Author: НОВА ТВ

Претседателот Стево Пендаровски на свечена церемонија ги одликува Горан Стефановски, Зафир Хаџиманов и Ремзи Несими, постхумно, и Живко Мукаетов со Орден за заслуги за Република Северна Македонија. -Еден драмски писател, еден музичар/актер, еден лингвист и еден стопанственик. Пред нас се четири животни приказни, кои имаат различни генерациски, творечки и професионални траектории, но, сепак, се спојуваат во единствениот животен пат кој води кон создавање на нови вредности во македонското општество, истакна во својот говор претседателот Пендаровски. -Ќе започнам со Горан Стефановски, нашиот мајстор раскажувач, кој преку своите антологиски драми ни помага да ја разбереме приказната за нас. После Блаже Конески, Славко Јаневски…

Read More

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и шестмина припадници на поранешната единица „Алфа“, обвинети во предметот „Тортура“ кој се однесува на начинот на кој беше уапсен лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, денеска се ослободени од обвинение. Судечкиот совет предводен од судијката Александра Ристовска ги ослободи од обвинение Сашо Мијалков, Ивица Анчевски, Петар Милошевски, Новица Станковски, Филип Атанасов, Јован Боцевски и Метуш Шабани со образложение дека Јавното обвинителството не докажало надвор од разумно сомневање дека обвинетите го сториле делото за кое се обвинуваат. Случајот за апсењето на Љубе Бошкоски, беше вратен во фаза на дополнение на доказна постапка, откако…

Read More

Бугарија инсистира во Уставот на Република Северна Македонија да биде запишано постоењето на бугарското малцинство во земјата, изјавил бугарскиот министер за надворешни работи Светлан Стоев, пренесува БНР. Тој истакнал дека Скопје не назначува амбасадор во Софија повеќе од една година, а говорот на омраза останува сериозен проблем во билатералните односи. -Ако го погледнете Уставот на РСМ по 2001 година, таму Бугарите, како народ што живее на територијата на сегашната држава, не фигурираат. Има Срби, има Албанци, има Роми, има Турци, Бошњаци, но нема Бугари, вели Стоев. Според министерот Стоев излезот е единствено во билатералните преговори. -Ова и го кажав на…

Read More

Посветено работиме на квалитетно подобрување на локалната патна инфраструктура, во секоја општина подеднакво и вложуваме во рамномерниот регионален развој преку проекти кои значат подобри услови за живот на граѓаните, подобар животен стандард и економски развој, изјави денеска во Крива Паланка вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски. – Денеска, тука во Крива Паланка, го означуваме почетокот на уште еден инфраструктурен проект, кој е од витално значење на жителите на овој град. Со ставањето во функција на пристапниот пат, граѓаните на Крива Паланка, конечно ќе добијат соодветен и модерен пристап до градските гробишта,…

Read More

Поради непочитување на епидемиолошките мерки во Црна Гора и зголемениот број новоинфицирани од денеска до 2 август властите ќе воведат привремена забрана за работа на ноќни клубови и дискотеки, објави подгоричкиот весник „Вијести“. Забранети се забавите и музичките фестивали, како и сите масовни собири во затворени простории. Во фокусот на Дирекцијата за инспекциски работи ќе биде контролата на собирите на отворено и изведување музика во живо во градините на локалите. Доколку продолжи трендот на прекршување, ќе се разгледа нивното укинување или дополнително ограничување, пишува весникот. Црна Гора бележи пораст на бројот на новоинфицирани, 65 во четвртокот.  Вкупниот број заразени моментално…

Read More

„Добро е што земјите кандидати се тука заедно со земјите членки на Европската унија да се разговара за актуелните прашања“, вели вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, пред почетокот на неформалната средба на министрите за европски прашања од земјите од ЕУ, кој се одржува во Брдо, Словенија. Тој додаде дека ќе ја покрене го покрене и прашањето за пристапувањето и проширувањето на Унијата. – Го споменав зборот „криза“, кој етимолошки потекнува од терминот „одлучувачки момент“. Сметам дека под словенечкото европретседателство во наредните неколку недели и месеци многу ќе се приближиме до овој одлучувачки момент. Или ќе го обновиме кредибилитетот на…

Read More

Пари Сен-Жермен има намера да му понуди договор на напаѓачот Килијан Мбапе со плата од 32 милиони евра годишно. Новинарот на „Ла Газета дело Спорт“, Николо Шира, напиша ја објави оваа информација на својот Твитер. Договорот со 22-годишниот француски репрезентативец ќе се пресметува до 2026 година. Претходно беше објавено дека Мбапе чека на понуда од Реал Мадрид и не сака да остане во ПСЖ. Актуелниот договор на напаѓачот е до 30 јуни 2022 година. Мбапе игра во ПСЖ од 2018 година. Минатата сезона тој настапи на 47 натпревари за парискиот клуб, на кои постигна 42 гола и оствари 11 асистенции

Read More

Полицијата пресече меѓународен канал за трговија со дрога, при што во акцијата се уапсени пет лица од Гевгелија, Валандово и Струга, од кои двајца поранешни вработени во МВР, и е запленета дрога марихуана во вредност од околу 150.000 евра. Како што соопшти МВР, акцијата, спроведена вчера, е резултат на спроведена истрага почнувајќи од минатиот месец од страна на Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, насочена кон лица инволвирани во организирање на меѓународни транспорти на марихуана од Албанија преку територијата на земјава кон Грција, а организатор на криминалната група инволвирана во меѓународни транспорти на…

Read More

Австралиската држава Нов Јужен Велс денеска објави најголем дневен пораст на заразени со коронавирус оваа година, што предизвика посилни мерки за затворање во Сиднеј, а австралиските власти соопштија дека државата е во вонредна состојба што го попречува закрепнувањето на економијата. Премиерката на Нов Јужен Велс, Гледис Береџиклиан, најави дека во најголемиот град во земјата, мерките за ограничување на движењето и останувањето дома можат да бидат продолжени по 30 јули. „Очигледно, бројките не одат во насока на која се надевавме во оваа фаза“, рече Береџиклиан, додавајќи дека нови 136 случаи се пријавени во Нов Јужен Велс. Во последниот бран на епидемијата,…

Read More

Пожарот, кој доцна попладнето на 21 јули избувна јужно од Гевгелија и поради јачината на ветрот се прошири се до македонско-грчката граница зафатил повеќе земјоделски површини со житни посеви, неколку бараки и штала со добиток, пренесуваат локалните медиуми. -Пожарот предизвика штета на површина од 30 хектари, од кои 15 хектари обработлива земја жито. Констатирани се материјални штети, како изгорена механизација, цела штала со седум животни и викендичка. Во пожарот настрадало и едно куче. Во гаснењето на пожарот учествуваа и пожарникари од Поликастро бидејќи истиот зафатил и мал дел покрај крајбрежјето на реката Вардар, на грчката страна, информира командирот на ТППЕ- Гевгелија,…

Read More

Сојузништвото во НАТО ги јакне одбранбените врски меѓу Северна Македонија и Португалија, беше посочено на синоќешната средба на министрите за одбрана Радмила Шекеринска и Жао Гомеш Кравињу во Лисабон, каде делегација од Министерството за одбрана (МО) и од Армијата предводена од министерката е во дводневна официјална посета. Како што информираат од МО, заблагодарувајќи се на поканата за посетата Шекеринска изрази надеж дека Договорот за билатерална соработка во одбраната наскоро ќе биде потпишан и дека двете држави ќе имаат успешна соработка. -Португалија беше меѓу првиот бран држави кои ја почнаа ратификацијата на протоколот за наш прием во НАТО, што го сметаме…

Read More

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари средба со новоназначената амбасадорка на Србија во Северна Македонија  Невена Јовановиќ, на која беше потенцирана одличната соработка меѓу министерствата за внатрешни работи на двете земји, но и генерално меѓу двете држави, посебно во делот на културата и економијата. Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи, посебен интерес на средбата бил изразен за продолжување на одличната соработката во областа на миграциите и успешните активности за спречување на илегален влез на мигранти и борбата против нивно криумчарење. Министерот Спасовски се заблагодарил на амбасадорката Јовановиќ и за помошта која нашата држава ја доби од…

Read More