Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како со „малата“ Тања создаваме „голем бизнис пазар“

0
By НОВА ТВ on November 29, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 29, 2021 09:00

Неделава во Тирана за првпат 31 прехранбена и 6 дистрибутивни компании од Регионов заеднички ќе настапат на саемот во организација на Коморскиот Инвестициски форум кој го предводиме ние.

Пишува: Бранко Азески, копретседател на Коморскиот инвестициски форум

Пред речиси 5 години, на големата прослава по повод 95-та годишнина од работењето на Стопанската комора, многумина останаа зачудени кога во делот од програмата каде беше предвидено моето обраќање, во салата полна со над 1000 водечки стопанственици од земјата и регионот, политичкиот врв и дипломатскиот кор во земјата, надвор од планираното сценарио, на сцената ја поканив Татјана Штерјова (сега со додадено и Душковска), во тоа време соработник во Арбитражата во Комората, како млад кадар од Комората со големи перспективи, да поразговараме за прашањата како ја гледа Комората во пресрет на стотата годишнина – времето покажа зошто.

Во годините кои следеа, Тања одлучи да го прекине дотогашниот ангажман на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, каде речиси 5 години беше ангажирана како соработник во настава за предметите од областа на граѓанското процесно право, и целосно да се префрли со работниот ангажман во Комората, каде низ годините беше ангажирана на различни позиции (преку советник за правна регулатива, секретар на Арбитражата, советник на Управниот одбор на Комората, директор на Дирекцијата на здруженија и регионални комори), вклучена во стотици активности кои ги реализиравме во Комората, подготовката на иницијативи, анализи и истражувања, во секојдневна комуникација со компаниите-членки. Во меѓувреме докторираше, положи правосуден испит, објавуваше стручни трудови и публикации…
Паралелено со се ова, некаде од средината на 2017 година, Тања се вклучи во активностите на Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан, асоцијација која ја формиравме заеднички шесте стопански комори од регионот, како резултат на Берлинскиот процес, со цел да биде заеднички глас на стопанството од регионот во борбата за надминување на бариерите, подобрување на бизнис климата и условите за работење во целиот регион.

Од март оваа година, Тања е генерален секретар на КИФ, асоцијација која се покажа како клучна за давањето на нов импулс во регионалната соработка, во време на најголемите предизвици со кои бизнисмените се соочиле во последниве децении. Заеднички со Тања во изминатите месеци направивме многу – КИФ беше координатор на заедничката акција за вакцинација на бизнисмените од регионот во Србија во март, во време кога вакцините се уште не беа достапни; се покрена Бизнис советот на КИФ, кој во јуни имаше средба со комесарот Вархеји; организиравме регионална конференција за градежништво и инфраструктура во септември, на која фокус беше ставен на практиките за циркуларна економија во градежништвото, како иднина кон која треба да се движи регионот, како и Б2Б средби на кои учествуваа 79 компании (вклучувајќи и 17 македонски); спроведовме програма за 30 мали ИТ компании од регионот (по 6 од секоја држава од регионот) за време на Дигиталниот Самит за Западен Балкан во октомври; го завршуваме мапирањето на добавувачите од регионот, во рамки на програмата за вмрежување на компаниите од регионот во регионалните ланци на снабдување и нивно вклучување во глобалните ланци; организиравме десетици обуки и тренинзи за компаниите; за 23 конзорциуми од средни стручни училишта и компании одобрени се грантови во висина од 9,68 милиони евра преку Регионалниот фонд за предизвици за унапредување на системите за дуално образование и учење преку работа (меѓу кои се и 5 македонски конзорциуми во кои се вклучени 20 македонски компании, за кои се одобрени 2,45 милиони евра).

Уште една заедничка активност во рамките на КИФ не очекува неделава, каде за првпат ќе имаме заеднички штанд на за компаниите од целиот регион на Саемот во Тирана, со делегација која брои 31 компанија од прехранбената индустрија и 6 водечки дистрибутери/ланци на супермаркети од шесте држави од Западен Балкан. Планирани се директни состаноци за воспоставување на соработка меѓу производителите од секторот прехранбена индустрија и дистрибутерите/ланци на супермаркети од шесте држави, со цел да им се помогне на компаниите полесно да ги пласираат своите производи на регионалните пазари, но и директни Б2Б средби со сите учесници и изложувачи на Саемот (повеќе од 500).

КИФ се покажа како витална алка за надминувањето на бариерите (политички, технички, но пред се, мисловни), во годината која по многу нешта се покажува како најпредизвикувачка за иднината на регионот, кога речиси во сите 6 држави од регионот има по некоја „кризна состојба“. Како платформа, признаена од Европската Унија и сите меѓународни чинители, мора да продолжи во спроведувањето на заедничкиот регионален пазар и интегрирањето на економиите од регионот во ЕУ, без оглед на прогресот на некои билатерални или трилатерални иницијативи кои се појавуваат – истите проблеми го мачат бизнисот од Нови Сад до Бар и Саранда, од Неум до Дојран…и на нив мора да одговориме заеднички.

п.с. Ете тоа е проектот КОМОРА НА ИДНИНАТА, сопствено изграден кадар, директна поддршка за компаниите и грантови од европските фондови. Како по учебник – тоа го може само Стопанската комора на Северна Македонија.

Бранко Азески
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.