Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од локалниот супермаркет па сè до МВР – сите да назначат офицери за заштита на лични податоци

0
By НОВА ТВ on August 24, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 24, 2021 14:59

Нашата идеја не е да казнуваме, туку да го минимизираме ризикот за злоупотреба на личните податоци, вели за НоваТв заменикот директор на Агенцијата за заштита на лични податоци, Игор Кузевски, откако денеска започнаа да се применуваат новите измени на Законот за лични податоци. Тие предизвикаа голем број нејасностии кај самите компании, кои пак стравуваат и од казните, што во зависност од категоријата на фирмата може да се движат од 2% до 4% од годишниот приход. Сепак, властите смируваат – наредниов период нема да се казнува за непримена на измените, туку ќе се надминуваат нејасностиите и ќе се вршат корекции.

Дел од фирмите се жалат дека досега не биле детално информирани какво лице да биде назначено за „офицер за заштита на лични податоци“, како да се пополнат неопходните обрасци, ниту пак какви ќе се неговите задолженија. За нив е проблематична и ставката дека ова лице, со функција на офицер, треба да поседува и знаење од областа на личните податоци.

Кузевски од АЗЛП, вели дека над пет илјади компании досега имаат назначено офицер што треба да е надлежен за управувањето со системот на лични податоци во компаниите, што било обврска и од законското решение кое датира од 2010 година.

-Очекуваме овие пет илјади компании само да ги потврдат досегашните лица назначени за офицери, а за сите оние на кои се уште не им е јасно како да постапат во моментов, потсетуваме дека како Агенција стоиме на располагање во секој момент. Само за време на пандемијата имавме 15 обуки, од кои седум беа со физичко присуство, каде интерес покажаа 237 учесници. Ова темпо се зголеми годинава, кога имавме 20 обуки за претставници од 161 компанија, односно вкупно 490 учесници, дополнува Кузевски.

Тој додава дека наскоро Агенцијата ќе отвори и електронска пошта токму за оваа намена, каде сите компании ќе можат да прашаат што конкретно ги „мачи“ во процесот.

Во меѓувреме, од Министерството за правда, по средбата со стопанствениците, уверуваат дека нема веднаш да се тргне со казнена политика, туку дека наредните шест месеци ќе бидат искористени за едукација и корективни мерки.

-Ова се прави со цел на компаниите да им се помогне целосно да ги спроведат новите правила. Дополнително, ако супервизорот утврди прекршување на законот, ќе се даде определен рок во кој субјектот треба да ги отстрани неправилностите, соопштија од ресорното Министерство, кое всушност е и предлагач на измените, со цел домашното законодавство да биде во согласност со она на Европската унија.

Од Агенцијата за заштита на личните податоци, чии супервизори ќе ја вршат контролата за примената на новите измени, откриваат дека вршат редовна, вонредна и контролна супервизија.

-Со редовната супервизија само ќе се генерира податокот дали фирмата го применила членот 35 од Законот или пак не. Доколку не, супервизорот може да даде рок и до шест месеци оваа грешка да биде надмината, по што ќе следува контролната супервизија. Наша цел не е да казнуваме, туку да ја гарантираме сигурноста на податокот, и тоа не само во приватниот сектор, туку и во јавниот. На пример, мора да сме сигурни како МВР управува со нашите отпечатоци од прст кои се задолжителни при вадење на патна исправа, вели заменикот директор Кузевски.

Сепак, од Министерството за правда соопштија и дека по барање на засегнатите страни, во идниот приод ќе се направат и компаративни анализи за висината на казните за прекршоците кои произлегуваат од новиот закон, а доколку се утврди реална потреба за нивно менување, повторно ќе се отвори дијалог.

Л.А.

Игор Кузевски лични податоци Министерство за правда
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.