Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
КОВИД пандемијата наложи промени во сите сегменти од живеењето и неопходност од брзо прилагодување. Новата реалност во туризмот значи промена на таргетите и фокусот на пазари кон кои ќе се цели. Активниот туризам доаѓа во преден план, заедно со интересот за посета на еко-дестинации и престој во мали сместувачки капацитети. Профилот на турист кој ја посетувал нашата држава нема да е веќе истиот, туку ќе биде личност која бара безбедна дестинација, авантурист кој преферира патување во мали групи и користи напредна технологија, вели директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ). Пред приватниот сектор на која беа претставени…
Бугарскиот претседател Румен Радев му го врачи мандатот за состав на бугарска влада на Даниел Митов од ГЕРБ, партијата која е втора по големина според претставниците во националното собрание. Но како што беше и претходно најавено, Митов веднаш му го врати мандатот на Радев. – За жал, не гледаме можност тој да се реализира. Нашиот став е дека вториот мандат не е реализиран и да продолжиме со уставната процедура. Радев одговори дека се заблагодарува за олеснувањето, јави БГНЕС. Во Бугарија сега имаа техничка влада што ја формираше Радев по изборите во април годинава, кога ниту една партија не успеа да…
Американската сојузна држава Калифорнија веќе го надмина количеството на изгорено земјиште во споредба со минатата година – досега изгореа повеќе од 400.000 хектари, што постави негативен рекорд, а сега американскиот запад влегува во период кога силните ветрови предизвикуваат смртоносни пожари. Повеќе од десетина големи пожари горат во калифорниската трева, грмушки и шуми, кои се екстремно суви поради двегодишната суша, за што веројатно придонесоа климатските промени. Пожарите, кои се случија главно во северниот дел на таа американска држава, изгореа 400.000 хектари земја или 5.180 квадратни километри. Пожарот Дикси, најсилниот од сите што моментално гори и вториот најсилен во историјата на Калифорнија,…
Ставот дека Грција нема да толерира никаква инструментализација на ситуацијата во Авганистан и нема да дозволи да се повтори 2015 година во мигрантското прашање, го истакна портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина. За состојбата во Авганистан и евентуаланите нови мигрантски бранови во Грција, рече дека Владата, нејзините активности ќе ги усогласи со Европската унија од која побарале формирање заеднички став и да постои заеднчко справување со ситуацијата и со евенуалната хуминатрна криза што би произлегла. -Исто така, побаравме јасно да им биде ставено на знаење и на трети…
Државната изборна комисија (ДИК) ќе направи се за да се изнајдат законски решенија за граѓаните со неважечки лични карти кои не се во можност да добијат нови поради блокираниот закон да можат да гласаат. Претседателот на ДИК Александар Даштевски по денешната седница на Комисијата посочи дека доколку граѓаните имаат важечки пасош ќе можат да гласаат, но исто така дека сепак се преземаат дополнителни активности за изнаоѓање други законски решенија. -Ние ќе направиме се за да изнајдеме законско решение, бидејќи знаете дека се употребуваат и личната карта и пасошот, така што граѓаните имаат или едно или друго. Ќе гледаме во таа…
На граничниот премин Табановце за излез од државата попладнево се чека околу два часа. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од земјава. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница –…
Поради намалениот број на пожари и врнежите од пред неколку дена кои ја подобрија состојбата, од денеска ЈП „Македонски шуми“ ја ублажува мерката за забрана за движење во шуми – само со однапред добиена дозвола, изјави на денешната прес-конференција директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов Правните и физички лица кои имаат потреба да се движат во природа, од денеска со однапред добиена дозвола ќе може да го направат тоа. – Ова се однесува и на планинарите и на параглајдеристите, кои што ги користат планините за своите активности, посочи Ангелов. Во моментот активни се четири пожари – над…
Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими командантот на Националната Гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт. На средбата се разговараше за досегашната успешна и плодна соработка меѓу Армијата на Република Северна Македонија и Националната гарда на Вермонт, преку заедничкото учество во мировни мисии, реализацијата на заеднички вежби, едукација и обука на припадниците на двете армии. Соговорниците констатираа дека членството на Северна Македонија во НАТО дава дополнителен придонес кон напредокот, развојот и стабилноста на Балканот. Претседателот Пендаровски се заблагодари за целокупната американска помош, како и за поддршката во областа на одбраната, која е основа за проширување на соработката и во други области…
Во употреба денеска беше пуштена новоизградената спортска сала за општинското основно училиште „Александар Здравковски“ во селото Јегуновце во истоимената тетовската општина. -На површина од 650 метри квадратни, спортската сала се состои од терен за повеќе спортови, две канцеларии за наставници, две соблекувални за машки и женски ученици и е комплетно опремена со спортска опрема и реквизити за играње и изведба на повеќе спортови и спортски активности како кошарка, гимнастика, одбојка и други спортови. Има дел и опрема за здравствено образование и следење на физичкото здравје на учениците што е од исклучителна важност за комплетниот развој на децата, За нас како Влада…
Министерството за надворешни работи информира дека успешно е завршен процесот на евакуација од Авганистан и на последните државјаните на Република Северна Македонија, а кои поради ангажманот при НАТО базата во Кабул беа последни во распоредот за евакуација. Според последните информации кои утрово се пристигнати од нашата дипломатска мрежа, најголемиот дел, или 39 наши граѓани се наоѓаат во Свиндон, Велика Британија, од каде по неколкудневниот карантин, согласно епидемиолошките правила на земјата, ќе бидат упатени за дома; во Осло, Норвешка се наоѓаат седум наши граѓани, кои исто така согласно епидемиолошките мерки на земјата домаќин се наоѓаат во неколкудневен карантин, по што наскоро…
Сојузот на стопански комори (ССК) смета дека со новите мерки за заштита од ширење на КОВИД кои вчера стапија во сила, се предизвикуваат дополнителни проблеми поради нивната селективност и неспроведливост во пракса. Како што вели Александра Андреева, член на Управен одбор на ССК, се остава простор за произволно толкување на одлуките. -Владата треба да појасни дали мерките важат и за влез на лицата вработени во угостителските објекти, моловите и сите други објекти кои се опфатени со забраната доколку не поседуваат сертификат за вакцинација или потврда за поминати 45 дена од прележан КОВИД. Во овој момент во пракса се случува при…
Министерството за здравство ја информира јавноста за препораките на Националниот комитет за имунизација: Стручните препораки во однос на имунизација против КОВИД 19 се дефинираат водејќи се од потврдени и прифатени податоци и докази кои потекнуваат од здравствените организации одговорни за следење на инфективните болести како Европскиот и Американскиот Центар за инфективни заболувања (CDC и ECDC), од регураторните медициски агенции ЕМА и ФДА и од СЗО. Препораките од сите овиe организации е дека за комплетна имунизација против КОВИД 19 потребно е добивање на две дози (со исклучок на вакцината на Ј&J која се прима само во една доза) во дефиниран интервал, 14 дена по…