Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пуштена во употреба спортска сала за oсновното училиште во тетовско Јегуновце

0
By НОВА ТВ on August 19, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 19, 2021 12:52

Во употреба денеска беше пуштена новоизградената спортска сала за општинското основно училиште „Александар Здравковски“ во селото Јегуновце во истоимената тетовската општина. 

-На површина од 650 метри квадратни, спортската сала се состои од терен за повеќе спортови, две канцеларии за наставници, две соблекувални за машки и женски ученици и е комплетно опремена со спортска опрема и реквизити за играње и изведба на повеќе спортови и спортски активности како кошарка, гимнастика, одбојка и други спортови. Има дел и опрема за здравствено образование и следење на физичкото здравје на учениците што е од исклучителна важност за комплетниот развој на децата, За нас како Влада вложувањето во спортските објекти особено во училиштата е исклучително важен фактор за развојот на прогресивно и инклузивно општество како што е нашето.  Во ова училиште, во кое учат околу 220 ученици до деветто одделение ги создадовме сите потребни услови за современа образована и спортска средина со што се јакне квалитетот на живот на младите генериации, истакна премиерот Заев.

Министерката Царовска истакна дека Владата е насочена кон развојот на целокупното образование.

-Оваа спортска сала директно ќе влијае на подобрување на условите за учење и спортување, но и за условите за практикување на спорт што директно го подобрува здравјето на учениците. Псоветени сме во унапредување на образованието и тоа значи подобрување на три столбови. Прво, инвестирање во подобри програми, за кои јавно дебатираме, а кои од 1 септември треба да почнат со имплементација. Втората работа се квалитетни наставници на кои им се нуди дневна поддршка. Трета работа е инфраструктурата-ако условите се добри и мотивацијата е поголема кај наставниците и учениците. Ако со години се инвестираше во стиропор оваа Влада директно инвестира во училиштата, рече Царовска.

Градоначалникот Блажески истакна дека финализирањето на овој голем капитален проект е од особена важност за граѓаните на Општина Јегуновце.

-Сонот за повеќенаменска сала е веќе реалност. По повеќе децении добиваме објект за спорт и рекреација, првенство за ученици, но и за користење за жителите на општината.  Пуштањето во употреба е на заедничка радост, со моја заложба и помош на Владата, МОН успеавме да изградиме современа спортска сала. Пред четири години ветив спортска сала и тоа ветување е исполнето. Повеќенаменски објект е, уреден со реквизити, спортска инфраструктура според најсовремените стандарди за спорт, изјави Блажески.

За изградбата на оваа спортска сала се искористени 23 милиони денари во рамки на проектот за изградба на 145 спортски сали. Од нив 30 се во средни и 60 во основните училишта веќе изградени, а седум во се во изградба.

 

Јегуновце Мила Царовска Спортска сала училиште
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.