Бугарија и Република Северна Македонија се заедно во тагата за жртвите од тешката сообраќајна несреќа на автопатот Струма, во која животот го загубија десетици граѓани на нашиот југозападен сосед, а други беа повредени. Ова беше ставот на бугарскиот претседател Румен Радев, по средбата со премиерот Зоран Заев, пренесуваат бугарските медиуми.

Радев му изразил сочувство на Зоран Заев за жртвите во сообраќајната несреќа, а премиерот на Република Северна Македонија му изразил сочувство на шефот на бугарската држава за пожарот вчера во домот за стари лица во селото Ројак, во кој загинаа девет лица.