Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,27% во однос на Одлуката од 22.11.2021 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 0,50 денари/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) не се менува. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,298 денар/килограм. Од 30.11.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 74,50 (денари/литар)…
Полициски службеници од ОВР Кочани вчера ги привеле Б.Д.(31) од с.Бања, И.Ј.(41) од с.Чешиново, Општина Чешиново – Облешево и Д.Д.(25) од с.Бања, кочанско, информираат од МВР. – По претходно добиени сознанија дека на подрачјето на Кочани се вршат прекршоци по чл.80 од Законот за оружје и кривични дела во врска со неовластено држење на оружје по чл.396 од Кривичниот законик, при извршена контрола од страна на полициски службеници, кај Б.Д. била пронајдена и одземена ловечка пушка сопственост на С.М. од Кочани, кај И.Ј. биле пронајдени и одземени две ловечки пушки и Д.Д. кој недозволено поседувал оружје, соопштија од МВР. По…
Состојбата со коронавирусот во училиштата е стабилна и тие остануваат отворени за настава со физичко присуство на учениците, изјави денеска министерката за образование и наука Мила Царовска. Бројките што ги соопшти се исти како и во минатите недели, нема голем број КОВИД-позитивни ученици. Процентот на новозаразени според дневните статистики, рече, се движи од 0,01 до 0,03, а вкупниот број активни случаи во училиштата не надминува 0,3 отсто од вкупно 255 илјади ученици коишто следат настава со физичко присуство. Посочи дека уште од летото училиштата се подготвени за три сценарија и дека најпосакувано е настава со физичко присуство бидејќи е од…
Првиот вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, г. Артан Груби денеска оствари средба со евроамбасадорот, г. Дејвид Гир. Шефот на Канцеларијата на ЕУ, амбасадорот Гир изразил сочувство за трагичниот случај во Бугарија, давајќи поддршка за решавање на случајот во соработка меѓу двете земји. -Поддршка за развојните и интегративните процеси на Република Северна Македонија во Европската Унија со посебен акцент на натамошното унапредување на реформските процеси и политиките на дијалог и стратешките цели на државата, беа само дел од разговорот меѓу двајцата соговорници. Спорот со Бугарија и решавањето на овој спор меѓу двете земји беше дел од…
Австралија денеска го одложи планираното повторно отворање на границите за студенти и квалификувани работници, наведувајќи ја неизвесноста за опасностите и преносливоста на новиот сој коронавирус Омикрон. Австралискиот премиер Скот Морисон по вонредната седница рече дека отворањето нема да биде на 1 декември како што беше планирано и дека ќе биде одложено за најмалку две недели. Тој рече дека ова „неопходно и привремено“ одложување се заснова на медицински препораки. Границите на Австралија се затворени повеќе од 20 месеци за лица кои не се државјани. Австралија регистрира пет случаи на Омикрон варијаната кај патници кои пристигнале од јужниот дел на Африка.
Материјални докази против обвинетите во предметот „Шпански скали” врз кои Обвинителството го темели обвинението, а се однесуваат на злоупотребата на службената должност за договори за продавање на државно земјиште во центарот на Скопје, беа изнесени на денешното рочиштето за предметот во кој се обвинети поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески и неколку службеници од ова министерство. Обвинителката Ивана Трајчева, на денешната расправа изнесе докази меѓу кои се најдоа мислења, барања, потврди, договори, известувања и предмети на кои стојат потписите на обвинетите кои се товарат за злоупотреба на службената должност. Во случајот „Шпански скали“, покрај ексминистерот Јанакиески, обвинети се…
Полициски службеници при контрола на патничко возило „мерцедес“ на автопатот А-1, на местото „Клучка Прдејци“ пронајдени се три мигранти од Куба, соопшти Министерството за внатрешни работи. – Вчера во 11:50 часот на автопатот А-1, на место викано „Клучка Прдејци“, во правец Скопје–Гевгелија, од патролен тим од полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица со тим од Р.Чешка биле лишени од слобода Р.Љ.(55) и А.Ќ.(46), двајцата од Куманово, бидејќи при контрола на патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Љ., во кое совозач бил А.Ќ., биле пронајдени три лица мигранти од Куба, се вели…
Од среда, 1 декември, ќе стапи во сила забраната за пластични кеси, односно ќе биде дозволена продажба само на биоразградливи кеси за кои ќе се наплатува надомест од 15 денари за специјален фонд за животна средина. Откако минатиот месец беше донесена одлуката за забрана за употреба на пластични кеси, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини истакна дека идејата за цената на пластичните кеси е за да се намали употребата на пластиката. – Фондот што ќе се создаде од овие 15 денари за секое купување на пластично кесе ќе отиде на посебен фонд којшто ќе се инвестира во…
На денешната седница Судскиот совет го избра судијата Бурим Сејдини за претседател на Управен суд. На конечната листа за избор имаше петмина кандидати за оваа функција. Сејдини беше претседател на Управен суд во период од 2017-та до 2021 година. При неговиот избор беше нагласена неговата професионалност, организираност, искуството и резултатите кои ги има постигнато. На седницата Судскиот совет определи вршители на должноста претседател во неколку основни судови, Куманово, Ресен и Тетово. Досегашната претседателка Снежана Манев ќе раководи со Основен суд Куманово. За Основен суд Ресен е определена Емељ Кранли Али, која исто така до сега беше на челната функција во…
За по еден сантиметар е зголемен водостојот на Охридското и Преспанското Езеро, додека нивото на Дојранското Езеро е исто како вчера. Со тоа, согласно последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостоите на Охридското и на Преспанското Езеро се пониски од просекот за ноември. Кај Охридското Езеро нивото е за 13 сантиметри пониско од просечното и е три сантиметри над дозволениот минимум 693,10 (мнм), додека кај Преспанското Езеро е за 1,64 метри пониско од повеќегодишниот просек за овој период од годината и е 14 сантиметри под апсолутниот минимум 842,25 (мнм). За разлика од нив, водостојот на Дојранското Езеро…
Неделава во Тирана за првпат 31 прехранбена и 6 дистрибутивни компании од Регионов заеднички ќе настапат на саемот во организација на Коморскиот Инвестициски форум кој го предводиме ние. Пишува: Бранко Азески, копретседател на Коморскиот инвестициски форум Пред речиси 5 години, на големата прослава по повод 95-та годишнина од работењето на Стопанската комора, многумина останаа зачудени кога во делот од програмата каде беше предвидено моето обраќање, во салата полна со над 1000 водечки стопанственици од земјата и регионот, политичкиот врв и дипломатскиот кор во земјата, надвор од планираното сценарио, на сцената ја поканив Татјана Штерјова (сега со додадено и Душковска), во…
Мароканските власти синоќа соопштија дека од денеска ќе ги суспендираат сите летови кои пристигнуваат од целиот свет на две недели поради Омикрон, нов сој на Ковид-19. Привремената забрана ќе трае две недели, јавија локалните медиуми, повикувајќи се на здравствениот комитет. Одлуката е одговор на „брзото ширење“ на Омикрон, особено во Европа и Африка, објаснуваат здравствените власти. Тие наведуваат дека редовно ќе ја проценуваар состојбата за доколку има потреба да се менуваат мерките. Сојот наречен Омикрон од Светската здравствена организација (СЗО), ги доведе во прашање глобалните напори за борба против пандемијата бидејќи постои стравување дека Б.1.1.529 е многу заразен, што поттикна…