Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нова средба на Заев со Гаши за влез на Алтернатива во Владата

0
By НОВА ТВ on November 29, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 29, 2021 07:43

Премиерот Зоран Заев и претседателот на Алтернатива Африм Гаши денеска ќе одржат нова средба за тоа дали партијата ќе се приклучи во Владата и парламентарното мнозинство или ќе остане во опозицискиот блок.

Ова е втора средба на Заев и Гаши, откако на 19-ти месецов тие разговараа за условите и улогата на Алтерантива во новото парламентарно мнозинство, а конечната одлука беше оставено да ја донесат партиските органи.

Централното претседателство на Алтернатива во петокот го овласти Гаши да почне разговори со сите политички актери, со премиерот и со евентуалниот нов мандатар за да се види каков е нивниот концепт за излез од политичката криза, додека на седницата на Централниот одбор на СДСМ, што се одржа исто така во петокот, беше констатирана оставката на Заев од лидерската позиција во партијата, но му беше даден легитимитет да ги води преговорите за парламентарно мнозинство.

Една од најзначајните причини поради кои Алтернатива би влегла во Влада, како што изјави вчера Заев, е да обезбеди стабилна влада и стабилно мнозинство поради почеток на преговори со ЕУ.

-Прво треба да се завршат преговорите за парламентарното мнозинство со Алтернатива. Ако тоа се заврши и јавно објави, ќе се направи проценка со стабилно и зголемено парламентарно мнозинство, кога да се влезе во Парламентот со постапка за избор на Влада со Алтернатива, а во зависност од преговорите со Бугарија, кажа вчера Заев, во изјава за Телма.

Во меѓувреме, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера повтори дека владата на СДСМ-ДУИ е нелегитимна и изрази надеж дека претседателот на Алтернатива знае со кого седнува на маса.

Прашан кој е 61-виот пратеник на владејачкото мнозинство во Собранието, Мицкоски рече дека не сака да навлегува во теории кој е 60, а кој 61-виот пратеник, и дека за тоа треба да одговорат СДСМ или ДУИ. Порача дека решение се само брзи предвремни парламентарни избори.

-Едно е јасно, а на тоа беше сведок и народот, дека и тие 59 кои ги имаа дента кога се гласаше недоверба на Владата не беа во Собранието и не застанаа во одбрана на ова владино мнозинство, што за мене претставува кукавички чин. Ако веруваа дека оваа влада е добра и работи во интересите на граѓаните, тогаш требаше да бидат во клупите и да се спротивстават. Тоа е она што јас можам да го коментирам, изјави Мицкоски.

За тоа дали разговарал со Алтенатива за нивниот став од петокот, Мицкоски рече дека нема разговарано детално за нивните преговори со СДСМ и ДУИ, но оти се надева дека претседателот на Алтернатива знае со кого седнува на маса.

– Тоа што го знаеме е дека раководството на Алтернатива го овластило претседателот на партијата да преговара со СДСМ и ДУИ за формирање ново владино мнозинство. Нашиот став поврзано со ова мнозинство или не мнозинство го знаете. Станува збор за најкриминалната и најнеспособната влада што некогаш во овие 30 години функционирала во Македонија и претпоставувам дека раководството на Алтернатива го имала во предвид тој факт и претседателот на партијата ќе ги има кога ќе биде на иста маса да преговара со лидерите на СДСМ и ДУИ, рече Мицкоски.

Шефот на дипломатијата и портпарол на ДУИ Бујар Османи, пак, вели дека има мнозинство во Парламентот и тоа дополнително ќе се зголеми.

– Мнозинство има, тоа можам да го потврдам, очекуваме со овие разговори ова мнозинство да се зголеми дополнително и да биде стабилно за да може во наредните месеци и години да се продолжи со овие сериозни активности на Владата, изјави вчера Османи на прес-конференција за буџетот на Министерството за надворешни работи за 2022 година.

На новинарско прашање кој е тој 61 пратеник за кој СДСМ вели дека го има како владејачко мнозинство и дали можеби е тоа пратеник од Алијанса за Албанците, Османи рече дека не може да има конкретни решенија без да се заврши целиот пакет на преговори, кога, како што рече, „мислам дека самите пратеници ќе кажат кои се дел од мнозинството и ќе ја поддржат оваа евроатланска Влада“.

Во однос на преговорите со Алтернатива, Османи истакна дека тие разговори се заеднички помеѓу сите коалициски партнери, меѓутоа, како што кажа, во име на сите коалициски партнери истите ги спроведува премиерот, бидејќи, рече, „ние имаме разговори, меѓутоа, конкретните детали во однос на програмата на Владата ги пренесува премиерот во координација со нас“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.