Author: НОВА ТВ

Драмски театар во Скопје информира дека поради протекувањето на покривот, ќе се обиде да изврши привремена санација на местата каде што протекува, а во меѓувреме театарот ќе продолжи со проби. Претстави ќе може да се играат само на малата сцена во театарот. – По темелна проверка на целокупната документација за санација на покривот направена во 2018 година и разговор и консултација со тогашниот технички директор, констатирано е следното: Заменета е целокупната покривна површина на теaтарот освен страничните ѕидови на кулата. Во договорот склучен со фирмата која е изведувач на санацијата на покривот, стои гарантен рок од 12 месеци, соопштија од…

Read More

Шефот на бугарската дипломатија Светлан Стоев денеска на прес-конференција во Софија со неговиот хрватски колега Гордан Грлиќ Радман изјави дека за Бугарија главен надворешно-политички приоритет останува присоединувањето на земјите од Западен Балкан кон ЕУ. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Стоев посочи дека Бугарија инвестирала многу во дијалогот со Република Северна Македонија, како и тоа оти очекува конкретни дејствија од Скопје за трајно спроведување на Договорот за добрососедство од 2017, како и почитување на правата на граѓаните со бугарска самосвест. Стоев информира дека преговорите на експертско ниво меѓу Скопје и Софија течат, и оти се предадени бугарските предлози…

Read More

До крајот на годинава нема да се менува цената на електричната енергија, а сега е многу рано да предвидиме што ќе се случува после тоа, порачаа денеска премиерот Зоран Заев и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимоски. Премиерот Заев посочи дека стабилноста на цената на електричната енергија за домаќинствата е гарантирана до крајот на годината преку ЕСМ и МЕПСО, а со тоа и преку државата и додаде дека нема никакви причини за стравување. – Верувам дека сите наши искуства и експерти кои ги имаме од МЕПСО и ЕСМ, РКЕ и сите независни експерти ќе…

Read More

Земјоделците од кочанскиот регион денеска повторно излегоа на протест и со механизација ја блокираа едната коловозна лента на магистралниот пат Кочани – Штип. Рекоа дека на тој начин го изразуваат незадоволството од бавното решавање на состојбите во оризопроизводството и од ниските откупни цени на арпата и белиот ориз. Тиа бараат итна исплата на субвенциите и договор за откупните цени. – Неопходен е итен ангажман од страна на Министерството за земјоделство. Прво да се исплатат редовните субвенциите за оризот до крајот на октомври, а потоа да се одржи заеднички состанок меѓу преставници од Владата и земјоделците за да се утврдат прифатливи…

Read More

Премиерот Зоран Заев денеска повтори дека ниту тој, ниту ЕУ добила гаранции од Бугарија за деблокирање на процесот за членство на земјава во Унијата, потенцирајќи сепак дека работните групи продолжуваат да работат и оти е можно да се најде решение доколку двете страни тоа го сакаат. –Јас реков гаранции ние од Бугарија не добивме за време на словенското организирање на Самитот ЕУ – Западен Балкан, ниту пак ЕУ доби гаранции. Пораките беа јасни и верувам дека претседателот Радев ги сфати самите пораки. Уште еднаш потврдувам билатерални работи треба билатерално да седнеме и да ги решаваме. Работните групи продолжуваат да работат.…

Read More

Премиерот Зоран Заев вели дека нема ништо против претседател на државата да биде Албанец и оти би сакал да го дочека тоа, но нагласи дека за тоа да се реализира потребна е поддршка не само од Албанците кои живеат во земјата туку и од останатото неалбанско население, бидејќи како што рече, претседател се избира на непосредни избори, а не со партиски и политички договори. -Ќе го чекам моментот кога граѓаните и Македонци, Албанци, Срби, Власи и Турци ќе бидат подготвени да изберат граѓанин кој не е Македонец. Ова е наша заедничка земја, овде сите сме родени, татковците и дедовците ни…

Read More

В.д. директорот на Инспекторатот за животна средина Сретен Стојковски денеска информира дека откако е дојден на функција, издадени се решенија за забрана на прием и третман на 26 видови на опасен отпад во ЈП „Дрисла“, поради непоседување на соодветни инсталации. – Во овој период се изречени решенија на ЈП за депонирање на комунален отпад „Дрисла“ за забрана да врши прием и третман на 26 шифри, односно видови на опасен отпад, меѓу кои отпад од пестициди, киселини, опасен отпад што содржи жива, од А-интегрираната дозвола издадена на 19.02.2021 година, поради непоседување на инсталација за третман или преработка на посочениот отпад, наведе…

Read More

Вакцинацијата ги намалила трошоците за хоспитализација за 170,8 милиони денари или 2,8 милиони евра во текот на последните пет недели од делта бранот, покажува најновиот бриф на „Finance Think“. Вакцинацијата, според проценките, ја намалила хоспитализацијата помеѓу 37,9 и 46,5 проценти и спречила да се заразат дополнително околу 14.500 луѓе или 148 повеќе новозаразени на ден во текот на последните 3,5 месеци. – Отсуството на вакцинација би придонело, кумулативно, до дополнителни 4,595 неделни хоспитализации (околу 328 хоспитализации повеќе, неделно), се вели во извештајот. На носителите на политики им се препорачува да го забрзаат темпото на вакцинација со воведување на стимулативни мерки…

Read More

Италијанец починал додека бил на лов во атарот на Попова Шапка. Тој починал на едно од ловиштата на Шар Планина додека бил во потрага по дивеч вчера околу 9 часот. – Вчера околу 09.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на место викано „Ловиште Јеловјане-3“, во атар на Попова Шапка, починал Р.Б.(64) од Италија, кој бил на лов преку ловечко друштво од с.Боговиње, Tетовско. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово. По наредба на Јавен обвинител телото ќе биде дадено на семејството.

Read More

Нема информации кога ќе почне скринингот на 8200 ученици во основните и средните училишта, што од Министерството за здравство беше најавен за почетокот на оваа недела. Преку регистарот во Е-дневник по случаен избор тие треба да бидат тестирани на КОВИД-19, со согласност од нивните родители, за да се се добијат податоци дали има пренесување на вирусот во училиштата. Министерката за образование и наука Мила Царовска и денеска изјави дека е во постојана координација со Министетстѕвото за здравство и ќе бидат навреме соопштение детали за скринингот. -МОН е во координација со Министерството за здравство кое е надлежно за координација на овој…

Read More

Утре попладне во западните делови ќе има појава на локален дожд. Во текот на ноќта од запад со зголемената облачност врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјата, а на југот ќе бидат пообилни, информира УХМР. Пообилни врнежи ќе има и в четврток, кога поради спуштање на студена воздушна маса, на планините, особено во западните делови, ќе врне снег, а понекаде и на повисоките места дождот ќе преминува во снег. Од четврток и во следните денови, како што велат од УХМР, повремено ќе дува засилен северен ветер.

Read More

Полскиот тенисер Хуберт Хуркач во третото коло од Мастерсот во Индијан Велс го победи Френсис Тиафу со 6:3 и 6:2. Поради оваа победа, Хуркач ќе го престигне Рожер Федерер на АТП ранг-листата. Дваесеткратниот грен слем шампион дефинитивно ќе ги напушти најдобрите 10 тенисери на светот следната недела. Последен пат Федерер не беше меѓу првите десет на ранг-листата пред Австралија Опен-2017. Тогаш Швајцарецот кој го освои Грен слемот во Мелбурн како 17-ти рекет во светот. Четириесетгодишниот Фередер од понеделник ќе падне на најмалку 11. место.

Read More