Author: НОВА ТВ
Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе одговори на прашањето зошто Лионел Меси го изведе првиот пенал против Лајпциг во Лигата на шампионите (3:2). – Во ред е, сè е до почит. Тој е најдобриот фудбалер на светот, фактот што игра со нас е привилегија, јас отсекогаш го велев тоа. Ако има пенал, тој ќе го шутира, точка. На вториот пенал, тој ми рече: „Пукај“. Беше крајот на натпреварот, тој ми дозволи да го изведам пенал и јас го изведов, изјави Мбапе за „Л’Екип“. Меси реализира пенал во 74. минута од натпреварот, со што резултатот беше 3:2. Во втората минута од…
Тренерот на Челзи, Томас Тухел, го потврди интересот на лондонскиот клуб за напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд. – Разговаравме за Ерлинг неколку пати, вклучително и за време на минатиот летен преоден рок. Точно, во тоа време неговиот трансфер за нас изгледаше нереално. Редовно зборуваме за него бидејќи е фантастичен фудбалер и дефинитивно важна фигура во Борусија, која е сериозен конкурент во Лигата на шампионите. Дали можам да ги замислам Лукаку и Халанд заедно на теренот? Зошто не, можеме да разговараме за тоа! Мислам дека не разговаравме сериозно за ова, но да видиме што може да се случи во наредните…
Во заедничка изјава на американскиот Стејт департмент и Европската унија информираат дека по неодамнешната средба меѓу секретарот Ентони Блинкен и високиот претставник на Унијата, Жозеп Борел, Соединетите американски држави и ЕУ се согласиле дополнително да го зајакнат нивниот заеднички ангажман на Западен Балкан за поддршка на напредокот на регионот на европскиот пат. -Ја потенцираме нашата целосна поддршка за процесот на проширување на ЕУ. Пристапувањето кон ЕУ, кој е наведен како приоритет за целиот Западен Балкан, помага во зајакнување на демократските институции, заштитата на основните права и унапредувањето на владеењето на правото. Овој регион припаѓа на Европската унија. Интеграцијата ќе ја…
Извештајот доаѓа во контекст на неодамнешниот Самит на Европската унија за Западен Балкан, каде се даде недвосмислена поддршка за европерспективата на регионот, кажа евроамбасадорот во земајва, Дејвид Гир. Тој додаде дека во однос на Северна Македонија, според Извештајот, земјата продолжува да ги исполнува условите за почеток на преговрои и е важно што државата одржува постојан чекор за реформите. -Важен е е еланот во овие реформи, особено во делот на борбата против корупцијата. Одржливоста на структурните реформи е постојан процес кој ќе бара ангажирање од повеќе чинители. Извештајот покажува дека до 96% е усогласеноста со надворешно-безбедносните политика на Унијата, изјави Гир.…
Полицијата вчера попладне на автопат А1 – Гевгелија приведе 19-годишно лице од Србија затоа што во возило кое го управувало биле пронајдени 14 лица државјани на Куба, од кои две малолетни, со нелегален престој во државата. – На 19 октомври 2021 околу 15.45 часот на бензинска пумпа на автопат А1 – Гевгелија, полициски службеници од Полициска станица Гевгелија го лишиле од слобода Е.Е.(19) од Република Србија, затоа што во возило „форд галакси“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 14 лица државјани на Куба, од кои две малолетни, со нелегален престој во државата, стои во полицискиот билтен. За…
Потребни се најмалку уште 80.000 луѓе за транспортната индустрија во САД, изјави за Си-Ен-Ен претседателот на Американската асоцијација на возачи на камиони Крис Спиар. Тоа е за 30 отсто повеќе отколку пред пандемијата кога тој сектор имаше недостиг од 61.500 возачи на камиони. Американската економија 71 процент се потпираат на копнен транспорт, но камионите што пренесуваат артикли се само четири отсто од возилата на патиштата. Во моментов во САД има рекорден недостаток на возачи. Во моментов, десетици бродови чекаат со недели да бидат истоварени, бидејќи нема кој да го пренесе товарот. Претседателот Џо Бајден побара пристаништата во Лос Анџелес и…
Планот за забрзан економски раст чија цел е зголемување на економскиот раст, значително зголемување на јавните инвестиции, но и силно поттикнување на приватните инвестиции на среден рок, биле во фокусот на обраќањето на министерот за финансии Фатмир Бесими пред високи претставници на Светска банка. Министерството за финансии денеска соопшти дека состанокот се одржал во рамки на Есенските средби на ММФ и СБ и дека официјалните високи претставници на Светска банка го поздравиле Планот за забрзан економски раст и позитивните оценки во извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата во изминатата година. Планот за забрзан економски раст се очекува да…
Вакцинацијата се одвива со добро темпо на територијата на целата држава. Заклучно со 17ти октомври, со една доза на вакцина против Ковид 19 вакцинирани се 49,4% од населението над 18 годишна возраст. Кај лицата над 40 годишна возраст опфатот со една доза изнесува 57%, кај лицата помеѓу 18-39 години опфатот со една доза на вакцина изнесува 33%, инфформираат од Министерството за здравство. -Според последните податоци, најмногу со прва доза вакцинирани граѓани има во градовите Охрид(65,1%), Кавадарци(65,3%), Неготино(66,3%), Гевгелија(62,4%) и Ресен(60,6%). Помеѓу 50-60% опфат на вакцинирано население со прва доза има во градовите Битола, Кичево, Велес, Берово, Пехчево, Прилеп, Крушево, Скопје,…
Во Извештајот на Европската комисија (ЕК), во којшто на годишна основа детално се оценуваат политиките и напредокот во реформите на секоја земја кандидатка или потенцијална кандидатка за членство во Европската Унија, дадени се позитивни оцени за монетарната политика и Народната банка на Република Северна Македонија. ЕК оценува дека од аспект на монетарната политика, усогласувањето со европското законодавство е во напредна фаза, а се истакнува и дека за време на корона-кризата, централната банка успеа да ја одржи финансиската стабилност, како и да овозможи простор за значителна кредитна поддршка за граѓаните и компаниите. Во Извештајот се нагласува и исклучителната важност на независноста…
Повеќе од 12 национални фудбалски асоцијации ја известија УЕФА за нивните планови да се повлечат од ФИФА која сака Светското првенство на секои две години, објави „Асошиетед прес“. Според изворот, евентуалното повлекување од Светската фудбалска асоцијација (ФИФА), нема да влијае на учеството на клубовите и репрезентациите на турнирите под покровителство на европската федерација. Претходно, ФИФА ги извести националните федерации за плановите за одржување на Светското првенство на секои две години, почнувајќи од 2026 година. Од 1930 година, Мундијалите се одржуваат на секои четири години, со исклучок на 1942 и 1946 година поради Втората светска војна. Претстојните турнири ќе се одржат…
Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, забележа историско достигнување на натпреварот од Лигата на шампионите одигран синоќа против Ливерпул во 3. коло од групната фаза против Ливерпул (2:3). Триесетгодишниот Французин стана првиот фудбалер во историјата на елитното натпреварување кој успеал да постигне два гола и да добие црвен картон на ист натпревар. Гризман постигна два гола во првото полувреме против Ливерпул и доби директен црвен картон во 52. минута, бидејќи со нога го удри во глава напаѓачот на Ливерпул, Роберто Фирмино.
Цените на бензинот и дизелот силно ги погодија Германците во паричникот. Според автомобилскиот клуб АДАК, дизелот во Германија достигна историска рекордна цена од 1,55 евра за литар. Цената на бензинот исто така се индексира до историски рекорд. Еден литар Супер на крајот на неделата чинеше 1,67 евра, а највисоката вредност беше постигната во август 2012 година – 1,70 евра за литар, објави Дојче веле. Цените на горивата растат со месеци и ја поттикнуваат инфлацијата. За 12 месеци, нафтата за потребите на домаќинствата порасна за дури 76,5 отсто, а горивата – за речиси 30 проценти. Не е случајно што само во…