Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
„Висок процент од новозаразените се невакцинирани, но има и вакцинирани, но со многу слаби симптоми“, рече министерот за здравство Венко Филипче, при увид на реновираното крило на Клиниката за ортопедија на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ). Министерот рече дека во моментов активно се спроведуваат кампањи за вакцинација, бидејќи вакцините ги намалуваат компликациите и од новите мутации, како што е индиската. -Бевме свесни дека во еден момент ќе се соочиме со антиваксинална кампања исто како и пред две години кога беше епидемијата со морбилите. Тогаш за нецели шест месеци се сузби епидемијата…
Филмскиот центар на Чешка ги објави резултатите од конкурсот кој заврши неодамна, a меѓу проектите кои добиваат најголема поддршка на овој повик е и дебитантскиот филм на Георги М. Унковски „Диџеј Ахмет“, во продукција на Синема Футура и Сектор филм од Македонија со локална поддршка на Aлтер вижн од Чешка. За проектот комисијата пишува дека се издвојува како еден од највпечатливите проекти на конкурсот со силна и оригинална приказна за едно момче од јуручките села во Македонија. Во сценариото на Унковски се гради еден свет на едноставност, пасторалност, селски живот во кој се судираат генерации на родители и нивните деца кои…
Поглаварот на Исламската верска зедница Реис ул улема ефенди Фетах Шаќири упати порака по повод празникот Курбан Бајрам. Шаќири во пораката вели дека Курбан Бајрам е голем празник затоа што содржи многу историски и општествени димензии со извонредно значење за човештвото воопшто, и особено за верниците. – Во овие денови заврши објавувањето на Светиот Куран, со кој Исламот како вера и систем на живот, за сите времиња и места, ја доби својата последна форма. Се извршува петтиот исламски услов – Хаџ, и во текот на Курбан Бајрам се извршува задачата за колење на курбани, што е главната порака за афирмација…
Најпознатата млада активистка за заштита на природата, Грета Тунберг, по повод катастрофалните поплави што го погодија западниот дел на Европа, предупреди дека сè што се случува не е „новото нормално“ и дека климатската криза нема да може да се спречи, „доколку не се справиме со проблемот со климатските промени“. „Смртоносна топлина, поплави, бури, шумски пожари, суши, пропаднати посеви … Ова не е новото нормално“, напиша Грета на својот Фејсбук профил. Таа исто така предупреди дека се наоѓаме на почеток на климатските и еколошките опасности и дека екстремните временски прилики ќе станат се почести. „По неодамнешните катастрофални настани, особено во Западна…
Претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен изјави денеска во Прага дека е апсолутно неприфатливо властите или тајните служби да го користат израелскиот софтвер „Пегаз“ за шпионирање новинари или активисти на невладини организации. – Проверуваме дали се случило тоа, но ако е точно тогаш е апсолутно неприфатливо и е спротивно на сите правила. Во Европската унија имаме слобода на медиумите и слобода на говор, и тоа е еден од столбовите на Унијата, истакна Фон дер Лајен на прес-конференција со чешкиот премиер Андреј Бабиш. Претседателката на ЕК реагираше на медиумските објави за скандалот во кои се вмешани некои влади…
„Сe укинува дополнителната акциза на дизел горивото со што граѓаните ќе плаќаат два денари пониска цена. Целта е да се заштити стандардот на граѓаните преку утврдена варијабилна акциза која зависи од цената на светската берза“, информираат од Владата. Оттаму додаваат дека со измените што се направени во Законот за акцизите во април годинава ќе нема висок раст на цените на горивата, така што поставиле варијабилна маргина која е поврзана со цената на барел нафта на светската берза. -Така, ако цената на нафтата на светската берза расте, оваа маргина ќе се намалува што ќе влијае на крајната цена на горивата кај…
Членовите на собраниската Комисија за труд и социјална политика денеска го разгледаа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, во прво читање и едногласно оценија дека е прифатлив и може да се даде на натамошно, на второ читање. Со овој Предлог-закон се определува недела како ден на неделен одмор за сите, со одредени исклучоци кај работодавачи во дејностите каде работниот процес не дозволува да се направи прекин на работниот процес. Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска образложи дека дека ова законско решение е наменето за работниците и додаде оти не сакаат да има отпуштање на работници.…
Само четири плажи во Струга и струшко имаат ангажирано спасители на вода, за поголема безбедност на капачите во водите на Охридското Езеро. Секретарот на општинската организација на Црвен крст – Струга, Адуриме Даути, информира дека до сега спасители на вода ангажирале градските плажи „Версус“ и „Дада“ , автокампот Ливадиште и хотел „Изгрев“ за плажата и аквапаркот. – Оваа туристичка сезона само десетина спасители склучија договор со концесионерите на плажите, вклучувајќи го и аквапаркот во хотел „Изгрев“. Останатите плажи не се обезбедени со обучени спасители на вода, изјави Даути. Изминатите години, додаде, уште три – четири градски плажи ангажирале спасители на…
Враќањето на поднесената интерпелација повикувајќи се на усогласување на членот 136 од Деловникот на Собранието и позитивното право е неосновано и спротивно на Деловникот на Собранието на Република Македонија, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, откако претходно собраниските служби ја вратија поднесената интерпелација за спикерот Талат Џафери. -Укажуваме дека интерпелацијата и нејзината форма се единствени и дека врз нив не се применуваат одредбите кои што се однесуваат на предлог на закони како што е наведено во самото барање односно не се повикуваат на членот 136 од Деловникот. Членот 136 се однесува на поднесување на предлог на закони,…
Германскиот систем за предупредување од природни катастрофи е критикуван поради задоцнето предупредување на граѓаните за време на поплавите што ја зафатија западна Германија минатата недела. „Кога станува збор за заштита од катастрофи, ние сме исто толку лошо подготвени како што бевме со пандемијата“, изјави за „Рајнише пост“ Карл Лаутербах, портпарол на владејачката Социјалдемократска партија на Германија (СПД). Тој рече дека Германија треба да биде подобро подготвена за вакви случаи затоа што во иднина ќе има „и повеќе пандемии и повеќе катастрофи“ како онаа што ја погоди земјата минатата недела. Политичарот на опозициската Либерално-демократска партија (ФДП), Михаел Теурер рече дека настанал…
Конкурсот за пријавување на кандидати за реонски попишувачи и инструктори за претстојниот попис ќе биде објавен утре во четири дневни весници, како и на веб-страницата www.Popis2021.stat.gov.mk каде ќе биде активна и апликацијата за електронско пријавување, информираат од Државниот завод за статистика. – Ги повикуваме сите заинтересирани, како и сите оние кои се пријавија на првиот повик во март годинава, да ја пополнат апликацијата и да станат дел од големиот пописен тим кој во септември ќе го спроведе долгоочекуваниот Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, се вели во соопштенито од ДЗС. Конкурсот ќе трае до 5 август…
Европската унија вакцинирала повеќе граѓани против КОВИД-19 со прва доза од Соединетите американски држави, според податоците објавени во саботата. 55,7% од граѓаните на ЕУ ја примиле првата доза до викендот, во споредба со 55,5% од Американците, пишува Евроњуз. Францускиот заменик министер за европски прашања Клеман Бон ги објави бројките во саботата и го поздрави достигнувањето: „Продолжуваме, забрзуваме!“, напиша тој. Новите податоци доаѓаат откако заедницата од 27 држави се соочи со остри критики поради бавниот почеток на кампањата за вакцинација, поради доцнењето во снабдувањето и логистичките проблеми. Соединетите држави сепак предничат во однос на ЕУ во целосната вакцинација, со 48,1% вакцинирани…