Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски: Локалните избори се важни за правецот на државата; ВМРО-ДПМНЕ ја престави програмата во Македонска Каменица, Пехчево, Делчево и Берово

0
By НОВА ТВ on October 14, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 14, 2021 22:03

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ денеска ја претстави својата програма „Создади нова иднина“ пред граѓаните на Македонска Каменица, Пехчево, Делчево и Берово. Од централниот митинг во Берово, претседателот на партијата, Христијан Мицкоски кажа дека „громогласниот молк на тивкото мнозинство на изборите ќе се трансформира во огромен народен тресок“.

-Го слушав вчера Зоран Заев како вели ќе победел во 22 општини во првиот круг, а ВМРО-ДПМНЕ само во 6. Ова ми личи на онаа анегдота кога отишол некој да бара работа и на интервју за работа се пофалил дека брзо смета, па кога го прашале колку е 24 по 12 одговорил милион, затоа што го прашале дали знае брзо да смета, а не точно. Така е и приказната на Заев, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој укажа дека ова се локални избори со суштинска важност за правецот по кој ќе се движи државата, односно избори каде граѓаните со својот глас праќаат порака до власта.

-Вашиот глас на овие избори е порака до тие кои што ја водат земјава 52 месеци. Дали сакате да владеат со апсолутната власт уште 4 години или сакате промени, праша Мицкоски.

Можеби не сум совршена, но сум храбра, како жена и како мајка да се борам за мојот град, да се борам да остануваат нашите деца тука, да им помагам на луѓето, нешто што во континуитет го правам веќе долги години, зошто така сум учена и така сум воспитувана и не сакам да бидам само нем набљудувач за се што ни се случува. Затоа го направив овој чекор, кандидат за градоначалник, зошто сигурна сум дека можам да дадам свој придонес во мојот град, кажа кандидатот за градоначалник на општина Берово, Елеонора Рашкоска на митингот.

Рашкоска посочи дека нејзината визија за Берово е да го врати стариот сјај кој го имаше, повторно да биде град на боеми, занаетчии и еснафи, град на културата, град во кој повторно ќе го има „Беровското културно лето“, град кој ќе има добра инфраструктура и со сите услови кои се еквивалент за услови на 21-ви век.

Да се биде градоначалник на една општина е голема одговорност и ќе ми биде чест и задоволство да работам во служба на моите сограѓани, да ја направиме општината Пехчево подобро и помодерно место за живеење, истакна кандидатот за градоначалник на општина Пехчево, Александар Китански.

– За да докажеме дека не сме исти, гарантираме реализација на проектите кои се наоѓаат во нашата програма, од кои како приоритетни области ги издвојувам економијата преку која општината ќе ја издигнеме економски и ќе овозможиме подобар животен стандард на сите наши граѓани. Да ја подобриме инфраструктурата во општината и да ја зголемиме мобилноста на граѓаните за побрзо и поефикасно поврзување во патната инфраструктура. Исто така ви нудиме неколку проекти како нов оддржлив концепт за урбанизација и домување. Модерното и современото образование за младите од општината исто така е еден од многуте важни приоритети за нас, рече Китански.

Денеска заеднички создаваме почеток на една нова приказна за нашето Делчево. Тоа ќе биде приказна на заедништво, приказна на разбирање и толеранција, приказна за многу нови проекти, за успех на секој граѓанин на Делчево,  истакна кандидатот за градоначалник Николчо Стојменовски.

– Ќе посветиме огромно внимание, знаење и енергија во суштинскиот локален економски развој на Делчево. Оваа планина Голак, оваа река Брегалница се наше непроценливо природно богатство, но пред се огромен потенцијал. Туристичкиот локалитет Голак ќе го добие реконструирано и функционално детско одмаралиште, подобрено водоснабдување и решени имотно-правни проблеми кои го кочеа неговиот развој. Ќе создадеме нова општинска индустриска развојна зона во Делчево со поволности за сите идни инвеститори. Ќе ја развиеме и докомплетираме постојната сервисна зона, рече Стојменовски.

Ние гледаме кон иднината, кон едно посветло поглавје во историјата на Македонска Каменица, истакна кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Димчо Атанасовски. Тој посочи дека ќе се изгради рекреативен центар со содржини за млади и возрасни лица. Ќе се распише и тендер за набавка на медицински услуги за специјалист интернист, очен лекар, педијатар и други доктори, кои по претходно утврден распоред во соработка со граѓаните, ќе им пружаат бесплатни здравствени услуги на нашите сограѓани во здравствената станица и/или во селските средини.

Атанасовски најави изработка на стратегија за долгорочен економски развој на општината која ќе го трасира патот за долгорочен економски развој и создавање на здрава основа за враќање на иселениците во нашата општина, изградба на пензионерски дом и промоција на Македонска Каменица како место каде граѓаните можат да ги живеат пензионерските денови, изградба на станбена зграда за субвенционирано социјално живеење, како и парична помош за социјално ранливи лица.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 5, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

ВЕСТИ July 5, 2026

Компаниите што ги отпуштија вработените врз основа на тоа дека нивните работни места ќе бидат…

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.