Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Раководството на Формула 1 тимот Астон Мартин планира да поднесе жалба за суспензијата на Себастијан Фетел, кој го загуби второто место на трката на ГН на Унгарија. Астон Мартин ја извести ФИА за намерата да поднесе жалба. По известувањето, тимот има 96 часа за формално да ги потврди своите намери. По завршувањето на вчерашната трка во Будимпешта, техничкиот делегат на ФИА, Џо Бауер, успеа да извлече само 0,3 литри гориво од резервоарот на болидот, додека според прописите, мора да се обезбеди најмалку еден литар бензин за контрола. Според пресметките на надлежните во Астон Мартин, во болидот на Германецот би требало…
Пожар вчера изби и на грчкиот остров Родос, што и покрај сите напори на пожарникарите, огнот е вон контрола. Граѓаните на социјалните мрежи објавија дека поради пожарот немаат електрична енергија и вода, а во делови од Родос нема сигнал за мобилните мрежи. Поради пожарот се евакуирани жителите на неколку села од северозападниот дел на Островот. Од пожари е зафатена речиси цела Грција, од Евија до Родос. Најпогоден е Пелопонез каде има голем шумски пожар, при што се повредени пет лица, а изгореа а десетина куќи. Грција секое лето е зафатена од шумски пожари, но експертите предупредуваат дека глобалното затоплување ја…
Северна Кореја ја предупреди Јужна Кореја да не одржува заедничка воена вежба со САД, неколку дена откако по една година повторно беше воспоставен комуникациски канал помеѓу двете земји. – Таквите вежби се несакан увод, што сериозно ја попткопува желбата на лидерите на северниот и јужниот сосед да преземат чекори кон воспоставување на меѓусебна доверба, изјави денеска Ким Јо-џонг, сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун. Во Јужна Кореја нејзината изјава се протолкува како обид да се изврши притисок врз Сеул да ги откаже годишните летните воени вежби. Пјонгјанг истакнува дека годишната заедничка воена вежба на САД и Јужна Кореја се подготовки…
Германскиот весник „Шпигел“ ги објави денеска финансиските детали од трансферот на австрискиот репрезентативец Давид Алаба од Баерн Минхен во Реал Мадрид. Според весникот, договорот на Алаба е со важност до лето 2026 година, а универзалниот дефанзивец ќе заработува во Кралскиот клуб 19,47 милиони евра по сезона. Откупната клаузула за предвремен раскин на соработката изнесува 850 милиони евра. Алаба, кој ова лето без обесштетување премина во Мадрид по 13 сезони минати во дресот на Баерн Минхен, во моментов не тренира со екипата на Реал и е во самоизолација поради позитивен тест на коронавирус.
Европската Комисија го одобри зголемувањето на буџетот за Мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“. Од предвидените 9,6 милиони евра сега на располагање за реализација на проектот се 13,5 милиони евра. Финансиската поддршка по корисник изнесува од 1500 до еден милион евра, без данок на додадена вредност, а повратот на инвестициите е во висина од 65 проценти од вкупните прифатливи трошоци, информира Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Од Агенцијата додаваат дека средствата се наменети за реализација на проекти во повеќе сектори, како алтернативно земјоделско производство, производство на прехранбени производи и пијалаци, тестенини и пекарски производи, чај и билни екстракти,…
Две езера во крајбрежниот регион Патагонија во Аргентина станаа флуоресцентни розови поради се уште необјасниви причини, за кои локалните екологисти стравуваат дека можат да бидат предизвикани од индустриска контаминација. Езерата, лоцирани во близина на индустриски парк во предградието на аргентинскиот град Трелев, се наоѓаат на рамнина Патагонија. На официјалната страница на Општината Трелеу се наведува дека службениците неодамна наишле на камион кој фрлал отпад во езерата. Аргентинските власти имаат спротивставени мислења дали промената на бојата на езерата е штетна, но еколозите се многу загрижени, бидејќи претпоставуваат дека обоеноста на езерата потекнува од бојата што компанијата во близина ја користи за…
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација, информираат од Министерството за здравство. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 514.021 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.302 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.545 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 904.583 дози вакцини, а ревакцинирани се 390.562 граѓани. Со последните бројки 63% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 61% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 55% од населението над 60 години е вакцинирано…
Министерството за надворешни работи е разочарано од Резолуцијата на Собранието на Република Северна Македонија донесена на 29 јули 2021 година и со жалење забележува дека овој чин доаѓа во време кога билатералниот дијалог меѓу Софија и Скопје, како резултат на постојаните напори, започна да преминува во попозитивна и поперспективна фаза, се наведува во реакцијата на бугарското МНР. Оттаму соопштија дека Бугарија со нетрпение очекува да се објави резолуцијата со цел внимателно да се анализира нејзината содржина во однос на нејзината соодветност со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка потпишан и ратификуван од Собранието, како и потенцијалното влијание на овој документ…
Нема алтернатива за членство во Европската Унија, но ЕУ за жал ја држи Република Северна Македонија речиси 17 години како земја кандидат, без притоа да го овозможи заслужениот следен чекор за нашиот пат кон интеграциите. Во такви околности, тоа го признаваат и 26 земји членки, што јавно и гласно зборуваат за заслуженоста на нашата земја да ја добие првата меѓувладина конференција, истакна премиерот Зоран Заев во одговор на пратенички прашања во Собранието. Заев посочи дека во официјалниот извештај од ЕУ, сто проценти се потврдени процесите што биле обврска на Северна Македонија за добивање датум за почеток на преговорите. – Одлуката е донесена, но…
За прв пат годинава на прославата за Илинден, на Мечкин камен во Крушево, претседателот на државата нема да има свое обраќање. Манифестацијата ќе започне во 18 часот, со настап на Никола Ристановски кој ќе го прочита Крушевскиот Манифест, по што ќе има точка Националниот ансамбал „Танец“, како и ансамблот на албански песни и игри, но и музичарот Влатко Стефановски. Претседателот Стево Пендаровски, како што истакна на брифингот со новинарите, смета дека на народот му е доволно од говори во кои се повикува на единство, а наоколу се случува разединетост. На одбележувањето во Крушево се поканети претставници на сите политички партии…
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 4.582 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 16, Тетово – 15, Куманово – 8, Гостивар – 7, Битола – 6, Кичево – 5, Дебар – 4, Струмица – 3, Прилеп, Штип и Свети Николе – по 2, Охрид, Гевгелија , Радовиш и Берово – по 1. Регистрирани сe 17 оздравени пациенти од: Скопје – 8, Тетово – 5, Куманово – 2, Кичево и Кавадарци – по 1. Регистрирани се две починати лица еден од Скопје и еден од…
Законот за автопати ни дава рамка во која се започнуваат преговорите за да се финализира како ќе изгледа следниот договор за градење на автопатиштата. Тоа ни дава можност да ангажираме соодветни експерти што треба да ни помогнат и да ни дадат рамка и затоа не гледам зошто би требало да почекаме одреден исход кога евентуалното раскинување на меморандумот нема да има негативни импликации, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Тој, во одговор на новинарско прашање по доделувањето на последните 35 договори од ТАВ програмата за инфраструктурни проекти, нагласи дека Уставниот суд ќе постапи според неговата надлежност, но нагласи…