Лондонскиот ресторан на Солт Бае, Нуср-Ет, во последно време не се снаоѓа најдобро со подготовката на вечера.

Ресторанот беше мета на негативни критики на интернет, а гостите постојано се вчудовидуваат од цените, пишува порталот Инди100.

Даниел Клифорд, кој има ресторан со две Мишелин ѕвездички, зборуваше за вредноста при излегувањето на скапи оброци и ги бранеше цените на сопствените ресторани. Потоа, тој сугерираше дека постои „голема разлика“ помеѓу доаѓањето за вечера во ресторан со две ѕвезди и цената за јадење во Нуср-Ет Стекхаус во Лондон.

Зборувајќи за „оној што фрла сол“, тој рече: „Дали сакате стек што чини 630 фунти готвен од Мики Маус или сакате да дојдете во ресторан со две ѕвезди, каде што имате 15 готвачи кои се грижат за се што прават? Има голема разлика, нели?“.

Клифорд беше прогласен за победник во сезоните во 2012 и 2013 година на телевизиското шоу на Би-Би-Си, „Големото британско мени“.

Во меѓувреме, Солт Бае, чие вистинско име е Нусрет Ѓокче, поседува синџир луксузни стекхауси наречени Нуср-Ет. Веќе има ресторани во Дубаи, Њујорк и Миконос, а Лондон е неговиот последен потфат.

Порталот Инди100 го контактирал Нуср-Ет за коментар.