Излезноста на гласачките места до 9 часот, според податоците од Државната изборна комисија, е 3,28 проценти.

Гласањето започна во седум часот и сите избирачки места се отворени, процесот на гласање е во тек и во најголем дел се одвива непречено, истакна претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски на првата прес-конференција.

Посочи дека во одредени избирачки места кои се во помал број се појавиле одредени потешкотии со уредите.

Податоци за излезноста до 9 часот ДИК има само од 28 отсто од избирачките места, па поради тоа Даштевски рече дека ќе бидат објавени на следната прес-конференција.

Податоците за излезноста на ниво на држава и поединечно по општини може да ги следите на овој линк.