонија во Софија со цел да помогнат околу сите процедури поврзани со трагичниот настан. –…
Без напојување со електрична енергија утре ќе останат делови од општините Сарај, Кисела Вода и Карпош. Како што соопшти ЦУК по известување добиено од ЕВН Македонија АД, без струја во периодот од 11 до 14 часот ќе бидат корисниците од дел од с. Сарај, ул. 4, ул. 5 и ул. 6, во периодот од 9 до 11 часот, корисниците на дел од с. Љубин во општина Сарај, како и дел од корисниците од ресторан „Везилка“ на бул.„Борис Трајковски“ бр. 176, 184, 186, ресторан „Дениција“ на бул.„Борис Трајковски“ 15 бр. 1, 3, 5, 7 во општина Кисела Вода. Во периодот од…
Во следните денови ќе се задржи претежно облачно време. Под влијание на влажен бран од петок ќе има повремени врнежи од дожд, особено во западните делови, каде на повисоките планини врнежите повремено ќе преминуваат во снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Од четврток ќе дува умерен дозасилен ветер од јужен правец, што за време на викендот ќе услови нешто повисоки дневни температури, информираат од УХМР.
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска ќе се сретне со директорот на бугарската Национална истражна служба Борислав Сарафов на местото на автобуската несреќа на автопатот Струма, во Бугарија. Средбата со Јовески, во изјава за БТА ја потврдил директорот на бугарската Националната истражна служба Сарафов. Двајцата ќе се сретнат на местото на несреќата на автопатот Струма, каде што ноќеска излета и се запали туристички автобус со македонски таблици. Во несреќата загинаа најмалку 45 лица.
Бугарија и Република Северна Македонија се заедно во тагата за жртвите од тешката сообраќајна несреќа на автопатот Струма, во која животот го загубија десетици граѓани на нашиот југозападен сосед, а други беа повредени. Ова беше ставот на бугарскиот претседател Румен Радев, по средбата со премиерот Зоран Заев, пренесуваат бугарските медиуми. Радев му изразил сочувство на Зоран Заев за жртвите во сообраќајната несреќа, а премиерот на Република Северна Македонија му изразил сочувство на шефот на бугарската држава за пожарот вчера во домот за стари лица во селото Ројак, во кој загинаа девет лица.
Американската амбасадорка во земјава Кејт Мери Брнз изрази сочувство за загинатите во автобуската несреќа што се случи доцна синоќа во Бугарија. – Од име на Американската амбасада, сакам да изразам најдлабоко сочувство на семејствата кои ги загубија своите најмили, и нашата поддршка за повредените, како и за оние на кои срцата им се скршија кога слушнаа за оваа трагична сообраќајна несреќа. Нашите мисли се со Вас во овие тешки времиња, напиша амбасадорката Брнз на Твитер. Во исто време, и Амбасадата на САД во Софија изрази сочувство до семејствата на загинатите. – Ние во Амбасадата на САД со тага ја примивме…