Сакам да ја информирам јавноста дека хеликоптерите на армијата немаат техничка можност да летаат во ноќни услови, информира преку фејсбук статус претседателот на државата Стево Пендаровски. Тој додаде дека ова е единствената причина заради која во гаснење на пожарите ќе се вклучат во раните утрински часови.

Исто така, претседателот Пендаровски откри дека вечерва телефонски разговарал со својот бугарски колега Румен Радев.

-Договорено е во најкус можен рок, Бугарија да испрати противпожарни единици кои ќе помогнат на нашите екипи во гасење на пожарите, пишува Пендаровски на Фејсбук.