Author: НОВА ТВ
Во Гостивар синоќа се случила тепачка меѓу две групи, а завршила откако полцијаци кои интервенирале на пријава за нарушен јавен ред и мир испукале предупредувачки истрели. Според СВР Тетово утрово два часа по полноќ во СВР Тетово А.Т. (25) од Гостивар пријавил дека околу два часа претходно на улица „Живко Брајкоски“ во близина на угостителски објект по претходна вербална расправија во објектот со А.Н. и И.Н. од Гостивар неколку лица физички го нападнале со тврди предмети. Едниот од напаѓачите извадил и остар предмет со кој му се заканувал. По кратко време дошол и неговиот брат М.Т., но и тој бил…
Милиони дози вакцини против Ковид-19 ќе бидат уништени во САД во услови на глобален недостиг на лекови против коронавирусот, јави „Гардијан“ коментирајќи дека пропаднаа плановите на властите во земјата дека секој Американец ќе сака да се вакцинира. Уште летоска, повеќето вакцини почнаа да истекуваат, а тоа дојде во услови на раширен скептицизам за вакцинацијата. Најмалку 15 милиони дози биле фрлени меѓу март и септември, според анализата на Администрацијата за храна и лекови на САД. Одделна студија покажа дека еден милион дози биле фрлени во 10 држави помеѓу декември и јули. Луизијана, на пример, фрлила 224.000 неискористени дози вакцини, стапка што скоро тројно се зголеми…
Излезноста на гласачките места до 9 часот, според податоците од Државната изборна комисија, е 3,28 проценти. Гласањето започна во седум часот и сите избирачки места се отворени, процесот на гласање е во тек и во најголем дел се одвива непречено, истакна претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски на првата прес-конференција. Посочи дека во одредени избирачки места кои се во помал број се појавиле одредени потешкотии со уредите. Податоци за излезноста до 9 часот ДИК има само од 28 отсто од избирачките места, па поради тоа Даштевски рече дека ќе бидат објавени на следната прес-конференција. Податоците за излезноста на ниво…
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон се очекува денеска да биде пуштен од болница во Калифорнија, каде што се лекува од инфекција неповрзана со Ковид-19, соопшти неговиот портпарол. Клинтон (75), кој беше претседател на САД од 1993 до 2001 година, беше примен во Универзитетската болница Ирвин во Калифорнија, јужно од Лос Анџелес, во вторникот вечерта поради инфекција на крвта. Неговиот портпарол вчера на Твитер напиша дека Клинтон ќе остане уште една ноќ во болница за да продолжи да прима интравенски антибиотици и оти најверојатно ќе биде пуштен денеска, додавајќи дека сите здравствени индикатори се движат во добра насока. Според „Њујорк тајмс“,…
Лондонскиот ресторан на Солт Бае, Нуср-Ет, во последно време не се снаоѓа најдобро со подготовката на вечера. Ресторанот беше мета на негативни критики на интернет, а гостите постојано се вчудовидуваат од цените, пишува порталот Инди100. Даниел Клифорд, кој има ресторан со две Мишелин ѕвездички, зборуваше за вредноста при излегувањето на скапи оброци и ги бранеше цените на сопствените ресторани. Потоа, тој сугерираше дека постои „голема разлика“ помеѓу доаѓањето за вечера во ресторан со две ѕвезди и цената за јадење во Нуср-Ет Стекхаус во Лондон. Зборувајќи за „оној што фрла сол“, тој рече: „Дали сакате стек што чини 630 фунти готвен…
Комесарот за работни места и социјални права на ЕУ предупреди дека, додека растат цените, енергетската сиромаштија во Европа се зголемува. Николас Шмит за ДПА изјави дека во Унијата веќе има милиони кои страдаат од енергетска сиромаштија и додаде дека тој број може да продолжи да расте. Европската комисија може да им помогне на земјите од ЕУ да го ограничат влијанието на сегашните високи цени на енергијата врз јавноста, но пред сè националните влади треба да преземат акција, рече Шмит. Портпаролката на германската Влада Мартина Фиц во петокот рече дека е важно да се има координација ширум Европа и да се…
Гласањето на локалните избори во 80 општини и Градот Скопје започнува во 07:00 часот и ќе трае до 19:00 часот. Право на глас има секое лице што е запишано во изводот од избирачкиот список и поседува важечки документ за лична идентификација – лична карта или патна исправа. Гласачите пристапуваат да гласаат еден по еден, избирачкиот одбор ќе го провери личниот идентитет на гласачот, личниот идентитет се докажува со важечки личен документ и со отпечаток од прсти. За важечки личен документ се смета: важечка лична карта или важечка патна исправа или лична карта чија важност истекла во периодот од распишување на…
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а понекаде во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната од 10 до 17 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде 8, а максималната ќе досигне 12 степени. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), следува период на стабилно и потопло време. До понеделник во планинските подрачја ќе има услови за појава на слаб дожд.…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, соопшти Автомото сојузот. Сообраќајот на регионалниот пат 1202 Дебар-Маврово Ростуше во непосредна близина на Мелнички Мост наспроти Хотел „Дебарски Бањи“, како што се посочува, за патнички моторни возила се одвива наизменично по една коловозна лента. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде…
ОВР Кочани до надлежното ОЈО Кочани поднесе кривична пријава против Р.А. (54) и Б.Ш. (46) од Кочани поради основано сомнение дека сториле кривични дела „повреда на слободата на определување на гласачите” по чл. 160 ст.1 в.в.член 19 од Кривичниот законик, соопшти Министерството за внатрешни работи. По претходна пријава, преземени се мерки од страна на полициски службеници од ОВР Кочани за расчистување на случајот. Утврдено е дека во периодот од 08.10.2021 до 15.10.2021 година во повеќе наврати Р.А. и Б.Ш. со намера да ги спречат да си го извршат избирачко право, им се заканувале на А.Д., С. Д., А.И. и З.М.,…
Во земјава има вкупно 6.813 активни случаи на КОВИД-19 од кои најголемиот број 3.413 се во главниот град по што следат Куманово со 564, Велес со 318, Охрид со 2018, Прилеп со 212 и Штип со 211. Најмалку активни случаи, по еден има во Демир Капија и Пехчево, следи Дојран со два и Македонски Брод со девет, а сите останати општини имаат двоцифрен или троцифрен број активни случаи. Досега во земјава се направени вкупно 1.339.824 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 196.762, бројката на оздравени пациенти е 183.027, на починати е 6.922, а…
Првпат на Локалните избори 2021 во процесот на гласање ќе се применуваат уреди за биометриска идентификација на гласачите. За потребите на 3480 избирачки одбори ДИК од германската компанија „Дермалог“ набави 4000 терминали. Со уредот за биометриска идентификација на гласачите ќе управуваат само претседателот или заменик претседателот на Избирачкиот одбор кои ќе имаат посебни картички што се дел од доверливиот избирачки материјал и се чуваат во избирачкото место. Доколку тие се отсутни, со уредот управува лице од администрацијата определен со мнозинство гласови на присутните членови на избирачкиот одбор. По отворањето на гласачкото место, покрај стандардната проверка на просторијата и целокупниот доверлив…