Author: НОВА ТВ
Република Северна Македонија останува посветена како дел од меѓународната хуманитарна акција за помош на граѓани од Авганистан кои во изминатиов период работеа на подобрување на човековите права, демократијата и мирот, информираа од Владата. Оттаму додаваат дека доцна синоќа на Меѓународниот аеродром во Скопје пристигнала нова група од 149 граѓани од Авганистан, а станува збор за стипендисти на Фондациите Отворено општество и граѓани кои работеа во меѓународните мисии за развој на демократијата во Авганистан, како и членови на нивните семејства. -Граѓаните ќе бидат привремено сместени во Скопје додека не се обезбеди трансфер до нивната крајна дестинација. Трошоците во целост се покриени…
Преку Младинската гаранција и другите младински политики ја намаливме невработеноста кај младите од 43,2 на 28,3 проценти, соопшти денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во обраќањето на 7. Форум за поврзување, што се одржува во Тирана под мотото „Заедно градиме подобар Балкан“. На панелот „Што има за младите во Економско-инвестицискиот план за Западен Балкан“, Шахпаска се осврна на искуствата што Северна Македонија ги има во дизајнирањето и имплементирањето на политиките насочени кон подобра интеграција на младите на пазарот на труд. – Од почетокот на 2018 година, кога го започнавме проектот „Младинска гаранција“ се до денес, во оваа…
Тимови од министерствата за образование на Северна Македонија и на Косово во наредниот период интензивно ќе работат на подготовка на документи со кои ќе се утврди можноста за соработка и унапредување на образовните системи како основа за развој на двете земји. Ова било тема на разговор на денешната средба во Скопје меѓу министерките за образование на двете соседни земји, Мила Царовска и Арберие Нагавци, која е резултат на заедничката седница на владите на Северна Македонија и Косово што минатиот месец се одржа во Скопје. Во изјава за медиумите по средбата, Царовска соопшти дека со Нагавци дискутирале за новиот концепт за…
Секое четврто лице во Северна Македонија ќе има над 65 години во 2050 година во споредба со околу 14 проценти во моментов, а само една третина од постарите луѓе во Северна Македонија го сметаат сопственото здравје за добро или многу добро што е значително пониско од просекот на Европската унија, покажуваат податоците од Светската здравствена организација. Ова беше истакнато на настанот по повод годинашниот Светски ден на хосписот и палијативната нега во Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ во Скопје, на тема „Никој не смее да биде изоставен-правичност во пристапот до палијативна нега“. Во воведните зборови, како…
Годинава, заклучно со 4 октомври, 5.713 обврзници немаат исплатено плати на вкупно 14.829 вработени, информира директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска. – До сите овие обврзници се доставени опомени и согласно нашиот календар на активности – денеска или првиот работен ден по празникот, ќе треба да бидат доставени и блокади, рече Лукаревска во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата. Таа посочи дека е спроведена присилна наплата кај сите компании што ја злоупотребија државната помош кои, како што рече, беа објавени јавно и транспарентно од страна на Генералниот секретаријат на Владата, бидејќи тие беа исплатувачи на…
Припадниците на шпанската национална полиција и полицијата на Барселона, со поддршка од Европол разбија организирана криминална група која се занимавала со имотни деликти, илегална имиграција и изработка на фалсификувани документи. Криминалната мрежа била вклучена во фалсификување и дистрибуција на документи, а исто така тргувала и со оригинални документи, украдени во Шпанија, кои ги користеле луѓе со слични физички карактеристики од земјите од Блиски Исток, со цел да го олеснат нивниот илегален влез во Европска Унија, се наведува во соопштението на Европол. За време на полициската акција, спроведена во јули откриени се речиси 2.000 фалсификувани пасоши и лични карти од 56…
Седумкратниот светски првак во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон, ќе стартува десет места поназад на патеката во Истанбул за Големата награда на Турција која е на програмата в недела, откако Мерцедес денеска го промени моторот на неговиот болид. Хамилтон во текот на една сезона има права три пати да го смени моторот и со оваа промена го надмина тоа ограничување поради што уследи казната. Британецот заостанува два бода во генералниот пласман зад Холанѓанецот Макс Верстапен (Ред Бул) на седум трки до крајот на сезоната. Минатата сезона Хамилтон победи на трката во Истанбул, освојувајќи ја својата рекордна седма шампионска титула.
Зголемување на субвенциите за попустот на електричната енергија и двојно зголемување на надоместокот за греење, се двете мерки во висина од речиси 500 милиони евра, што денеска ги соопштија надлежните грчки министри, јави дописничката на МИА од Атина. Министерот за финансии на Грција Христос Стајкурас рече дека Владата воведува конкретни мерки за „справување со привремената, како што се оценува, енергетска криза“. Најави дополнителен попуст на електричната енергија и дополнително зголемување на надоместокот за греење што се однесува на конкретни категории. Поконкретно, станува збор за зајакнување на веќе најавената мерка за покривање од страна на државата на зголемената цена на струјата,…
На една компанија во земјава и се потребни 146 часа за да биде во согласност со сите законски барања. Истражувањето за индексот на бирократија покажува дека Северна Македонија од сите опфатени земји има најмало бирократско оптоварување во однос на процедурите и бројот на часови кои им се потребни на компаниите за да ги завршат сите обврски кон државата. Во однос на електронските услуги, Северна Македонија, како што денеска беше посочено, е пред земји-членки на Европската унија. – Системот за исплата на плати е целосно во електронска форма и компаниите воопшто немаат проблем и во услови на пандемија, значи не се…
Шефот на дипломатијата на Европската унија Жосеп Борел изјави денеска дека Бугарија треба да биде пофлексибилна по прашањето за проширување на ЕУ кон Западен Балкан. Бугарија го стопира влезот на Северна Македонија, која е членка на НАТО, во ЕУ, поради несогласување со Скопје околу прашањето на јазикот. -Мислам дека Бугарија треба да покаже поголема флексибилност по ова прашање, што го блокира почетокот на пристапните преговори, изјави Борел на настан во Мадрид. Претходно, оваа недела, на самитот во Брдо, лидерите на 27 земји од Европската унија ветија членство на Балканската шесторка, повторувајќи ги ветувањата дадени од пред 18 години, но одбија…
Водостоите на две од природните езера и на речиси сите реки во земјава се зголемени во споредба со вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Нивото на Охридското и Преспанското Езеро е зголемено за еден сантиметар во споредба со вчера, но сепак е под просекот за октомври и тоа за 14 сантиметри кај Охридското и за 1,66 метри кај Преспанското. Со тоа водостојот на Преспанско Езеро е 14 сантиметри под апсолутниот минимум, а на Охридско Езеро е 4 сантиметри над дозволениот минимум. За разлика од нив, нивото на Дојранското Езеро е исто како вчера,…
Полска нема намера да ја напушти Европската унија, објави премиерот Матеуш Моравјецки. Опозицијата и полските власти меѓусебно се обвинија дека сакаат да ја повлечат земјата од Европската унија. Уставниот суд на земјата вчера дури донесе одлука за превласт на полскиот устав над правото на ЕУ. „Приемот на Полска и земјите од Централна Европа кон Европската унија е еден од најважните настани во последните децении. И за нас и за самата ЕУ. Сите ние извлековме корист од ова. Затоа јас јасно кажувам: Местото на Полска е и ќе биде во европското семејство на нации“, напиша Моравјецки на Фејсбук. Според него, одлуката…