Author: НОВА ТВ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави денеска, за време на разговорите со Срби од Косово, во Рашка, дека му рекол на специјалниот претставник на Европската унија за преговорите меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, да ја „зауздаат Приштина и ако тие не се во можност – ние ќе ги зауздаме“, јави Бета. „Ми рекоа – работиме на тоа “, наведе Вучиќ, истакнувајќи дека Приштина за денешната полициска акција на северот на Косово има поддршка од најмалку една западна земја, а не е членка на Европската унија. Тој им порача на Србите дека „Белград ќе биде со нив“ и да бидат…

Read More

Цените на нафтата, кои достигнаа највисоко ниво во последните неколку години, најверојатно нема дополнително да растат, изјави денеска ирачкиот министер за нафта Ихсан Абдул Џабар на енергетска конференција во Москва. Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), Русија и нивните други сојузници, познати како групата ОПЕК +, минатата недела одлучија да се држат до својот план за зголемување на производството за 400.000 барели дневно во ноември, и покрај повиците за зголемување на испораката на повисоко ниво. Ова доведе до скок на цените на нафтата на највисоко ниво во последните три години и ги засили инфлациските притисоци на глобално ниво. –…

Read More

Клубовите од англиската Премиер лигата одржаа итен состанок за да разговараат за купувањето на Њукасл од страна на Фондот за јавни инвестиции на Владата на Саудиска Арабија (ПИФ), објави „Дејли мејл“. Според британскиот медиум, премиерлигашите се противат на договорот. Манчестер јунајтед, Тотенхем и Евертон протестираа најмногу против купувањето на Њукасл. Незадоволството на клубовите е предизвикано од фактот дека лигата ќе има нов сериозен кандидат за место во зоната на Лигата на шампионите. Да потсетиме, инвестицискиот фонд на Саудиска Арабија се согласи да го купи Њукасл за 300 милиони фунти. Претходно, сопственик на клубот беше бизнисменот Мајк Ешли.

Read More

Цените за домување растат побрзо надвор од големите градови отколку во нив за првпат од почетокот на 1990-те, благодарение на пофлексибилните форми на работа во пандемијата со Ковид -19, покажа студија на швајцарската банка УБС објавена денеска. Се повеќе луѓе се преселуваат во предградија и населението во урбаните центри повеќе не се зголемува, нагласуваат од УБС, укажувајќи на зголемениот број можности за флексибилни форми на работа, но и на пандемијата. Животот во градот по заклучувањето веќе не е толку привлечен, заклучија тие. Трендот на иселување на населението во предградијата е забележан и во Франкфурт, град кој се најде на прво…

Read More

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро изјави дека шпанскиот крал Фелипе Шести треба да се извини за геноцидот врз домородните народи во Америка. – Ние се придружуваме на гласовите, што се зголемуваат во Америка, да побараме од кралот на Шпанија да и се извини на Латинска Америка и на Карибите за 300-годишниот геноцид врз домородното население, истакна Мадуро. Тој ја критикуваше прославата Денот на Шпанците што се одржа на вчера во Шпанија. Денот на Шпанците е национален празник што го означува датумот кога Кристофер Колумбо првпат пристигнал во Америка во 1492 година. Според Мадуро, прославата е „огромна навреда за споменот на…

Read More

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против лице на возраст од 30 години за сторено кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик. – Осомничениот, заедно и по претходен договор со уште две лица, на 10.10.2021 година, околу 1 часот по полноќ, на Градските гробишта во Куманово со совладување на препреки, се обиделе да одземат туѓи подвижни предмети со намера противправно да ги присвојат. Тие со помош на рачен алат, лопати и ашов ја тргнале мермерната плоча со која бил покриен гроб, започнале да ја ископуваат земјата и…

Read More

Во Министерството за финансии отпочнати се активности за подготовка на Програмата за реформа во управувањето со јавните финансии за периодот 2022 -2025 година во која приоритет е управувањето на внатрешната ревизија. – Владата на Република Северна Македонија е посветена на спроведувањето на реформите во управувањето со јавните финансии. За таа цел е донесена „Програмата за реформа во управувањето со јавни финансии 2018-2021“ , во чии рамки еден од приоритетите е внатрешната контрола. Унапредувањето на внатрешната ревизија и внатрешната контрола останува приоритет и во новата „Програма за реформа во управувањето со јавните финансии 2022-2025“ за која се почнати активности во Министерството…

Read More

Директорот на австриската Сојузна истражна служба Андреас Холцер, денеска беше во официјална работна посета на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) при Министерството за внатрешни работи, при што се одржа и средба со директорот на БЈБ, Сашо Тасевски. Меѓусебната полициска соработка во борбата против тероризмот, кибер криминалот, илегалната миграција и трговијата со дрога и потенцијалите за нејзино подобрување, биле темите на кои се разговарало на средбата, соопштија од МВР. Во рамки на посетата била спроведена и оперативно-тактичка вежба на струшкото крајбрежје од Охридското езеро, за чие спроведување биле ангажирани Единицата за брзо распоредување, Специјалната антитерористичка единица Тигар и Хеликоптерската единица при…

Read More

После долго време на некомпетентност и негрижа во работењето, за само една година откако Дрисла се врати во надлежност на Град Скопје, ова јавно претпријатие прерасна во санитарна депонија која применува современи технологии за управување со отпадот, а целокупниот нејзин економски потенцијал е ставен исклучиво во служба на граѓаните, реагираа од Град Скопје откако претходно во текот на денот од Државниот инспекторат за животна средина информираа дека во депонијата се согорувал опасен отпад. -Откако ЈП Дрисла е повторно во надлежност на Градот набави нов стерилизатор за третман на медицински отпад од познатата италијанска марка ЦИСА, што е иновативен систем целосно…

Read More

Москва не ја исклучува можноста за натамошно заострување на односите со САД, доколку не се направат дополнителни напори за нивно нормализирање, изјави денеска рускиот заменик -министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, по состанокот со американскиот заменик -државен секретар Викторија Нуланд во Москва. Разговорите со Нуланд во Министерството за надворешни работи траеја околу два часа, а Рјабков ги опиша како крајно отворени. „Разговорот беше корисен, но не постои согласност помеѓу позициите на двете страни. Американците немаат слух за нашата логика, нашите барања. Но, без оглед на тоа, разговорот беше корисен “, изјави Рјабков. Тој додаде дека Русија не ја исклучува опцијата…

Read More

Бројот на вакцинирани пациенти во одделенијата за интензивна нега за заболени со коронавирус се зголеми во последниве месеци, соопшти германската влада денеска на барање на парламентарниот клуб на Левица во Бундестагот. „Од 1.186 пациенти со коронавирус кои останаа на одделот за интензивна нега помеѓу средината на август и почетокот на септември, 119 беа вакцинирани, што одговара на вредност од приближно 10 проценти. Во периодот од почетокот на февруари до средината на август, процентот беше многу помал и изнесуваше 1,84 проценти“, се наведува во објавата која се базира на податоци од државниот епидемиолошки институт „Роберт Кох“. Според медиумската група Функе, зголемениот…

Read More

Во август се издадени 276 одобренија за градба што е за 50 проценти повеќе во споредба со истиот месец лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Предвидената вредност на објектите е 6.248.028 илјади денари што е за 96,9 проценти повеќе во однос на минатата година. – Зголемената предвидена вредност се должи на фактот дека во референтниот месец се издадени одобренија за градење на објекти од високоградба со поголеми вредности, конкретно резиденцијални објекти за домување во Општина Гази Баба, појаснуваат од Државниот завод за статистика. Најголем дел од издадените одобренија или 147 се наменети за објекти од високоградба, 47 се за…

Read More