Author: НОВА ТВ

Продолжуваат со засилено темпо подготовките за теренскиот попис и тече конкурсот за избор на реонски попишувачи и инструктори, информира владиниот портпарол Душко Арсовски. -На првиот ден од конкурсот се пријавиле 640 кандидати. Има пријавено кандидати во сите 50 пописни реони и за попишувачи и за инструктори. Конкурсот ќе трае до 5 август, а конечен избор на кандидатите ќе има на 15 август, по што ќе следува обука, додаде Арсовски. Тој истакна дека учеството во пописот е одговорност за секој граѓани и на тој начин ќе се придонесе за држава базирана на податоци, а не на претпоставки.

Read More

„Конфискацијата на имот постои како мерка, но при криминалистички истраги досега не беше ефикасна“, истакна вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата, Љупчо Николовски, при презентација на Националната стратегија за зајканување на капацитите за водење финансиски истраги и конфискација на имот. Тој најави дека со новата стратегија ќе се зголеми ефикасноста и на кривичните процеси, а покрај секоја отворена кривична истрага паралелно ќе се спроведува и финансиска истрага. -Слабата примена на конфискација на имот е поради отсуство на електронска поврзаност на ОЈО и другите институциите, како и немање човечки капацитети. Заложбите за борба против криминалот наметнува потреба за зајакнување на капацитетите и…

Read More

Со тврдењето дека земјата е во криза, започна говорот на претседателот на „Демократска Бугарија“, Христо Иванов за време на првото заседание на новиот бугарски парламент, пренесуваат дел од медиумите. -Бугарија е во криза. Најочигледен пример за овој факт е дека немаме полноправно нормално раководство повеќе од една година. Немаме Влада што ужива доверба и која има парламентарна поддршка. Немаме јасна формула како да ја формираме следната влада, рече Иванов. Тој се осврна и на приоритетите на надворешен план. -Бугарија мора да ја заштитува вистината, но исто така треба да изнајдеме и решение со кое ќе се откочи процесот за евроинтеграциите…

Read More

Милијардерот Џеф Безос успешно полета и престојуваше во Вселената, со првиот свој лет преку неговата компанија „Блу ориџин“. Слетувањето по првиот нивен лет со човечки екипаж, мина без никакви проблеми. Летот до Вселената траеше 11 минути. Меѓу астронаутите е и братот на Џеф, Марк Безос. Посадата ја сочинуваа и американската авијатичарска ветеранка Воли Фанк, која е во своето деветто десетлетие од животот, како и 18-годишниот Оливер Дајмен. „Њу Шепард“ беше лансиран во 15:00 часот по македонско време, од космодромот „Лонч сајт уан“, во западен Тексас. Пред само 10-нa дена, еден друг милијардер и соперник на Безос во трката за вселенскиот…

Read More

Континуирано расте просечната исплатена нето плата во државата, соопштија од Владата. Оттаму додаваат дека согласно податоците на Државниот завод за статистика, во мај годинава просечната месечна исплатена нето плата по вработен изнесува 28.721,00 денари.  Во однос на мај 2020 година, регистрирано е зголемување од 8,8% или 2.331,00 денари за една година. Според податоците од Заводот, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (29.0 %); Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (28.7 %) и Други услужни дејности (14.4 %). Топ три сектори со највисока…

Read More

82-годишната Вејли Фанк на 20. јули ќе патува во вселената заедно со Џеф Безос. Со ова таа ќе биде најстарата личност која патувала во вселената, соопшти компанијата „Блу Ориџин“. Таа ќе биде четвртиот патник на првиот лет организиран од компанијата за вселенски туризам, а покрај екипажот во тој лет ќе бидат и милијардерот Безос, неговиот брат Марко Безос и победникот на аукцијата, чие име сè уште не е објавено. Во 1960-тите, Фанк била учесник во програмата позната како „Меркур 13“ за испраќање на првите Американци во вселената, во која група од 13 жени биле подложени на истите тестови како и…

Read More

Во последните 24 часа, како што информира Министерството за здравство, се направени 3.219 тестирања, а регистрирани се 21 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 8, Тетово – 4, Куманово и Гостивар – по 3, Кавадарци, Кочани и Кичево – по 1. Регистрирани сe 14 оздравени пациенти од: Тетово – 8, Скопје – 5 и Гостивар – 1. Пријавено е 1 починато лице од Скопје (56г) во болнички услови. Направени се 3.219 тестови преку: ИЈЗ-128, ЦЈЗ Скопје-45, ЦЈЗ Битола-45, ЦЈЗ Прилеп-35, ЦЈЗ Тетово–17, ЦЈЗ Куманово–25, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК…

Read More

ВМРО-ДПМНЕ излезе со став по однос на датумот за избори, откако премиерот Зоран Заев денеска истакна дека предлогот е на 31 октомври да се одржат локалните избори, за да не се совпадне кампањата со Пописот. Како што посочи Заев сите политички партии треба да се изјаснат и ако се согласат, тоа ќе биде вградено во Изборниот законик. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека секогаш пред изборите партиите преговарале за датумот на одржување на изборите и за препораките на ОБСЕ и ОДХР. -Тоа што Заев денес изнесува датум за одржување на изборите без претходна консултација со останатите политички партии уште еднаш го потврдува…

Read More

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска му беше домаќин на министерот за инфраструктура, градежништво и сообраќај на Република Србија, Томислав Момировиќ. Двајцата на ГП Табановце поделија бесплатни М-картички за патарина на граѓани на Србија. Такви картички за возила на српските туристи се доделуваат од 15. минатиот месец на ГП Табановце, во знак на благодарност до Србија поради донацијата во вакцини против Ковид 19, а со одлука на Владата. Преку 41 илјади бесплатни картички досега се поделени на српските туристи, откри министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. -Оваа мерка, со одлука на Влада, се спроведува од 15 јуни…

Read More

Турција мора веднаш да го запре нејзиното провокативно однесување и да се усогласи со меѓународното право, повикуваат од Министерството за надворешни работи на Грција во соопштението по повод 47-годишнината од турската инвазија на Кипар, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчкото МНР потенцираат дека Грција, „во целосна координација со Република Кипар, работи на праведно и одржливо решение на кипарското прашање“, решение што ќе се заснова на резолуциите на Советот за безбедност на ОН и европското законодавство, односно обединет Кипар во рамките на една федерација со две заедници и две зони. Додаваат дека не се согласуваат и целосно ги отфрлаат…

Read More

Ниту еден предмет покренат од Специјалното јавно обвинителство нема да се изгуби со враќањето на повторно одлучување поради заминување во пензија на поротник, вели премиерот Зоран Заев. Заев на новинарско прашање по увидот на обновениот дел на Клиниката за ортопедија  истакна дека не е детално запознаен со ова прашање, но се повика на коментар на ресорниот министер за правда во однос на законските одредби со кои се регулира постапката . -Во законите кога поротник оди во пензија или го завршува својот мандат, дефакто предметот се враќа на повторно одлучување. Но, има пракса, на едно рочиште се исчитуваат сите претходни докази,…

Read More

Премиерот Зоран Заев денеска соопшти дека веќе имал средба со Мендух Тачи и со Билал Касами во врска со претстојните локални избори, а до крајот на оваа недела треба да се види и со Али Ахмети. Генерално, сите, како што рече, се реалисти во однос на позиционирањето и потврдуваат меѓусебно помагање. Според Заев, коалициското поставување е логично и најверојатно 50 отсто таков ќе биде настапот во првиот круг од изборите, додека 25 или 30 проценти ќе биде коалициски настапот во вториот круг. -Со Тачи се видов пред две-три недели, исто и со Билал Касами, а до крајот на оваа недела…

Read More