Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Во Виена денеска се водат нови преговори во обид да се заживее нуклеарниот договор со Иран. Тоа е прво дипломатско зближување по петмесечна пауза и смена на кормилото на Иран. Нуклеарниот договор со Иран беше усвоен во Виена во 2015 година по повеќегодишни преговори кога се согласи да ја ограничи нуклеарната програма на Иран и да го спречи развојот на нуклеарно оружје. За возврат, санкциите кон Иран беа укинати. Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го сметаше за лош договор и во 2018 година најави повлекување на неговата земја од тој договор. Следуваа нови санкции, кои му нанесоа голема економска и…
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни. До крајот на денот на планините над 1500 м.н.в врнежите ќе преминат во снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 9, а максималната од 9 до 16 степени. Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 13 степени. Денеска и во вторник претпладне ќе има повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни и поројни. Поради продор на…
„Не постои резервна планета“ е слоганот на новата кампања „„ЕУ со ТЕБЕ“ фокусирана на Европскиот зелен договор, што ќе ја промовираат денеска шефот на Делегацијата на Европската Унија во државава Дејвид Гир и вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров Целта на кампањата е да ја подигне свеста за Европскиот зелен договор и неговата клучна цел – да достигне нето нула емисии на стакленички гасови до 2050 година, со што Европа ќе стане првиот климатски неутрален континент. Северна Македонија се обврза да работи кон оваа цел за 2050 година заедно со Европската Унија преку Зелената агенда за Западен Балкан, одобрена од…
Премиерот Зоран Заев и претседателот на Алтернатива Африм Гаши денеска ќе одржат нова средба за тоа дали партијата ќе се приклучи во Владата и парламентарното мнозинство или ќе остане во опозицискиот блок. Ова е втора средба на Заев и Гаши, откако на 19-ти месецов тие разговараа за условите и улогата на Алтерантива во новото парламентарно мнозинство, а конечната одлука беше оставено да ја донесат партиските органи. Централното претседателство на Алтернатива во петокот го овласти Гаши да почне разговори со сите политички актери, со премиерот и со евентуалниот нов мандатар за да се види каков е нивниот концепт за излез од…
Уште тројца од повредените македонски патници во автобуската несреќа во Бугарија се очекува да пристигнат денеска, откако двајца во саботата беа хоспитализирани во Универзитетскиот Клинички Центар „Мајка Тереза” во Скопје. Како што информираше министерот за здравство, Венко Филипче, двајцата се стабилни, со полесни повреди и ќе бидат задржани на лекување на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија. Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, пак, вчера изјави дека се очекува останките од телата на починатите да пристигнат оваа недела. Хоспитализираните пациенти во Скопје се пациентка на 17 годишна возраст и пациент на 49 годишна возраст, повредени во автобуската несреќа што се…
Комисијата за заразни болести денеска на редовниот состанок околу состојбата со коронавирусот се очекува да расправа и за новата мутација на вирусот наречена „Омикрон“. На седница на Владата, пак, утре треба да се одлучува за новата предложена мерка за финансиска стимулација на матичните лекари доколку бројот на нивните вакцинирани пациенти против Ковид-19 надмине 70 проценти. По вчера регистрираните 333 новозаразени во државава сега се активни 8.398 ковид случаи. – Во однос на новиот сој на Ковид-19 сега е се уште рано да се каже точно, станува збор за нова мутација на вирусот „Омикрон“ која има бројни мутации посебно во делот…
Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска е трет ден за амандманска расправа по Предлог-буџетот за следната година. Поднесени се вкупно 223 амандмани, а расправата треба да заврши задутре. Министерот за финансии фатмир Бесими во текот на расправата информираше дека следната година ќе се формира нов Интервентен фонд за поддршка на земјоделците, а средствата во висина од 250 милиони денари се обезбедени преку амандманска интервенција на Предлог-буџетот. – Преку дискусија со издржани аргументи може да дојдеме до решение. Сите сме свесни дека земјоделството е важен сектор во нашето стопанство и дека има потреба да се интервенира кога на пазарот…
Остануваме оптимисти за решение на прашањето со Бугарија до крајот на годината. Сметам дека се уште е реално да се очекува дека барем може да се подготви теренот за да се дојде до договор, што може да биде донесен во јануари. Сигналите од потенцијалниот нов премиер на Бугарија се охрабрувачки, тој има порационален пристап, велејќи дека историјата не треба да биде главно прашање во билатералниот дијалог, туку само дел од него, изјави во интервју за МИА словенечкиот амбасадор Милан Предан. Тој смета дека од друга страна треба да бидеме реалисти, бидејќи времето е кратко, само две-три недели до 14 декември…
Поради реконструкција на водоводна мрежа на ул.„Тодор Александров“ 38, на 28 ноември (недела), прекинатото водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од „Ацо Караманов“, дел од „Караорман“, „Периша Савелиќ“, „Ловќенска“ -подулици 3,5,7 ,9 и дел од „Загребска“, вклучително ЈЗУ Болница Козле, претседателските вили и сите дипломатски претставништа на наведените улици, соопштија од ЈП „Водовод и Канализација“. Како што додаваат водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со активностите.
Има потреба од интервенција во законските решенија и оти со договор и со консензус во нашите парламенти треба да ги имплементираме, а со нив новинарите во однос на сигурноста и безбедноста на работата би се третирале како службени лица кои извршуваат обврска за и во име на граѓаните. Таа одредница треба да ја имплентираме имајќи предвид дека сите ние во регионот целиме да бидеме членки на Европската унија, изјави денеска претседателот на Собранието Талат Џафери на Регионална конференција за „Подобрување на дијалогот меѓу парламентите и новинарите од Западен Балкан”. Ова е прва ваква конференција во регионот на која учествуваа претставници…
Претставниците на Јавното обвинителство на Бугарија денеска пристигнаа во Јавното обвинителство на РСМ и во текот на утрешниот ден ќе им бидат предадени ДНК анализите од роднините на покојните, заедно со документација што е досега обезбедена, пред се одземените документи од „Беса транс“ и податоци од Министерството за транспорт и врски, информираше денеска државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. На експертизата за утврдување на идентитетот од ДНК анализата, Јовески посочи дека ќе присуствуваат и двајца претставници од Судска медицина, единствено, како што рече „со цел да се забрза постапката“. Јовески, исто така, информираше дека во изгорениот автобус денеска е пронајдено уште…
Во однос на сегашната реализација на Буџетот, во делот на приходите од ДДВ, до денеска имаме натфрлање на планот за 26,7 проценти во однос на истиот период лани. Тоа ми дава за право да кажам дека приходите во 2021 година ќе бидат остварени на ниво од 100 проценти, рече заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски на собраниската Комисија за финансирање и буџет. Како што истакна Ковачевски осврнувајќи се на буџетските проекции, во 2022 година економскит раст е предвиден на 4,6 отсто во услови на зголемување на инвестициите, солиден раст на потрошувачката и стабилизирање на надворешната побарувачка. -Предвидено е ниво на покачување…