Author: НОВА ТВ

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев во изјава за медиумите вечерва истакна дека очекува парламентарното мнозинство да се стабилизира, пренесе ТВ21. „Искрено очекувам дека демократското парламентарно мнозинство ќе се стабилизира, пред се тоа што е ориентирано за евроатлантскиот пат, за мултиетничкото наше општество, за држење на меѓусоседските односи и тоа што е ориентирано кон позитивните реформи во државата. Затоа се овие напори, уште еднаш напоменувам, вечерта на 31-ви кога ги објавив оставките од двете функции реков останувам периодот за да се посветам да помогнам во одржувањето на парламентарното мнозинство“, порача Заев. https://youtu.be/CmCvKajmtXk

Read More

Заев направи добро што не се повлече. Ова го кажувам како дел од актуелното мнозинство. Не треба да се води од моментални емоции, изјави вечерва претседателот на Собранието, Талат Џафери во емисијата „Клик плус“ на ТВ21. Според него, премиерот не треба да носи емотивни одлуки, затоа што има одговорност да ја води Владата. -Има седница закажана во четврток. Седницата мора да има епилог. Епилогот може да биде, се гласа недоверба – паѓа Владата, не се гласа недоверба – не паѓа Владата. После тоа наредните 90 дена не може да има повторно гласање на недоверба. Затоа е даден рок од 90…

Read More

Вечерва заседаваа Извршниот и Централниот одбор на СДСМ, кое е највисоко тело меѓу двата конгреса на партијата и како што информираат од Бихаќка, на седницата се дебатирало за актуелната политичка ситуација а резултат од сето тоа е одложена оставката на Зоран Заев , чин пропратен со аплаузи и овации од членовите на овие две тела. ЦО на СДСМ побарал лидерот на СДСМ  и премиер , Зоран Заев да го одложи поднесувањето на оставката се до стабилизирање на земјата. Да се чека собраниската седница за гласање доверба на владата, на иницијатива на неколку партии предводени од ВМРО-ДПМНЕ, и потоа да се…

Read More

Владата на денешната 118. редовна седница донесе одлука за утврдување на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на државата, поради недостиг на електрична енергија на домашниот пазар предизвикана со повремени испади на поголеми производствени капацитети и недостиг на енергенси за производство на електрична енергија и неможност испадот да се покрие со расположливата резерва во производство на електрична енергија, кои можат да доведат до недостаток на електрична енергија или нарушување на стабилноста на електроенергетскиот систем во Република Северна Македонија. Со оваа одлука, како што појаснува владината прес-служба, се овозможува да се преземат мерки и активности, вклучувајќи и…

Read More

Владата на днешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за иницијатива за изработка Физибилити студија за оправданост од воспоставување на специјална економска зона за трговија и стоки (Trade and Commodities Special Economic Zone TACSEZ) во Република Северна Македонија, која, како што информира Владата, доаѓа како резултат на позитивните трендови во Технолошко-индустриските зони (ТИРЗ) кои налагаат дополнителна поддршка на инвеститорите во воспоставување на специјални економски зони за трговија и стоки кои во голем број земји во Европа се покажале како добар модел во насока на зголемување на инвестициите и нивна одржливост. -За Република Северна Македонија, како првична предност за воспоставување на…

Read More

Прерано е да се зборува за цената на електричната енергија, бидејќи прво треба да се расчисти кој и колку може да произведе струја во државата, со цел притисокот да не биде постојано врз ЕСМ, смета претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимовски. – Треба ЕСМ да има цена по којашто ќе си ги покрива своите трошоци и врз основа на тоа да си го планира производството, а „ЕВН хоум“ набавката. Доколку трошоците на компаниите за набавка на електрична енергија се превисоки, тогаш РКЕ ќе ја разгледа опцијата за намалување или целосно укинување на профитите на…

Read More

Во четврток во Скопје доаѓа првиот човек на Европската енергетска заедница Јанез Копач, дознава ТВ 24. Првиот човек на ЕЕЗ Копач, ќе оствари средби со енергетските власти во земјава, а со претседателот на Регулаторна комисија, Марко Бислимовски предвидена е заедничка прес конференција. Копач доаѓа во Македонија два дена откако владата прогласи 30 дневна кризна енергетска состојба и одлучи да вбризга 65 милиони евра во енергетските компании. Инаку, инцидентите и хавариите во електроенергетските капацитети никој не може да ги предвиди, но тие не треба да бидат изненадување ако се земе предвид дека гаранциите на производителите се 35 години, а во земјава…

Read More

Кочанскиот градоначалник, Љупчо Папазов, кој пред два дена колабираше на прес конференција со партискиот лидер Христијан Мицкоски е позитивен на коронавирус, објави ТВ24. Вирусот прво му е потврден со брз, а подоцна и со ПЦР-тест. Попладнево е прегледан, но не е задржан на болничко лекување. Засега нема информации дали и некој друг од 42 градоначалници кои без маски присуствуваа на прес-конференцијата е позитивен на вирусот или ќе оди во изолација. Папазов вчера ја презеде градоначалничката функција, а оствари средба и со кочанските советници. Од утре работите во општината ќе ги координира од дома. Папазов се онесвести на прес-конференцијата што ја…

Read More

Продолжувањето на соработката меѓу напаѓачот Алваро Мората и Јувентус по завршувањето на оваа сезона е под голем знак прашалник, бидејќи клубот од Торино не е подготвен да плати 35 милиони евра за да го откупи неговиот важечки договор со Атлетико Мадрид, објавија денеска италијанските медиуми. Шпанскиот напаѓач дојде во Јувентус во 2020, на двегодишна позајмица, за што „Бјанконерите“ платија 20 милиони евра, а на истекот на оваа сезона можат да го откупат неговиот договор за 35 милиони евра. Медиумите наведуваат дека таа сума е превисока за Јувентус и клубот веќе почнал преговори со Атлетико за евентуално намалување на откупната клаузула.…

Read More

Пратеникот од Алтернатива Скендер Реџепи го прифаќа предизвикот кој денеска му го предложи координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, објави ТВ 21. Според телевизијата, во седиштето на партијата попладнево се разговара за поканата на Мицевски и оттаму произлегува како можна опција уривањето на Владата. Реџепи вчера изјави дека бил прелажан да се потпише на иницијативата за новото парламентарно мнозинство. Тој не сака да учествува во уривањето на Владата заедно со пратеници од Левица. Изјави дури и дека ќе ја напушти Алтернатива доколку партијата заедно со Левица учествува во уривањето на Владата. Мицевски денеска преку социјалните мрежи му понуди…

Read More

Претседателот Стево Пендаровски денеска приреди прием по повод одбележувањето на 70-годишнината од основањето на Правниот факултет „Јустинијан Први“. Приемот кај шефот на државата, на кој присутвуваа ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и членовите на Деканатската управа на Правниот факултет, е приреден во рамки на одбележувањето на значајниот јубилеј на овој факултет, кое се одржува под покровителство на претседателот Пендаровски, информираат од неговиот Кабинет. – Претседателот Пендаровски, честитајќи го јубилејот на Правниот факултет„Јустинијан Први“, ја истакна неговата улога во градењето на современата македонска држава, придонесот во нашиот правен и политички систем, како и во процесите на демократскиот…

Read More

Свеченото доделување на наградата „Бест“ (The Best) ќе се одржи на 17 јануари идната година во Женева, објави денеска Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА). – Церемонијата ќе остане виртуелна „во согласност со здравствените мерки“, соопшти ФИФА. Доделени ќе бидат вкупно 11 награди, од кои најзвучни традиционално се признанијата за најдобар фудбалер и фудбалерка. Процесот на гласање почнува на 22 ноември, а завршува на 10 декември.

Read More