Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 3.658 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 15, Тетово – 8, Куманово – 4, Гостивар – 3, Кичево – 2, Битола, Струмица, Кочани, Радовиш и Дебар – по 1. Регистрирани сe 23 оздравени пациенти од: Тетово – 10, Скопје – 4, Куманово – 3, Кичево – 2, Гостивар, Штип, Струмица и Кочани – по 1. Не се пријавени починати лица. Направени се 3.658 тестови преку: ИЈЗ-40, ЦЈЗ Скопје-0, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-39, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово–15, Клиника за…
Наставничкиот пленум со писма до министерката Мила Царовска и до синдикатите СОНК и НСОН, соопшти дека бара зголемување на платите на наставниците во основното и во средното образование и дека планира бојкот на наставата од почетокот на новата учебна година ако тоа не биде обезбедено. Незадоволни од висината на основната плата на наставниците, од Царовска бараат максимално да се заложи во Владата и да им излезат во пресрет на сите вработени во образованието со тоа што ќе биде обезбедено покачување на платите во новата учебна 2021/2022 година. – На ова барање се повикуваме како резултат на растот на цените на…
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ги посети припадниците на Армијата, кои на Кокино беа ангажирани во справувањето со пожарот и упати благодарност до нив, до сите припадници на Дирекцијата за заштита и спасување, како и доброволците луѓето од општина Куманово. Таа порача дека само заедно можеме да се справиме со ова, како што рече, сериозно загрозување и на животот и на здравјето на нашите граѓани и на убавата природа. Министерката Шекеринска најави дека со одлуката на Претседателот на државата и врховен командант повеќе од 1000 припадници на Армијата се подготвени да се вклучат таму каде што треба. Потсети дека…
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,36 %, образложувајќи ја со порасот на референтните цени на светските берзи. Па така, од утре малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 денар/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 3,50 денар/литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 денар/литар, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,101 денар/килограм и сега ќе изнесува 37,981 ден/кг. Од 4.8.2021 година од…
„Во девет часот одржавме состанок на Групата на процена и по опсежна расправа едногласно одлучивме дека нема потреба за прогласување кризна состојба, но телото ќе биде во постојано заседание доколку има потреба да се прогласи кризна состојба на дел од територијата“, информира директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, додавајќи дека состанокот се одржал после издадената наредба на претседателот Стево Пендаровски за мобилизација на армијата. Тој кажа дека добро и согласно законот функционираат и меѓународните канали за помош, без да има потреба да се прогласи кризна состојба. -Одредени центри на моќ пренесуваа дезинформации дека пожарот од пред пет…
Пожарот во атарот на кочанските планински села Костин Дол и Ново Село сè уште не изгаснат, но веќе се става под контрола со поддршка од армиските хеликоптери. Огнената стихија зафати површина од неколку десетици хектари со дабова и букова шума и нискостеблеста вегетација, а во гаснењето се ангажирани над стотина лица. -Во локализирањето на огнот се вклучени 80 армиски припадници и дваесетина пожарникари, како и вработени во Дирекцијата за заштита и спасување и во јавното претпријатие „Национални шуми“, а помага и месно население. Ангажирани се и армиски хеликоптери кои значително помогнаа огнот да се стави под контрола од три страни,…
Вакцинацијата се одвива со добро темпо на територијата на целата држава, оценуваат од Министерството за здравство, од кае информираат дека заклучно со 1 август, со една доза на вакцина против Ковид 19 вакцинирани се 31% од населението над 18 годишна возраст. Кај лицата над 50 годишна возраст опфатот со една доза изнесува 50,6%, кај лицата над 60 годишна возраст опфатот со една доза изнесува 61,2%, додека кај лицата над 70 години изнесува 64,9%. -Според последните податоци, најмногу со прва доза вакцинирани граѓани, по главниот град Скопје – 159.514, има во Битола – 35.067 со примена прва доза и во Тетово…
Вечерва на предлог на Генералштабот на Армијата, а по анализа на состојбите наредив да се прогласи тревога на целокупниот состав на Армијата за справување со елементарни непогоди, сподели претседателот Стево Пендаровски на социјалните мрежи. Ова, како што посочува, е донесено со цел да може во координирана акција со сите институции целокупниот состав на Армијата да се стави на располагање за справување со пожарите на територијата на државата. – Наредбата стапува на сила веднаш, мобилизација на Армијата е во тек, напиша Пендаровски.
По заминувањето од Крушево веднаш дојдов во Ранковце кадешто македонската полиција е на терен и помага во гасењето на пожарите, напиша вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на Фејсбук. Граѓаните, посочува, не се сами, државата е со нив. – Ќе ги искористиме сите расположливи средства и ќе сториме сè што можеме да ја спречиме огнената стихија низ целата држава, пишува Спасовски.
Премиерот Зоран Заев, заедно со министерот Венко Филипче и градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев вечерва од селото Тркање информираа за состојбата со пожарите кај Кочани. -Претседателот Вучиќ рече ќе испрати два, три или четири хеликоптери, а помош најави и бугарскиот претседател Румен Радев. Помошта е потребна не само тука во Кочани, туку и во други региони низ земјава имаме пожари кои поради силниот ветер огнот се шири. Таков е случајот во Македонски Брод и делот меѓу Делчево и Пехчево“, рече премиерот Зоран Заев. Тој додаде дека со него е министерот за здравство Венко Филипче. -Имаме девет луѓе кои вдишеле чад…
Сакам да ја информирам јавноста дека хеликоптерите на армијата немаат техничка можност да летаат во ноќни услови, информира преку фејсбук статус претседателот на државата Стево Пендаровски. Тој додаде дека ова е единствената причина заради која во гаснење на пожарите ќе се вклучат во раните утрински часови. Исто така, претседателот Пендаровски откри дека вечерва телефонски разговарал со својот бугарски колега Румен Радев. -Договорено е во најкус можен рок, Бугарија да испрати противпожарни единици кои ќе помогнат на нашите екипи во гасење на пожарите, пишува Пендаровски на Фејсбук.
Медицинските екипи од Кочани и околните општини се целосно мобилизирани, а исто и тимот од Клиниките во Скопје доколку е потребна интервенција, потврди министерот за здравство Венко Филипче за НоваТВ. -Досега вкупно пет пожарникари побарале медицинска помош, но се без изгореници или посериозни повреди. Примаат кислород, двајца се веќе пуштени дома, а останатите тројца наскоро ќе бидат пуштени исто така. Нема повредени граѓани и искрено верувам дека ќе остане така, информира Филипче. -Будно се следи ситуацијата и институциите и сите екипи се во целосна координација, рече Филипче за НоваТВ.