Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 685.775 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 10.688 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14.554 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.193.218 дози вакцини, а ревакцинирани се 507.443 граѓани. Со последните бројки 70% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 68% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 65% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина…
На милиони Авганистанци им се заканува глад поради комбинацијата од конфликтот, сушата и пандемијата на коронавирусот, изјави вчера шефот на Светската програма за храна (ВФП), повикувајќи ги политичките лидери на итно дејствување. -Пристигнува бурата на сите бури поради неколкугодишната суша, конфликти, економски колапс, дополнително влошени од ковидот, рече Дејвид Бисли во Доха, пренесен од британските медиуми. „Бројката на луѓе изложени на ризик од глад сега се зголеми на 14 милиони“, додаде тој. ВФП предупреди дека Авганистан е во опасност од хуманитарна катастрофа доколку оваа агенција на Обединетите нации до септември не успее да собере 200 милиони долари. Авганистан се соочува…
Додека талибанците назначуваат свои функционери и министри, светските сили се обидуваат да евакуираат што повеќе луѓе од Авганистан. Покрај странските државјани, од кои досега многумина ја напуштија земјата, многу Авганистанци стравуваат од повторување на бруталното толкување на шеријатскиот закон што талибанците го воведоа кога првпат ја преземаа власта во 1996-2001 година и од одмазда за соработување со САД во изминатите две децении. Во исто време портпаролот на талибанците ги предупреди САД да престанат со евакуација на квалификувани Авганистанци, и истакна дека нема да биде продолжен рокот за напуштање на земјата на 31 август. Поради ситуацијата со евакуацијата од Авганистан и однесувањето на…
Русија соопшти дека ја зајакнала својата воена база во Таџикистан со противтенковски системи, а претседателот Владимир Путин предупреди дека „хаосот“ предизвикан од Западот со повлекувањето од Авганистан ја загрозува соседната земја. Базата доби неколку противтенковски системи „Корнет“, соопшти руската војска. Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу пред околу еден месец најави проширување на најголемата руска база во странство, а руските вооружени сили неодамна учествуваа во заедничка воена вежба со Таџикистан и армиите на другите земји од Централна Азија. По објавата за зајакнување на базата, Путин го обвини Западот дека зад себе оставил хаос со повлекувањето од Авганистан и довел други…
Времето ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град. Во западните делови ќе дува засилен ветер од западен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 36 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 29 степени. Во четврток претежно во планинските подрачја ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.…
Секојдневно е во пораст бројот на починати како последица од коронавирусот – во изминатото деноноќие беа евидентирани 32, од кои најмладиот на 32 години од Делчево. Владата вчера на седница ги дополни важечките антиковид-мерки. Донесена е одлука нашите граѓани кои по 1 септември ќе влегуаат во државата да поминат седум дена во карантин доколку немаат една од трите медицински потврди – негативен ПЦР-тест или серификатите за вакцинација односно за прележан КОВИД-19. Утре ќе биде една и пол година од првиот дијагностициран во земјава (26 февруари 2020) и почетокот на епидемијата – бројот на заразени оттогаш достигна 170 412, оздравени се…
Државната изборна комисија интензивно се подготвува за локалните избори. Двесте терминали за вчитување на отпечатоци од прсти денеска ќе бидат испратени од компанијата „Дермалог“ од Германија во Скопје, а откако ќе поминат сите царински формалности, најверојатно, во понеделник апаратите ќе бидат во канцелариите на Државната изборна комисија (ДИК), каде треба да биде извршено нивно примопредавање, изјави вчера за МИА претседателот на ДИК Александар Даштевски. Откако терминалите ќе пристигнат во земјата, инжинери пратени од „Дермалог“ ќе извршат обука за ракување со нив, а потоа таа обука ќе биде вметната и во планот за едукација на ДИК. Даштевски е дециден дека се…
Петар Георгиевски – Камиказа, познатиот басист на групата Меморија на својот фејсбук профил објави статус со кој најави дека би настапил на претстојните локални избори како независен кандидат за градоначалник на Град Скопје, поддржан од партијата Левица. -Обично не се откажувам така лесно, и направив едно мало истражување, да видам каде можам да најдам начин, да ме запознаат поголем дел од триесет годишњаците кои го познаваат Петре Шилегов повеќе од мене?! Испадна дека единствена политичка партија чие гласачко тело ги има токму овие гласачи, е ЛЕВИЦА. Со нивна поддршка како независен кандидат, шансите драматично се зголемуваат да се анулира разликата…
Извршниот одбор на СДСМ доцна синоќа утврди уште неколку нови кандидати за градоначалници, кои, како што се наведува во партиското соопштение, ќе бидат објавени во текот на денешниот ден. – Сите утврдени кандидати се дел од најдобрата понуда на СДСМ за локалните избори. Како што веќе најави, СДСМ во фази ја објавува победничка понуда со која излегува пред граѓаните како фаворит на локалните избори, се вели во кусото соопштение издадено по седницата на Извршниот одбор на владејачката партија.
Обезбедувањето безбедно засолниште за оние што бегаат од смртта на талибанците е задача за нас, што ги надминува сите други, вели албанскиот премиер Еди Рама, во интервју за италијанските медиуми, потсетувајќи при тоа на егзодусот на Албанците. – Пред 30 години бевме Авганистанци кои бараа гостопримство од другата страна на морето. Ние, во тоа време изгледавме како туѓинци за италијанскиот народ и европското јавно мислење, како што денес изгледаат Авганистанците. Од друга страна, имаме традиција која треба да ја почитуваме. Албанија е единствената европска земја која беше домаќин на Евреите пред и по завршувањето на Втората светска војна. Тоа е…
Средствата што ММФ и ги додели на земјава како буџетска поддршка значи дека тие имаат доверба во политиките на Владата и во фискалната рамка, оценува министерот за финансии Фатмир Бесими. Тој во изјава за телевизија „Сител“, вели дека средствата што ММФ и ги додели на земјава веќе се планирани за спроведување на мерките за справување со пандемијата и за поддршка на стопанството со цел ублажување на ефектите од пандемијата. – ММФ и додели на РС Македонија 134,47 милиони специјални права на влечење или околу 162 милиони евра за буџетска поддршка. Средствата се веќе планирани во Буџетот за 2021 година за спроведување…
Нашата идеја не е да казнуваме, туку да го минимизираме ризикот за злоупотреба на личните податоци, вели за НоваТв заменикот директор на Агенцијата за заштита на лични податоци, Игор Кузевски, откако денеска започнаа да се применуваат новите измени на Законот за лични податоци. Тие предизвикаа голем број нејасностии кај самите компании, кои пак стравуваат и од казните, што во зависност од категоријата на фирмата може да се движат од 2% до 4% од годишниот приход. Сепак, властите смируваат – наредниов период нема да се казнува за непримена на измените, туку ќе се надминуваат нејасностиите и ќе се вршат корекции. Дел…