Author: НОВА ТВ

Програмата на „Охридско лето“ продолжува со настан од музичкиот дел, со концертот на турската пијанистка Ѓулсин Онај. Ѓулсин Онај свири пијано од три годишна возраст, а првиот рецитал на Турското радио го има уште на шест годишна возраст. Со специјална државна стипендија учи со Ахмед Аднан Сајгун и Михат Фенмен, а потоа во Париз нејзини педагози се Пјер Санкан, Моник Хас и Надја Буланже. Дипломира на Парискиот конзерваториум на 16 години со оцена Premier Prix du Piano”, а освојува награди на бројни меѓународни натпревари. Нејзината богата кариера се протега на сите континенти во преку 80 држави од Венецуела до Јапонија.…

Read More

Амбасадата на Куба во Париз беше нападната со молотови коктели, соопшти синоќа министерот за надворешни работи на таа земја Бруно Родригез. Во објавата на Твитер, тој не понуди повеќе детали за инцидентот, но го обвини Вашингтон за ширење на насилството. „Ја сметам за одговорна Владата на САД поради нејзините континуирани кампањи против нашата земја кои го охрабруваат ваквото однесување и за нејзините повици на насилство, кои неказниво се упатуваат од нејзината територија“, напиша тој. Прес службата на Министерството за надворешни работи на Куба подоцна соопшти дека нападот се случил околу полноќ, кога биле фрлени три молотови коктели, од кои два…

Read More

Состојбата со Ковид-19 во државата засега останува стабилна. Вчера беа регистрирани 16 оздравени лица, а вакцинирањето се одвива непречено на сите пунктови во државата. Во тек е и пријавување за вакцинирање во домашни услови. Најмногу активни случаи има во Скопје – 108, а на територија на државата вкупно 300. Во статистиката на Министерството за здравство за претходното деноноќие вчера беа регистрирани нови десет заболени од Ковид-19, од кои седум во Скопје и по еден во Прилеп, Тетово и Струга, како и две починати лица. Според податоците на МЗ, досега се дијагностицирани 156 086 Ковид-пациенти, оздравеле 150 295, а починале 5…

Read More

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа пред посетата на Белата куќа на ирачкиот премиер Мустафа ал-Казими, објави дека ќе има нова фаза во американското воено присуство во Ирак и најави дека воената борбена мисија на САД во таа држава ќе заврши до крајот на годината. – На крајот на годината, ние веќе нема да бидеме во борбена мисија во Ирак, но нашата соработка против тероризмот ќе продолжи и во оваа нова фаза за која разговараме, изјави Бајден. Тој објасни дека улогата на американската војска во Ирак ќе биде да ги подготвува и помага ирачките сили во нивната борба против џихадистичката група…

Read More

Македонскиот таеквондистот Дејан Георгиевски се пласира во четвртфиналето, категорија +80 килограми на Олимпискиот турнир во Токио, откако утринава го победи актуелниот светски шампион Рафаел Алба од Куба. Македонецот ја доби првата рунда со 5:1, иако противникот го освои првиот поен. Дејан ја зголеми предноста по втората рунда која изнесуваше седум поени (10:3). На крајот Георгиевски успеа со 11:8 да слави победа. Следен противник на македонскиот знаменосец на отворањето на Игрите, ќе биде Кубане од Брегот на Слоновата коска. Четвртфиналната борба треба да се одржи околу 8:45 часот по македонско време.

Read More

Времето денеска во државава ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. УВ индексот ќе изнесува  9. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне 39 степени. Под влијание на топла воздушна маса од југ времето во следните денови ќе…

Read More

„Само со добро испланирана организација може да се влезе во законодавниот дом. Овој совет до детали ги ценеше сите докази. Овој суд не му суди ниту на ВМРО, СДСМ или ДУИ, туку на конкретни лица за конкретен кривично-правен настан“, кажа главниот судија во делото за „Организаторите на 27 април“, Илија Трпков. Според него, сите СМС пораки кои биле изведени од страна на Обвинителството, не и оделе во прилог на одбраната на осудените Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Владимир Атанасовски, кои се обидувале да го докажат спротивното – односно дека тие не стојат зад протестите на „За заедничка Македонија“…

Read More

Теренската вакцинација продолжува и утре во 31 населено место. Вакцинацијата, како што соопшти попладнево Министерството за здравство, ќе се одвива во следниве населени места: Тетово – Боговиње, Ново Село, Селца, Кече Берово – Мачево Гостивар – Балиндол, Турчане Свети Николе – Павлешенци, Ѓуѓанци Струмица – Василево Неготино – Вешје, Д.Дисан Пробиштип – Стрмош Кочани – Грдовци Кичево – Другово, Србјани, Пополжани, Манистирско Доленци Битола – Беранци, Д.Српци, Лознани, Вашарејца, Новоелани, Ивањевци, Свето Тодори, Подино, Трновци Македонски Брод – Брезница, Близанско, Тажево Велес – Оризари Од Министерството за здравство посочија дека секојдневно информираат преку соопштенија за денот и местата за теренско…

Read More

Македонија е дел од дваесетте држави, кои покрај САД, даваат поддршка на желбата на кубанскиот народ за слобода, откри во писмена изјава американскиот државен секретар Ентони Блинкен. -Демократиите ширум светот се обединуваат за да го поддржат кубанскиот народ, повикувајќи ја кубанската влада да ги почитува барањата на Кубанците за почитување на универзалните човекови права. Како што рече претседателот Бајден, кубанскиот народ упати „јасен повик за слобода“. Кубанската влада не одговори со препознавање на гласот на сопствениот народ, туку со понатамошно задушување на тие повици преку произволно одредување притвори и тајни судења за кои нема соодветни гаранции, вели Блинкен. Според него,…

Read More

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,22 отсто. Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од утре ќе поевтинат за 1,50, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 1,00 денар по литар. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 71 денар, ЕУРОСУПЕР БС -98 ќе се продава за 73, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 60, а Екстра лесното масло 1 (ЕЛ-1) за 62 денари за литар. За 1,138 денари се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и килограм ќе…

Read More

Судечкиот совет предводен од Илија Трпков, им изрече мерка куќен притвор на Трајко Велјановски, Спиро Ристоски и Владимир Атанасов кои денеска беа осуден на затворски казни за случајот „Организатори на 27 април”. Оваа одлука следуваше откако обвинителката Гордана Смаќоска побара изрекување на мерка притвор, но истата судот ја одби. Воедно, за Миле Јанакиески, судечкиот совет истакна дека останува во сила мерката куќен притвор. Претходно Јанакиески, барајќи да остане во куќен притвор, се пожали дека „три години го шетаат од Шутка до дома“. -Секој ден ме чуваат над осум полициски службеници и секое возило што влегува и излегува од мојата зграда…

Read More

Од денеска е отворен првиот Центар за поддршка на згрижувачки семејства во Скопје, кој ќе функционира при Јавната установа за деца „11 Октомври“. Основната задача на Центарот е поддршка, помагање и насочување на згрижувачките семејства, за обезбедување соодветна грижа на детето сместено кај нив. Исто така, ќе се врши и проценка, обука и подготовка на идните згрижувачки семејства. Поддршката е обезбедена од стручен тим при Центарот, а веќе в среда ќе биде отворен и вториот Центар за поддршка на згрижувачи семејства во Битола. Министерка за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска која денеска присуствуваше на отворање на Центарот, изјави дека…

Read More