Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Апелациониот суд Скопје, денеска до Основниот кривичен суд Скопје, го достави решението со кое на обвинетиот во повеќе судски предмети Миле Јанакиески, му ја укинува мерката куќен притвор и му ја заменува со мерка претпазливост. – Постапувајќи по жалбата изјавена од одбраната на М.Ј., обвинет во предметите со КОК 53/17 означен како „Т.Н.Т.“, КОК 7/18 означен како „Титаник“, КОК 9/19 означен како „Талир“, КОК 57/17 означен како „Топлик“, КОК 52/17 означен како „Траекторија“ и КОК 30/20 означен како „Шпански скали“, ја уважи жалбата за укинување на мерката куќен притвор, информираат од Основен кривичен суд Скопје и додаваат дека мерката претпазливост…
Бројот на смртни случаи од коронавирус во Русија денеска е поголем од 1.200 втор ден по ред, додека бројот на новозаразени опаѓа, но сепак е поголем од претходниот бран на пандемијата. Руската државна оперативна група за коронавирусот соопшти дека 1.251 лице починале од Ковид-19 во претходните 24 часа, што е највисока бројка од почетокот на пандемијата во март 2020 година. Претходно, најголем број починати беа регистрирани вчера – 1.247. Во последното деноноќие има 37.374 новозаразени лица, соопшти кризниот штаб во Москва. Здравствените експерти причини за најновиот пораст на инфекции и смртни случаи ги наведуваат ниската стапка на вакцинација и непочитувањето…
Израелецот Омри Горен, вработен како чистач и чувар во куќата на израелскиот министер за одбрана Бени Ганц, е обвинет за шпионажа бидејќи наводно понудил да ја искористи својата позиција за испраќање информации до Иран, соопшти денеска израелската служба за безбедност Шин Бет. Во соопштението на Шин Бет се наведува дека Горен иницирал контакт со неименуван „ирански ентитет“ преку социјалните мрежи, испраќајќи фотографии од различни објекти околу куќата и слики од компјутерот на министерот. Горен размислувал и како да вметне вирус во компјутерот на Ганц, но бил уапсен пред да реализира каков било план. Тој немал пристап до тајниот материјал, ниту…
Земјите од Г7 денеска ја повикаа Белорусија веднаш да стави крај на мигрантската криза на границите на Европската унија, обвинувајќи ја дека се обидува да го „одвлече вниманието“ од кршењето на меѓународното право и човековите права од страна на властите во Минск. Во заедничката изјава на министрите за надворешни работи на Велика Британија, Франција, САД, Канада, Германија, Италија, Јапонија и Европската унија се осудува „оркестрацијата на илегалната имиграција што ја спроведува белорускиот режим преку своите граници“. Г7 апелира до властите во Минск „веднаш да ја прекинат својата агресивна и експлоататорска кампања за да се избегнат нови жртви и дополнителни страдања“.…
Денеска во просториите на Владата на Република Северна Македонија премиерот Зоран Заев имаше средба и разговараше со пратеникот Кастриот Реџепи. -Премиерот Заев и пратеникот Реџепи уште еднаш ја потврдија заедничката заложба за одржување и зајакнување на реформскиот и европскиот курс на земјата, како определба на огромното мнозинство граѓани на нашата земја. Заев и Реџепи низ разговорот потенцираа дека во последните години државата и народот направија големи чекори за обезбедување сигурна и безбедна иднина, при што изразија уверување дека народната волја за мирно и заедничко живеење во Северна Македонија и натаму ќе биде изразена преку стабилно демократско мнозинство во Парламентот, соопштија…
Државната изборна комисија денеска на седница одлучува по приговорите што беа доставени за постапките за гласање и за сумирање и утврдување на резултатите од вториот круг на изборите за градоначалник на Дебар. Во досегашниот дел од седницата, ДИК ги отфрли приговорите за избирачките места 547 и 547/1 поднесени од Алијансата за Албанците и Алтернатива. Членовите на ДИК оценија дека е неосновано барањето да се поништи гласањето на избирачкото место 547 поради незаконско јавно гласање на еден гласач, кој не влегол во параванот за гласање и гласал пред сите членови на избирачки совет. – Настанот се случил од 16 до 19…
За вработените во образованието ќе важи истата мерка што е предложена од Комисијата за заразни болести за јавниот сектор – да бидат вакцинирани најмалку со една доза, да имаат негативен ПЦР-тест, потврда за прележан ковид или потврда дека не смеат да примат вакцина, рече ДушанТомшиќ, советник во Министерството за образование и наука. Во гостувањето во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ, Томшиќ рече дека никој не се присилува на вакцинација со препораките на Комисијата за кои треба да одлучи Владата. Како што и вчера соопшти министерката Мила Царовска, тој посочи дека околу 75 отсто од наставниците се вакцинирани. -Дел од другите…
Премиерот Зоран Заев на денешниот состанок со федералниот министер за надворешни работи на Република Австрија, Михаел Линхарт рече дека Владата има стабилно парламентарно мнозинство и очекува негово зголемување. Како што соопшти владината прес-служба, Заев истакнал дека не очекува да има предвремени парламентарни избори. -Имаме стабилно парламентарно мнозинство, очекуваме и зголемување на мнозинството, не очекуваме предвремени парламентарни избори, напротив – до редовните избори во јуни 2024 година Владата ќе се посвети на силен развој на економијата, рекол Заев на средбата со Линхарт.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на покана на министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Селмо Цикотиќ, денеска учествуваше на сараевскиот миграциски дијалог на тема „Управување со миграција и одговор на Западен Балкан“, што се одржува во Сараево. На конференцијата учествуваа министри за внатрешни работи на земјите членки на ЕУ, државите од Шенген зоната, партнерските земји од Западен Балкан, како и претставници на агенции и институции на ЕУ и САД. Министерот Спасовски во своето обраќање, како што соопшти МВР, ја потенцираше потребата од покоординирана и сеопфатна соработка на оперативно ниво, со цел одржливо и успешно управување со миграцијата. –…
Во 2022 година буџетот има подобрена структура. Имаме 615 милиони евра капитални инвестиции кои во вкупните расходи учествуваат со 14 % и намалување на буџетскиот дефицит од 6,5 % колку што е планиран годинава на 4,3 % за следната 2022 година, кој е помал од планираното ниво на капитални инвестиции. Ова го истакна министерот за финансии Фатмир Бесими во гостување на „Економски магазин“ на ТВ Алсат, потенцирајќи дека не само како процент, туку има подобрување и во номинална вредност на капиталните инвестиции кои во 2020 година изнесуваа 262 милиони евра, па со Буџетот за 2021 пораснаа на 391 милион евра,…
Бројот на пушачи ширум светот постојано се намалува, соопшти Светската здравствена организација (СЗО), повикувајќи ги земјите дополнително да ги зајакнат контролните мерки за справување со смртоносната зависност од цигари. Во 2020 година, околу 1,3 милијарди луѓе во светот конзумирале тутун, што е намалување во однос на оние 1,32 милијарди две години претходно, објави СЗО во новиот извештај. Се очекува тој број да се намали на 1,27 милијарди до 2025 година, иако светската популација расте. Извештајот покажа дека во 2000 година, речиси една третина од светското население над 15 години користело тутунски производи, но се очекува дека до 2025. Тој број…
Министерот за правда Бојан Маричиќ во обраќањето на презентацијата на „Функционалната анализа на основните судови и планот за подобрување на основните судови во РСМ“, која ја изработи Центар за правни истражувања и анализи, со поддршка на Британската aмбасада, кажа дека во буџетот за следната година се планираат повеќе финансиски средства за судовите. Со тоа финансиски и кадровски ќе се зајакне правосудството и треба да биде следено од ефикасни и квалитетни судски постапки, смета Маричиќ. – Доказ за нашата заложба и влог во правосудството е и Буџетот за судство предвиден за 2022 година, кој е за 6,5 отсто повисок во споредба…