Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стопанската комора им врачи благодарници на Вучиќ и Чадеж за поддршката во коронакризата

0
By НОВА ТВ on July 29, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 29, 2021 16:10

На српскиот претседател Александар Вучиќ, поради заедничкото дејствување во бизнис заедницата на Западен Балкан 6 со акцијата за вакцинирање на 27 и 28 март 2021 година, денеска во просториите на Стопанската комора му беше врачена благодарница, од страна на претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески.

Благодараница за заедничката реализација на процесот на вакцинација на бизнисмени од регионот во српските здравствени установи, претседателот на Комората, Азески му врачи и на неговиот српски колега и претседател на Коморскиот инвестициски форум, Марко Чадеж.

На доделувањето на благодарниците присуствуваа и д-р Горан Свилановиќ, советник на претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија за регионални прашања, Светозар Јаневски, член на Бизнис советот на КИФ и Владимир Стајиќ, стопанственик, член на Комората.

Српскиот претседател Александар Вучиќ во посета на Стопанската комора
Српскиот претседател Александар Вучиќ во посета на Стопанската комора

По церемонијата на предавањето на благодарниците, претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, уште еднаш им се заблагодари на српскиот претседател Вучиќ и на српскиот партнер Чадеж со зборовите „едно големо благодарам за сè што направивте за поддршка на бизнис заедницата во услови кога светската пандемија предизвикана од Ковид-19 вирусот беше во најголем ек“.

Вучиќ и Чадеж беа учесници на Економскиот регионален форум, кој резултира со промена на името на иницијативата „Мини Шенген“ во „Отворен Балкан“, во чии рамки беа усвоени три документа, два меморандума и еден договор, кои целат кон отворен Балкан, без граници, меѓусебно признавање на работните дозволи за граѓаните од овие земји. Премиерите Зоран Заев и Еди Рама, како и претседателот Вучиќ најавија дека од 2023 година меѓу Македонија, Србија и Албанија веќе ќе нема граници и воедно ќе се признаат работните дозволи и квалификациите на работниците од 2022 година.

Покрај државниците, свое обраќање имаше и претседателот на Комората, Бранко Азески, кој упати порака дека бизнисот сака Отворен Балкан со отворени граници и обединување. Тој побара од политичките лидери да се стави крај на грдите слики на граничните премини кои го фрустрираат бизнисот и конечно да исчезнат колоните камиони од граничните премини. На компаниите, вели претседателот на Комората Азески,  доста им е од затвореност, сива економија и евтина работна сила.

Александар Вучиќ Бранко Азески Стопанска комора
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.