Author: НОВА ТВ

Зголемен е бројот на повици во Службата за Итна медицинска помош во Скопје, а екипите од изутрината, досега, интервенираа кај 30 случаи. Граѓаните кои бараат помош не се чувствуваат добро поради топлото време и имаат главоболки, болка во градите, зголемен крвен притисок… Ова за МИА го изјави раководителката на Службата за Итна медицинска помош при Здравствен дом Скопје, Милица Бубало. – Има мозочи удари, сообраќајни несреќи и хроничните состојби се активираат. Хронично болните треба редовно да ја пијат терапијата и да одат на контрола на доктор. Телефоните во Службата за Итна медицинска помош постојано звонат. Здравствени совети граѓаните можат да…

Read More

Индустриското производство во јуни годинава, во однос на јуни лани бележи раст од 9,5 отсто, а од 6,6 отсто во првата половина од годината споредено со истиот период од минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2021 година, во однос на јуни 2020 година, бележи пораст од 9,9  проценти, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 10,8  проценти, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од  8 проценти. Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство…

Read More

На граничните премини Богородица и Табановце, од македонска страна, за излез од државата се чека по еден час, а на Ќафасан 15 минути. Како што информира Автомотосојузот на Македонија, на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Зголемен е и интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово…

Read More

Два меморандума поврзани со Стратегијата за инклузија на Роми беа потпишани денеска во Владата во присуство на премиерот Зоран Заев и заменик-претседателот на Фондацијата отворено општество (ФОО) Алекс Сорос. Првиот меморандум е за соработка и промовирање на развојот на претприемништвото на Ромите во Северна Македонија и го потпишаа министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, директорот на Агенцијата за вработување Абдуш Демири и Петрика Дулгеру од Иницијативата за економските развој на Ромите – РЕДИ.  Вториот меморандум е за соработка за спроведување на итни интервенции во поликлиниката „Шуто Оризари“ и го потпишаа министерот за здравство Венко Филипче, директорите на Здравствен…

Read More

Премиерот Зоран Заев во објава на Фејсубук најави дека партнерството со БЕСА ќе продолжи и на претстојните локални избори, споделувајќи фотографии од средба со лидерот на БЕСА Билал Касами. -Со претседателот на БЕСА, Билал Касами се согласивме дека партнерството во нашата коалиција ќе продолжи да се развива и на претстојните локални избори, за кои согласно спецификите на различните општини ги бараме и утврдуваме најдобрите кандидати кои ќе го дадат најдобриот резултат за нашиот народ, напиша Заев. Тој воедно оценува дека коалицијата СДСМ – БЕСА минатата година поставила нови стандарди во современото политичко дејствување во Северна Македонија.  Денес, како што наведува,…

Read More

Локалните избори ќе се одржат во редовниот рок согласно Законот на 17 oктомври, изјави претседателот на Собранието Талат Џафери кои вели дека изборниот датум е во согласност со Уставот, а не договор помеѓу политичките партии. Џафери појаснува дека согласно член 16 од Изборниот законик мандатот на градоначалниците и советниците трае мајмногу четири години. – Имајќи предвид дека претходните избори беа на 15 oктомври 2017 година, дури 46 општини вклучително и Град Скопје мандат добија во првиот круг односно до 18 oктомври 2017 година. И тој мандат според Уставот не може да се продолжува освен во услови на вонредна или воена…

Read More

Претседателот на Собранието, Талат Џафери откри дека датумот за одржување на локалните избори е 17 октомври. Тој на брифинг со новинарите сподели дека оваа негова одлука не се должи на меѓупартиски договор, туку дека ја донел исклучиво врз основа на законите, бидејќи токму во тој период им истекувал мандатот на актуелните градоначалници. Претходно се отворија дилеми за тоа дали кампањата за локалните избори ќе се поклопи со претстојниот попис, па премиерот Зоран Заев го предложи 31 октомври како датум за одржување на изборите, но во намерата остана сам, а од ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека со избори на тој датум ќе се…

Read More

Турската компанија „Текнопанел“ ќе инвестира 16 милиони евра во изградба на нов производствен капацитет во ТИРЗ Скопје. Одлуката за инвестиција е постигната на средбата во Истанбул на директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски и менаџментот на компанијата. „Текнопанел“ е еден од најголемите извозници во Турција и на листата Топ 500 водечки индустриски компании во земјата, со четири фабрики во Турција, а Северна Македонија е првата инвестициска дестинација за оваа компанија вон матичниот пазар. -Според инвестицискиот план и финансиски проекции, „Текнопанел“ ќе отвори 120 нови работни места, со очекуван вкупен извоз од над 150 милиони евра во следните 10 години. Само како…

Read More

Бројот на екстремни временски неприлики што се случуваат низ целиот свет се зголемува како резултат на климатските промени, покажа истражувањето објавено во списанието Сајенс Адвансис (Science Advances). Околу две третини од копното на Земјата ќе се соочуваат со „влажна и променлива“ хидроклима на дневна и повеќегодишна основа, што значи поголеми промени помеѓу влажните и сувите екстреми, наведуваат истражувачите, предупредувајќи дека третина од вкупната површина на светот ќе се соочи со повеќе суши. Според меѓународниот тим научници, поекстремните врнежи претставуваат дополнителна закана за инфраструктурата и општеството воопшто. Пред сè, глобалното затоплување ја прави климата понеурамнотежена, „поекстремна во однос на влажноста и…

Read More

Собранието вчера ја усвои Резолуцијата за утврдување на македонските државни позиции во контекст на блокадите на европските интеграции, поднесена од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Во исто време, премиерот Зоран Заев изјави дека разговорите со Бугарија за изнаоѓање решение за отворените прашања и надминување на ветото за ЕУ ќе продолжат веднаш откако ќе се формира влада во Софија по предвремените избори во земјата одржани претходно овој месец. Одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција по Регионалниот економски форум во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“, Заев вчера укажа дека и Бугарија е добредојдена да се приклучи на оваа иницијатива, иако е членка…

Read More

28-годишната Ана, една од девојките која што беше објавена во Јавна Соба и која минатата година одлучи јавно да зборува за голготата низ која минала, кога нејзина фотографија заедно со невкусна порака и телефонски број, беа оставени во групата на Телеграм, одлучи повторно да се обрати до своите следбеници на социјалните мрежи. но овојпат за да ги поддржи законските измени, кои неодамна ги најави министерот за правда Бојан Маричиќ. View this post on Instagram A post shared by Anna (@troublemaker_ak) Министерот за правда, Бојан Маричиќ истакна дека се воведува ново кривично дело во Кривичниот законик – „демнење“.…

Read More

На српскиот претседател Александар Вучиќ, поради заедничкото дејствување во бизнис заедницата на Западен Балкан 6 со акцијата за вакцинирање на 27 и 28 март 2021 година, денеска во просториите на Стопанската комора му беше врачена благодарница, од страна на претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески. Благодараница за заедничката реализација на процесот на вакцинација на бизнисмени од регионот во српските здравствени установи, претседателот на Комората, Азески му врачи и на неговиот српски колега и претседател на Коморскиот инвестициски форум, Марко Чадеж. На доделувањето на благодарниците присуствуваа и д-р Горан Свилановиќ, советник на претседателот на Стопанската комора на Северна…

Read More