Author: НОВА ТВ

Опасност да исчезне од спортската карта и се заканува на Формула 1 доколку не бидат воведени промени, предупреди четирикратниот светски првак во Ф1, Германецот Себастијан Фетел. – Формула 1 не е зеленa и ,тоа не е дискутабилно. Но, живееме во време во кое имаме технологија и можности да ја направиме Ф1 позелена без притоа да загубиме на спектакуларноста и страста, изјави Фетел во интервју за германскиот весник „Ноен Оснабрукер Цајтунг“. – Сега се водат важни разговори за тоа што би можеле да промениме во иднина. Доколку не се случат промени, не сум оптимист. Доколку нешто не се промени, формула 1…

Read More

Запрена е постапката за итно одобрување за употреба на руската вакцина Спутник В, соопшти денеска Светската здравствена организација. Постапката е запрена бидејќи недостасуваат одреден број податоци и усогласеност на правните процедури. – Речиси секојдневно работиме со руското Министерство за здравство на решавање на преостанатите прашања кои треба да ги достави Рускиот фонд за директни инвестиции, соопшти Маријанѓела Симао, помошничка на генералниот директор на СЗО, задолжена за пристап до лекови и здравствени производи. Таа изрази надеж дека постојните недостатоци наскоро ќе бидат отстранети. Симао потврди дека СЗО повторно ќе го отвори случајот, ќе ги процени доставените податоци и ќе ги продолжи…

Read More

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.567 тестирања, а регистрирани се 412 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 207, Куманово – 34, Велес -26, Битола – 18, Кочани – 16, Кичево – 15, Прилеп -14, Тетово, Гостивар и Кавадарци – по 10, Радовиш – 6, Штип и Свети Николе – по 5, Струмица, Крива Паланка, Кратово и Македонска Каменица – по 4, Струга, Гевгелија, Неготино и Виница – по 3, Валандово – 2, Охрид, Ресен, Пробиштип, Богданци, Крушево и Македонски Брод – по 1. Регистрирани сe 459 оздравени…

Read More

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиено известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Аеродром, Карпош, Кисела Вода, Сопиште и Студеничани. Утре без струја од 8 до 15:30 часот, ќе останат дел од бул. „Видое Смилевски Бато“, (блокот спроти ПСС згради бр. 1, 3, 5 и 9) во Општина Аеродром. Од 9 до 14 часот, бул. „Партизански одреди“, зграда бр. 66., во Општина Карпош. Од 9 до 10:30 часот, дел од ул. „Лазар Димитров“ (од бр. 38 до…

Read More

Раководството на Фудбалската федерација на Косово (ФФК) спогодбено денеска го раскина договорот со селекторот на националниот тим Бернард Шаландес по серијата слаби резултати во квалификациите за пласман на Мундијалот 2022 во Катар. Двете страни се разделија по вчерашниот пораз од Грузија (2:1) во Приштина по кој Косово падна на последното место во групата Б со само три бодови од седум натпревари. Швајцарскиот 70-годишен стратег седна на клупата на Косово во март 2018 година и најголемиот успех го постигна во Лигата на нации. Под негово водство Косово се пласираше во плејофот во кој загуби од македонската репрезентација во Скопје. – Со…

Read More

СДСМ пред вас ја презентира најдобрата кадровска и програмска понуда која гарантирано обезбедува развој на општините и на земјата и за која е потребна вашата поддршка. Граѓаните бараат резултати, напредок, подобар живот, развој, истакна претседателот на партијатаво видео обраќање до јавноста. Тој кажа дека СДСМ подготвила проекти и кандидати кои можат најдобро да сработат за развој, за соработка, за подобар живот – во секое маало, секое село, секој град, секоја наша општина, во целата наша убава татковина. Напредокот и развојот на општините е можен и изводлив само преку соработка. Соработката меѓу градоначалникот, членовите на локалниот совет и централната власт е…

Read More

Повеќе од две третини од граѓаните на Романија веруваат дека нивната земја треба да ги брани своите интереси доколку се во судир со правилата на ЕУ, дури и ако тоа би значело напуштање на Унијата, покажува неодамнешното истражување. Околу една третина од испитаниците не мислат дека напуштањето на ЕУ би влијаело на националните интереси, пренесува Еуроактив. Истражувањето покажува дека расте рамнодушноста кон ЕУ кај Романците. Според резултатите од истражувањето спроведено во март и јуни 2021 година, 64,2 отсто и 64,8 отсто од населението, соодветно, сметале дека напуштањето на ЕУ е фер цена за одбрана на националните интереси. Тој процент се…

Read More

Филмот „Сестри“ во режија на Дина Дума е национален кандидат на Република Северна Македонија за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм” за 2022 година. Како што соопштија од Друштво на филмските работници на Македонија, одлуката е донесена од страна на Комисијата за избор на македонски кандидат за оваа награда, составена од Дејан Димески – кинематографери претседател на Комисијата, Роберт Јанкуловски – фотограф и кинематографер, Петар Богоевски – дизајнер на светло, Несрин Таир – актерка, Снежана Поњевиќ-Муча – сценографка, Александар Пејовски – композитори, Дритон Вејсели – актер, а прифатена и одобрена од Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука.…

Read More

Владата на денешната 112-та седница ја разгледа информацијата на Агенцијата за млади и спорт за потребата од основање самостојна независна Агенција за анти-допинг. Како што информираат од владината прес-служба, за оваа цел Владата ја задолжи Агенцијата за млади и спорт во рок од шест месеци да иницира и оствари координативни средби со претставници на националните анти-допинг организации на земјите од непосредното соседство и Светската анти-допинг агенција (WADA) со цел размена на искуства од кои ќе произлезат препораки за најдобра пракса согласно релевантни индикатори по што ќе изготви компаративна анализа со можни решенија и препораки за организациската поставеност и фискалните импликации…

Read More

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска во Малме, Кралството Шведска, се обрати на Меѓународниот форум за сеќавање на Холокаустот и борба против антисемитизмот „REMEMBER – REACT” (Запомни – Реагирај), на сесијата „Зачувување на сведоштва и развој на образование за иднината“. Во своето обраќање, претседателот Пендаровски потсетил на трагичната судбина на македонските Евреи и на, како што рекол, ѕверствата што се случиле на територијата на денешна Република Северна Македонија во Втората Светска Војна за кои светот треба повеќе да знае. – 7.144 Евреи беа однесени од територијата на денешна Република Северна Македонија во Треблинка. Сите беа убиени таму. Тоа е 98…

Read More

Во тек е трка за вооружување меѓу Русија и САД, што почна откако Вашингтон се повлече од Договорот за ограничување на системот за противракетна одбрана, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин. – За жал, во тек е трка за вооружување. И започна по повлекувањето на САД од Договорот за ограничување на ракетниот одбранбен систем, рече Путин. Тој нагласи дека Русија не прекршила ниту еден договор ниту се повлекла од кој било, пренесува ТАСС. – Ова го направија нашите американски партнери и со цел да се ослободат од одговорноста, тие сега покажуваат со прст кон нас, додека медиумите ја надувуваат приказната…

Read More

Владата на Република Северна Македонија, на денешната 112-та седница, врз основа на препораки на Комисијата за заразни болести донесе повеќе заклучоци и одлуки за измени и дополнувања на дел од КОВИД-19 протоколите. На предлог на Комисијата за заразни болести Владата донесе заклучок за измена на Протоколот за организирање настани во затворен простор (театри, кина, филхармонија и други) со кои наместо досегашниот дозволен процент на исполнетост на салите за организирање настан во овие простори до 30%, се зголемува со присуство на публика до 50% од капацитетот на салата. Во врска со овој протокол, се воведува и условот посетителите да бидат вакцинирани…

Read More