Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
ЕВР Кисела Вода поднесе кривична пријава против Р.М.(21) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени 15 кривични дела, од кои 11 „тешка кражба“ во возила и четири дела „тешка кражба во обид“ во возила. -Тој, во периодот од 22.00 часот на 14 март до 06.00 часот 15 март оваа година, за осум часа, извршил 11 кривични дела „тешка кражба“ од такси возила и четири кривични дела „тешка кражба во обид“ од такси возила, при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 22.800 денари и причинил материјална штета од околу 76.500 денари. Веднаш биле преземени мерки и…
Во последните 24 часа се направени 2.896 тестирања, а регистрирани се 17 нови случаи на КОВИД-19: Тетовo – 9, Скопје – 6, и Прилеп и Гостивар – по 1, информира Министерството за здравство. Регистрирани сe 7 оздравени пациенти од: Куманово и Тетово – по 3 и Скопје – 1. Регистрирано е едно починато лице од Скопје (70 години), во болнички услови. Направени се 2.896 тестови преку: ИЈЗ-117, ЦЈЗ Скопје-48, ЦЈЗ Битола-31, ЦЈЗ Прилеп-20, ЦЈЗ Тетово–23, ЦЈЗ Куманово–12, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-9, Институт за микробиологија–19,…
Македонија за првпат ќе доделува награда за човекови права. Иницијативата која датира веќе четири години доби зелено светло и во Собранието, па така кон крајот на годината државата ќе започне да ги наградува најзаслужните за унапредувањето на човековите права. Именувано по писателот и прв претседател на Хелсиншкиот комитет во земјава, Мето Јовановски, признанието ќе биде врачено и на симболичен датум – Меѓународниот ден на човековите права, односно 10 декември. -Ние сметавме дека со воспоставување на една ваква награда сите оние борци, граѓански активисти и членови на организации ќе добијат одредена морална сатисфакција за она што го прават. Меѓутоа и со…
„Опозицијата треба да биде задоволна со предложениот датум за изборите – 31 октомври, бидејќи во спротивно кампањата ќе се поклопи со кампањата за пописот“, изјави премиерот Зоран Заев, одговорајќи на новинарски прашања. Тој додаде дека сепак ако опозицијата инсистира локалните избори да се одржат на 17 октомври, веројатно, како што кажа, „ние ќе бидеме ОК“, но токму Мицкоски инсистираше претходно локалните избори да бидат во втората половина на октомври. -И претходно сме менувале датум за избори преку законски измени, како во 2004 и 2017 година, но Уставот не е прекршен. Колку што знам Уставниот суд тоа не го оцени како…
„Скандалот со „Пегаз“ покажува до кој степен овој софтвер претставува кибер оружје. Достапен е за Владите, но и за други групи поради трговски интереси, а најважно го користат и режимите кои не го признаваат владеењето на правото, како Азербејџан, Мароко и други држави“, појасни во емисијата „Чесно кажано“ бугарскиот истражувачки новинар Атанас Чобанов, кој детално ја откри и „бугарската врска“ во целиот скандал. -Во Израел се произведува софтверот во фирмата „НСО Груп“, но бугарската компанија „Circles“ е нивен претставник за трети страни. Таа фирма е регистрирана во Бугарија во 2015 година. Претстави си дека имаш оружје, но ти не знаеш…
Меѓународниот олимписки комитет и организаторите на Токио 2020 им забраниле на своите вработени што ги одржуваат социјалните мрежи да објавуваат фотографии од спортисти клекнати на колена, пишува Гардијан. Извор на медумот открил дека ваквата насока е доставена од највисоко ниво, особено по фудбалскиот натпревар меѓу тимовите на женските репрезентации на Велика Британија и Чиле, кој е прв одигран пред официјалниот старт на Олимпијадата. Како репрезентативките од двата тима се клекнати, во знак на протест против расизмот и омразата на интернет, беше пренесено во живо на телевизија, а истиот гест потоа го направија и фудбалерките на САД и Шведска. Сепак, ниту…
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 2.550 тестирања, а регистрирани се 15 нови случаи со Ковид-19: Скопје – 10, Куманово и Дебар – по 2, Тетово – 1. Регистрирани сe шест оздравени пациенти од: Скопје – 5 и Тетово – 1. Не се регистрирани починати лица, соопшти Министерството за здравство. Направени се 2.550 тестови преку: ИЈЗ-120, ЦЈЗ Скопје-34, ЦЈЗ Битола-40, ЦЈЗ Прилеп-16, ЦЈЗ Тетово–5, ЦЈЗ Куманово–24, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-8, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-62, Авицена-147,…
За ДУИ е прифатлив кој било датум за локалните избори за кој ќе се договорат политичките партии, изјави шефот на дипломатијата и член на ДУИ Бујар Османи. – Kога политичките партии имаат проблеми со датумите повеќе тоа ми личи дека имаат проблеми со самодовербата за исходот на изборите. Ние во овој случај немаме таков проблем.Така да, било кој датум што ќе го одлучат политичките партии по однос на одржување на изборите за нас е прифатлив. Дали 17, дали 31 октомври, за нас се прифатливи датуми, рече Османи на новинарско прашање по тематската дискусија поврзана со парламентарната димензија на надворешната политика. Запрашан…
Апелационен суд Скопје како неосновани ги одби жалбите на обвинетите Бојан Јовановски и Катица Јанева за случајот „Рекет“ и ја потврди првостепената пресуда. -Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ -91/20 познат во јавноста под името „Рекет“, донесе одлука со која жалбите на обвинетиот Бојан Јовановски од Скопје и обвинетата Катица Јанева од Скопје, ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди. Вака донесената одлука ќе биде објавена во целост на веб страницата на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите, информираат од Апелационен суд Скопје. Според пресудата од прва инстанца,…
Претседателот Александар Вучиќ изјави денеска дека, според договорот од Вашингтон, и Белград и Приштина имаат обврска да се воздржат од кампања за повлекување или лобирање за признавање на независноста на Косово и додаде дека Србија ќе стори се за да ги заштити своите интереси, ако другата страна го крши тој договор, јави дописникот на МИА од Белград. Прашан да ја коментира најавата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека ќе започне лобирање за независноста на Косово, Вучиќ одговори дека Турција е велесила, а Ердоган е голем лидер. -Ќе се обидам да разговарам со него. До 1 септември, според Вашингтонскиот договор…
Најобилните дождови во последните неколку децении предизвикаа огромни поплавувања во централната кинеска метропола Женгжу, јави ДПА. Локалните власти денеска информираа за 25 смртни случаи, но се стравува дека бројката на пронајдени безживотни тела ќе биде многу поголема. -Спасувањето животи е врвен приоритет, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг. Поплавените води го зафатиле подземниот транспортен систем, каде стотици луѓе беа заробени во возови, а исто така и во тунели, јавија државните медиуми и очевидци на социјалните мрежи. На видеата, додава ДПА, се гледа како водата е стигната до рамениците на луѓето. За време на евакуацијата околу 600 сериозно болни пациенти морале да…
„На само шест километри по влезот во Македонија од граничниот премин со Грција, кај Гевгелија, отворена е новата модерна бензинска станица под брендот Галф Оил (Gulf Oil)“, информираат од компанијата. Оттаму додаваат дека следејќи ги високите светски стандарди на американскиот бренд, новата бензинска станица во Гевгелија е на површина од 2.566 м2 и располага со современи пумпи, паркинг простор за лесни и тешки моторни возила, просторни тоалети опремени со тушеви, мини маркет со широк асортиман, „WI-FI“ интернет, а најавуваат дека наскоро ќе започне со работа и современ угостителски објект. „Новата бензинска станица на своите потрошувачи им ги нуди врвните моторни…