Author: НОВА ТВ
Планираните проекти на земјава во енергетскиот сектор, инвестициите во јавно-приватни партнерства, како и донесувањето и имплементацијата на новиот План за финансирање на економското заздравување и забрзаниот раст беа тема на состанокот што министерот за финансии Фатмир Бесими, заедно со претставници од Министерството за финансии го одржаа во рамки на Годишните средби на ММФ и Светската Банка, со Олга Шловскаја, регионална директорка на Мултилатералната агенција за гарантирање на инвестициите (МИГА) за Европа и Централна Азија и Сарвеш Сури оперативен директор во МИГА. Како што соопшти Министерството за финансии, Бесими на средбата истакнал дека државата има амбициозен, но остварлив план за енергетска…
Меѓународниот борд на фудбалски асоцијации (ИФАБ), задолжен за промени на фудбалските правила, соопшти денеска дека на крајот од овој месец ќе го разгледа предлогот паузата меѓу двете полувремиња на натпреварите да трае 25 минути, а во тоа време би се организирала забавна програма по примерот на американскиот Супербол. Барањето минатиот месец го поднесе Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ), сугерирајќи дека забавната програма би можела да се изведува за време на финалето на Копа Либертадорес. Според правилото 7. од фудбалскиот законик, „играчите на полувреме имаат право на пауза не подолга од 15 минути“. ИФАБ барањето на КОНМЕБОЛ ќе го стави на разгледување…
Северна Македонија се најде на 64 место меѓу 139 држави на листата според Индексот за владеење на правото на Светскиот проект за правда за 2021 година, задржувајќи ја истата оценка од 0,54 индексни поени како и при ланската класификација. Меѓу земјите од регионот од нас подобро рангирани се Словенија на 29-то место со индекс 0,68, Хрватска на 46-то со индекс 0,61, исто колку што има и Грција на 48-то, Косово на 60-то со 0,55, а Бугарија е 62 со индекс исто како и Северна Македонија – 0,54. Босна и Херцеговина е 72 со индекс 0,52, а потоа со индекс 0,49…
На денешниот состанок ги уверивме двата синдикати дека како Управен одбор ќе продолжиме да работиме посветеново за добробит на сите. Ги уверивме дека не треба да бидат загрижени за финансиската стабилност за испплата на плати. Денеска уште утрово, во законски рок, како што е предвидено, беше исплатена платата за сите 2.400 вработени, истакна на денешната прес-конференција генералниот директор на АД „Пошта“ Јани Макрадули. Тој наведе дека на состанокот било договорено, по зголемувањето на минималната плата од 1 јануари, да се разговара како ќе го зголемат бодот, односно како да ја зголемат платата на вработените. Макардули истакна дека по денешниот протест…
Хелсиншкиот комитет за човекови права ги известува граѓаните дека во недела, 17 октомври 2021 година, канцеларијата на Комитетот ќе биде отворена во текот на целиот ден, со цел да им овозможи на граѓаните да пријават повреда на избирачкото право за време на локалните избори. Комитетот ги охрабрува сите граѓани кои сметаат дека нивното избирачко право е повредено да го пријават случајот во канцеларијата на Комитетот, која се наоѓа на ул. „Наум Наумовски Борче“ бр. 83 во Скопје и преку телефонските броеви 02 3119 073 и 072 278 436. Покрај личното и телефонското пријавување овозможена е и пријава преку е-пошта на…
Полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево ги лишиле од слобода А.Ќ.(38) од Скопје и И.С.(40) и Т.С.(42), двајцата од скопското село Црешево, осомничени дека во повеќе наврати извршиле кражба во објект во изградба на бул.„АСНОМ“ во Скопје. Од МВР денеска соопштија дека со нив бил извршен разговор, а дел од украдените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците. По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино изјави денеска оти верува дека напаѓачот Килијан Мбапе би можел да се предомисли и да остане во клубот од Париз. Мбапе ова лето бараше од клупското раководство да му дозволи трансфер во Реал Мадрид, но тоа не беше прифатено од челните луѓе, кои настојуваат со него да потпишат нов повеќегодишен договор. – Килијан ќе донесе својата одлука, а клубот ќе стори сè што е возможно да го задржи. ПСЖ може да го убеди да остане. Би можел да се предомисли околу својата иднина на клупски план, изјави Покетино. Реал ова лето понуди 200 милиони евра…
Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ денеска ја претстави својата програма „Создади нова иднина“ пред граѓаните на Македонска Каменица, Пехчево, Делчево и Берово. Од централниот митинг во Берово, претседателот на партијата, Христијан Мицкоски кажа дека „громогласниот молк на тивкото мнозинство на изборите ќе се трансформира во огромен народен тресок“. -Го слушав вчера Зоран Заев како вели ќе победел во 22 општини во првиот круг, а ВМРО-ДПМНЕ само во 6. Ова ми личи на онаа анегдота кога отишол некој да бара работа и на интервју за работа се пофалил дека брзо смета, па кога го прашале колку е 24 по 12 одговорил милион,…
На претпоследниот ден од кампањата сосема е јасна разликата на понудите на СДСМ и коалицијата Најдоброто за мојата општина и останатите политички партии и коалиции. СДСМ и Коалицијата на овие избори ја имаат најдобрата кадровска и програмска понуда за секоја општина. Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ нуди стари, потрошени кадри на Груевски, меѓу кои има и осудени лица и лица против кои се водат судски постапки, истакна претседателот на СДСМ, Зоран Заев по средбата со граѓани во Кичево. -Ние нудиме издржани проекти, проектирани според реални состојби, во рамките на буџетите на соодветните општини, со реални рокови и реален план. Кај нив,…
САД и Грција на третата рунда стратешки дијалог уште повеќе ги зацврстија билатерални односи и потпишаа обновена верзија на Заедничкиот договор за соработка во одбраната. Во текот на церемонијата денеска во Стејт департментот пред потпишувањето на договорот, министерот за надворешни работи Никос Дендијас ја истакна зголемената обврска на Грција да издејствува членство на Западен Балкан во ЕУ. Во текот на заедничката изјава, државниот секретар Ентони Блинкен ја опиша Грција како надежен сојузник и столб на стабилноста во регионот. -Грција е застапник на демократијата, европските интеграции и силни трансатлантски врски, што сите нас не прави посилни, истакна тој. Блинкен изјави дека…
Не постои сомнеж дека се соочуваме со опасна временска појава, рече министерот за климатска криза и цивилна заштита на Грција Христос Стилијанидис во изјавата за невремето што ја зафати цела Грција, а предизвика поплави и сериозни проблеми во Атина, на Евија, на Крф и во други делови од земјата и додаде дека „пред нас имаме тешки два дена“, јави дописничката на МИА од Атина. Стилијанидис соопшти дека сите училишта во областа Атика, поширокиот дел на Атина, на Евија и Халкидики, утре, превентивно ќе бидат затворени, а доколку е потребно, вечерва може да се донесе одлука и за други делови на…
Фудбалската федерација на Албанија го осуди денеска насилничкото однесување на своите навивачи, но, притоа, ги обвини и полските фанови за провокации за време на натпреварот во Tирана во рамки на мундијалските квалификации. Полска во вторникот во Тирана забележа победа од 1:0, а натпреварот беше во прекин околу 20 минути, откако Карол Свидерски го постигна победоносниот гол во 77 минута. Веднаш потоа албански навивачи почнаа да фрлаат пластични шишиња кон полските фудбалери, кои го напуштија теренот. Ден по натпреварот ФИФА отвори дисциплинска постапка против фудбалските федерации на Албанија и Полска и ги осуди инцидентите. – Имавме 22.000 прекрасни навивачи и неколкумина…