Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДИЖС: Во „Дрисла“ се горел опасен отпад иако нема соодветна инсталација

0
By НОВА ТВ on October 12, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 12, 2021 12:48

В.д. директорот на Инспекторатот за животна средина Сретен Стојковски денеска информира дека откако е дојден на функција, издадени се решенија за забрана на прием и третман на 26 видови на опасен отпад во ЈП „Дрисла“, поради непоседување на соодветни инсталации.

– Во овој период се изречени решенија на ЈП за депонирање на комунален отпад „Дрисла“ за забрана да врши прием и третман на 26 шифри, односно видови на опасен отпад, меѓу кои отпад од пестициди, киселини, опасен отпад што содржи жива, од А-интегрираната дозвола издадена на 19.02.2021 година, поради непоседување на инсталација за третман или преработка на посочениот отпад, наведе Стојковски.

Тој додаде дека од правниот субјект ЈП „Дрисла“ е побарано да постапи согласно член 116 од Законот за животна средина и да поднесе барање до надлежен орган, Управата за животна средина при МЖСПП, за измена на интегрираната еколошка дозвола и да ги раскине сите склучени договори за прием и третман на тие видови на опасен отпад.

Тој образложи дека на „Дрисла“ и е издадено решение со кое се задолжува во предвидениот рок да поднесе барање до Управата за животна средина да ја измени А-интегрираната дозвола и во тој период да ги раскине сите договори и да не смее да прима опасен отпад од наведените видови на отпад.

– Бидејќи „Дрисла“ нема инсталација за третман не ми е јасно како е издадена дозволата, зошто е издадена и зошто е направен инспекциски увид и е констатирано дека нема забелешки во однос на инсталацијата. Пет месеци пред моето доаѓање, ЈП „Дрисла“ функционирало со таа дозвола и не е постапувано согласно законот, било потребно директорката да ја одземе дозволата, нагласи Стојковски.

Тој додаде дека „Дрисла“ не е парично казнета и дека и е даден да се усогласи. Дозволата, како што додаде, е издадена на 19 февруари 2021 година, а барање е поднесено во ноември 2020.

– Ние со решение им забранивме на „Дрисла“ да примаат таков отпади им дадовме рок да си достават барање до МЖСПП. Исто така, и Министерството е известено со информација за нашето решение, така што „Дрисла“ веќе не може да прима таков опасен отпад. Рокот е 90 дена. Во моментов „Дрисла“ има А-интегрирана еколошка дозвола каде во еден од прилозите, прилог 3, има 36 шифри на опсен отпад коишто се наведени во дозволата, а никаде во дозволата нема објаснување за екологијата, инсталации и начин на преработка и складирање на таквиот отпад што е симптоматично и не знам како е издадена таква дозвола за таков вид на отпад, истакна Стојковски.

Директорот наведе дека работат на тоа да дојдат до конкретни сознанија што од опасен отпад е фрлано во „Дрисла“.

– Во дописот до МЖСПП побаравме да се направи генерална еколошка ревизија со којашто ќе се направи увид во комплетната состојба со „Дрисла“. Бидејќи при пренос на сопственоста од Јавно приватно партнерство во ЈП било потребно да се направи генерална еколошка ревизија тоа не е направено, пред издавањето на дозволата, посочи Стојковски.

Тој информираше дека „Дрисла“ собира комунален, медицински и има можност за собирање на градежен шут загаден со азбест.

Според Стојковски, изминативе два месеци, откако е на функцијата, се направени вкупно 327 надзори, од кои 164 редовни, 73 контролни и 90 вонредни надзори. При тоа се издадени 42 решенија и се изречени четири прекршочни санкции и три платни налози.

– За разлика од тоа, во периодот август-септември 2020, направени се вкупно 263 надзори, 168 редовни, 61 контролен и 34 вонредни надзори. Од овие податоци можеме да дојдеме до заклучок дека бројот на вонредни надзори е зголемен за 200 отсто во однос на 2020 година, рече Стојковски.

Тој додаде дека за непостапување по решение на државниот инспектор за животна средина од Охрид за запалена нестандардна депонија, во два наврати се изречени две прекршочни санкции и два платни налози на правниот субјект ЈП „Охридски комуналец“ и одговорното лице во претпријатието, за прекршоци од прва категорија каде се предвидуваат казни од 2000 до 3000 евра за правното лице и 400 евра во денарска противвредност за одговорното лице и прекршок од втора категорија, каде е предвидена казна од 6000 евра за правното и 800 евра за одговорното лице.

– За непријавен еколошки инцидент во рудникот Булмак во Пробиштип по решение на државниот инспектор за животна средина од Пробиштип издадено е решение за расчистување на локацијата и барање за спогодување до Комисијата за спогодување при МЖСПП за прекршок од трета категорија, каде е предвидена глоба од 100.000 евра, посочи директорот на ДИЖС.

Тој нагласи дека во истиот период имале и голем број на пријави за запалени нестандардни депонии во цела држава, пријави за ископ на песок за регулација на речни корита, контрола на рибници во Вруток и други пријави коишто не се во нивна надлежност и тие биле препратени до овластените општински инспектори и други органи за постапување по нив.

– Еден од општинските инспектори, Андријана Забеговска Георгиевска конечно се охрабри и реагираше и изрече прекршочна санкција со платен налог од прва категорија за правното лице ЈКП „Пролетер“ – Ресен, посочи Стојковски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 5, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

ВЕСТИ July 5, 2026

Компаниите што ги отпуштија вработените врз основа на тоа дека нивните работни места ќе бидат…

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.