Author: НОВА ТВ

Министерството за здравство информира дека заклучно со 5 август, од 416.614 лица вакцинирани со две дози на вакцина против Ковид 19, 167 лица се заразиле 14 дена по примена втора доза вакцина, а само 11 од нив биле хоспитализирани. -Ова е показател дека бројот на заразени од вакцинирани е многу мал, што потврдува дека вакцината е корисна, односно е единствениот начин да се смени сликата зa пандемијата. Според последната анализа во период од 1 до 31 јули, регистрирани се вкупно 809 случаи на позитивни од тестирани за Ковид 19, од нив 82 лица се заразиле по поминати повеќе од 14…

Read More

Бугарскиот ретседател Румен Радев одржа работен состанок посветен на состојбата со пандемијата на коронавирусот во земјата со техничкиот премиер на Бугарија, Стефан Јанев, но се покрена и прашањето за состојбата со пожарите, пренесуваат бугарските медиуми. Радев индиректно му одговори на претседателот на „Има таков народ“, Слави Трифонов дека не е правилно да се прекорува одлуката да се испратат пожарникари во борбата против пожарите во Северна Македонија. -Најголемата закана доаѓа од пожарите на територијата на Северна Македонија, каде фронтот се приближува на четири километри од нашата граница. Благодарност до сите пожарникари, војска, полицајци, шумски службеници за нивната несебична борба. Благодарност до…

Read More

Apple планира да лансира нови функции на своите уреди, преку кои ќе ги скенираат фотографиите и пораките на корисниците, со цел да трагаат по педофили, детска порнографија и злоупотреби поврзани со малолетници. Компанијата вели дека функцијата што ќе се воведе нема да ја наруши приватноста на корисниците. Сепак, ваквата најава предизвика загриженост кај поборниците за заштита на приватноста, кои потсетуваат на изјавите што пристигнувале од Apple дека приватноста е човеково право. Компанијата воведува три нови мерки, преку кои ќе се „скенираат“ пораките и фотографиите, а една од измените ќе се однесува и на прашањата што и се поставуваат на Siri.…

Read More

„Вчерашниот ден беше исклучително тежок ден за екипите на Противпожарната бригада на Скопје, кои имаа 22 интервенции на територијата на Скопје. Најголем дел од интервенциите беа за запалена трева, а поголем пожар се случи во фабриката ОХИС“, информираат од Град Скопје, од каде додаваат дека сите пожари се изгаснати, а на локациите се интервенираше со повеќе возила и пожарникари. Во моментов на територијата на Скопје нема посериозни пожари. -За жал, треба да се напомене дека во време кога низ целата земја се соочуваме со голем број на пожари, кои нанесуваат голема материјална штета, како и непроценлива штета на флората и…

Read More

Во неколку случаи е утврдено дека пожари се настанати поради искрење помеѓу жици на бандери или далекуводи, пради што во тек е изработка на барање до ЕВН за да ги проверат нивните системи за дистрибуција на електрична енергија, информира денеска на прес-конференција директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов. Тој напомена дека овие искрите паѓаат на земја, а доволно е само една од нив за да предизвика пожар, посочувајќи дека вчера во кумановскиот регион имало и сведоци кои виделе искрење на жиците. – Во текот на вчерашниот ден јас бев на местото на неколку пожари. Во кумановскиот регион…

Read More

Град Скопје објави повик за ангажирање асистенти за потребите на учениците со посебни образовни потреби во средните училишта на Град Скопје за учебната 2021/2022 година. Од 4 до 13 август 2021 година, од 8 до 14 часот, сите евидентирани невработени лица што се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа во рамките на проектот „Поддршка на инклузијата во образовниот процес-унапредување на правата и можностите за ранливите категории на граѓани во Град Скопје“ може да се пријават во Агенција за вработување – Центар за вработување на Град Скопје. Лицата што ќе бидат избрани ќе бидат ангажирани 20 часа неделно за…

Read More

Амбасадата на САД во Тирана реагираше по изјавата на поранешниот премиер Сали Бериша дека поднесол тужба против американскиот државен секретар, Ентони Блинкен. Блинкен на почетокот на оваа година објави дека САД им забраниле на Бериша и неговото семејство влез во земјата, наведувајќи го фактот дека официјално ги сметаат поранешниот албански премиер и неговото семејство за корумпирани.  „Помеѓу извршната наредба на претседателот Џо Бајден, објавата на секретарот Ентони Блинкен, изјавите на амбасадорката Јури Ким за медиумите минатата и нејзиниот едиторијал оваа недела, позицијата на САД е јасна и непроменета: Борбата против корупцијата е основен интерес за националната безбедност на САД и…

Read More

Активни и со јак интензитет се пожарите во повеќето региони во државата. Во штипскиот регион пожарот зафатил и три куќи, а затворен за сообраќај беше и патниот правец Делчево – Пехчево. Во Делчево поради сериозната состојба се апелира и за рационално користење на водата. Интервенираат пожарникарите, припадниците на Армијата, а пристигната е и специјална екипа од Словенија со 17 возила и 45 луѓе. Согласно состојба со пожарите до 8 часот, во штипски регион уште е активен пожарот во атарот на селото Нов Истевник, маало Пасјак, и е во дијаметар од 15 км. До овој момент опожарена се околу 800 ха…

Read More

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје вчера околу 8:00 часот на подрачјето на Чаир го лишиле од слобода Ј.А.(27) од Скопје, поради сомнение дека извршил кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по член 396 од Кривичниот законик. Како што информира МВР, по претходно преземени мерки утврдено е дека Ј.А. пукал со огнено оружје на семејна веселба, при што со наредба од судија на претходна постапка е извршен претрес во неговиот дом каде е пронајдена муниција која тој бесправно ја поседувал. Ј.А. е изведен пред судија на…

Read More

По локализирањето на пожарот кај малото Пасјак во делчевското село Нов Истевник продолжува коодинацијата за гасење на пожарот кај село Трботивиште. На терен се забележливи пожарникари, припадници на Армијата, од Македонски шуми, доброволци, кои ќе се упатат кон моменталното жариште – месноста Свети води кон планината Средна. Сега, како што велат треба да се делува кај Желевица, што е повисока месност и е потребен ангажман на повеќе воздухоплови. Меѓу учесниците во гасењето е и волонтерот Нелсон од Португалија кој четврти ден е ангажиран во активности кај селото Стари Церник. Тој истакна дека биле посветени да спречат ширење на пожарот кон…

Read More

Утрово во земјава пристигнаа 20.000 вакцини на „Астра Зенека“, донација од Република Хрватска. Вакцините веќе од следната недела ќе бидат дистрибуирани по вакциналните пунктови низ земјата. Ова е втора донација на вакцини „Астра Зенека“, од страна на хрватската Влада. На почетокот од месец јули донација од 10.000 вакцини, донесе министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман. -Солидарноста и подадената пријателска рака во време на пандемијата е чин што целиот процес на борба против корона вирусот го прави поуспешен. Министерот за здравство д-р Венко Филипче изразува голема благодарност до хрватската Влада за овој чин на солидарност,…

Read More

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 528.117 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.993 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 10.179 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 944.731 дози вакцини, а ревакцинирани се 416.614 граѓани. Со последните бројки 65% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 62% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 58% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина…

Read More