Author: НОВА ТВ
Најавите од страна на опозицијата за формирање ново парламентарно мнозинство министерот за правда Бојан Маричиќ ги отфрли како неосновани: „Прекројување на волјата на граѓаните не е начин за промена на власта, така што мислам дека Мицкоски не треба на тоа да се надева, туку дека тоа повеќе го користи како мотивација за неговите членови да излезат на гласање зашто им е јасно дека владата има уште три години мандат кој планира да го искористи“. Тој дури отиде и подалеку најваувајќи дека по избрите постојат две опции кои се најреални. Едната е да остане сегашното мнозинство од 62 пратеника, или да…
САД воведоа нови санкции против Иран пред клучниот состанок за продолжување на нуклеарните преговори
САД денеска воведоа нови санкции против Иран додека претседателот Џозеф Бајден се подготвува за клучна средба со европските лидери во текот на викендот, на која ќе се разговара за можното продолжување на нуклеарните преговори со Исламската Република. Американското Министерство за финансии најави нови санкции против двајца високи членови на Иранската револуционерна гарда и две тесно поврзани компании за снабдување со смртоносни дронови и други воени материјали за бунтовничките групи во Ирак, Либан, Јемен и Етиопија. Иако санкциите не се однесуваат на иранската нуклеарна програма, администрацијата на Бајден соопшти дека сака да работи на можно продолжување на преговорите за заживување на…
„Ако дозволиме Генералниот урбанистички план во 2022 година да го донесат истите луѓе што го донесоа во 2012, ќе живееме во истите кризи што ги живееме сега во урбанистичка смисла. Имаме делови од градот што се неповратни, а тоа не смееме да дозволиме да се случи со остатокот од градот“, кажа кандидатот за граодначалник на Град Скопје од СДСМ и коалицијата, Петре Шилегов на МТВ. Тој додаде дека стратегијата за развој на градот е тој да се шири кон северниот дел, со цел да се заштитат оние делови каде што сега има прекумерна урбанизација. „Градот мора да се шири, тоа…
„Во целата кампања зборувам со факти и аргументи за Центар да биде позелен. Нема да дозволиме да има никаква сеча и ќе мора да се почитува законот за 20 отсто зеленило за секоја градба и задолжителен паркинг простор во самата парцела“ кажа кандидатот за градоначалник на општина Центар од СДСМ и коалицијата, Горан Герасимовски на дебатата на Телма. Тој додаде дека сега инвеститорите го изигруваат законот и тие 20 отсто зеленило ги ставаат на крововите или во одредени жардениери, што мора да биде сопрено. „Се знае што е 20 отсто, во самата парцела мора да биде тоа, а не на…
Буџетот на општината секогаш мора да се носи со учество на граѓаните, тоа го налага и Законот за локална самоуправа, бидејќи тоа се пари кои во општината одат во страна на граѓаните и затоа тие мора да бидат информирани каде се трошат нивните пари, изјави кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Општина Центар, Наташа Котлар во дебатата на Топ Тема на Телма телевизија. Котлар изјави дека како и за Буџетот така и за деталните урбанистички планови мора да учествуваат граѓаните, бидејќи во моментов власта измислува разни оправдувања за спроведување на лош детален урбанистички план. Во однос на животната средина и…
Акo воопшто постоеше црна кампања тоа е онаа која ВМРО-ДПМНЕ ја води пет години, а особено последниве пет месеци, за мене за семејството, за се, за Данела Арсовска немам изговорено ниту еден лош збор и не е проблем државјанството туку зошто ја излажа македонската јавност, а тоа не е црна кампања, таа може да се чувствува како сака дури и како Бугарка, но проблемот е во криењето, рече кандидатот и актуелен градоначалник, Петре Шилегов во гостувањето на вестите на Сител. -Јас се уште немав дебата со неа, не знам што ја навредило досега, ама бегањето од дебатата е нешто што…
Македонскиот пат кон ЕУ е посебно тежок, за жал, можеби и најтежок. Почнавме меѓу првите и Договорот за стабилизација и асоцијација го потпишавме пред Хрватска која веќе осум години е членка на Унијата, а ние не можеме да го почнеме процесот, уште сме пред вратата, чукаме на вратата, нагласува вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров. – Првиот добар извештај стигна во 2009 година. Значи ние имаме над 10 добри извештаи коишто не се доволни за акција. Ние имаме сосем споредливи резултати и со Србија и со Црна Гора – земји коишто се во процесот веќе со години, и во првиот…
Во Скопје го вративме мирот, заедништвото и спокојот и Скопје конечно стана град за сите, кажа кандидатот за градоначалник од СДСМ, Петре Шилегов во гостувањето на Сител телевизија. Тој додаде дека било вложувано во инфраструктура во сите делови од градот и сега е важно да се заштити централното јадро и да се создаде нова зона за развој во северниот дел. -Скопје е жртва на ГУП од 2012 година, донесен од истите луѓе што сега стојат зад Арсовска и не смее новиот ГУП во 2022 година да го носат истите тие луѓе. Воедно, шиканирањето на луѓе, правењето списоци и заканите за…
На последниот ден од изборниот циклус за вториот круг локални избори за градоначалник на Град Скопје, кандидатката Данела Арсовска оствари средбата со жителите од Шуто Оризари и изјави дека асфалтирани и безбедни улици и соодветна комунална инфраструктура за општината ќе бидат во фокусот на почетокот од нејзиниот мандат. „Во текот на целата изборна кампања, посетив многу места, остварив средби со жители од сите скопски општини. Граѓаните навистина не бараат многу, а она што го бараат е лесно остварливо преку брзи и ефикасни решенија, неопходно е само подобро менаџирање. Сметам дека не е во ред општини од главниот град да…
„Сликата од терен е позитивна, нашите гласачи во поголем број ќе излезат во вториот круг и ќе ни дадат поддршка. Во првиот круг сме победници, иако очекувавме поголема излезност и поголеми бројки. Сепак очекуваме и дополнителни гласови во вториот круг од останатите партии и кандидати кои веќе отпаднаа“ кажа кандидатот за градоначалник на општина Центар од СДСМ и коалицијата, Горан Герасимовски на дебатата на Телма. Тој додаде дека во изминативе денови учествувал на неколку дебати со незвисните листи и други партии на кои се размениле мислења, предлози и идеи кои биле компатибилни со неговата програма поради што верува дека нивните…
Играчите на Баерн Минхен не се машини и тие исто така можат да имаат лош ден, рече тренерот на најтрофејниот германски клуб Јулијан Нагелсман, обидувајќи се да го објасни шокантниот пораз на неговиот клуб од Борусија Менхенгладбах (0-5) во рамки на националниот куп. За Баерн тоа беше најтежок пораз во германскиот куп во клупската историја, и воедно највисок пораз во последните 43 години. – Ние сме луѓе, а не машини, изјави Нагелсман на денешната виртуелна прес-конференција. – Покажавме дека сме ранливи, но важно е да извелечеме поуки од овој натпревар, кој влезе во историјата и мораме да ги прифатиме критиките.…
Не го оставај Скопје во неизвесност. Изгубено Скопје значи дека државата ни отишла во опасност, напиша Марјан Забрчанец на својот фејсбук профил. „Скопје бара одлука, а тоа значи излегување на гласачко место и гласање. Недела е денот. Гласај. Не ги оставај Градот и државата на сомнителни лица. Гласај за да знаеш на што си. Гласај за 12, за Петре, за СДСМ. Гласај за јасна, извесна и проверена опција. Гласај за тие што што слушаат, што уважуваат, што се подобруваат“, пишува Забрчанец.