Author: НОВА ТВ

Клучниот американски актер во изготвувањето на Дејтонскиот мировен договор е номиниран за функцијата координатор за санкции во Стејт департментот. Станува збор за Џејмс О`Брајан кој функцијата ќе ја извршува со ранг на амбасадор во Стејт департментот. О`Брајан се смета за клучниот Американец во изготвувањето на Дејтонскиот мировен договор, односно човекот кој го напиша Уставот на Босна и Херцеговина, што всушност е Анекс IV од мировниот договор. Од 1989 до 2001 година тој беше висок советник на поранешната амбасадорка на САД во Обединетите нации и државен секретар Медлин Олбрајт. Тој беше специјален пратеник на претседателот Клинтон за Балканот. О’Брајан беше многу…

Read More

Кандидатот за Градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов продолжи со презентација на клучните стратешки сообраќајни проекти со кои до 2024 Скопје како што најави тој станува град со целосно решени сообраќајни проблеми. „Денес се наоѓаме на главната градска артерија каде поминуваат 25 до 30.000 возила, а спојува четири општини, но и води до патот до Косово. Оваа раскрсница која ја паметиме по огромни гужви го добива најмодерното и најсофистицираното сообраќајно решение било кога изработено во Македонија во урбана средина“, изјави Шилегов на денешната прес-конференција. Сообраќајот во Скопје до 2024 ќе доживее целосна трансформација. Мастерпланот кој содржи повеќе крупни сообраќајни решенија…

Read More

Земјотрес со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во близина на Токио, соопшти Јапонската метеоролошка агенција. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 80 километри во округот Чиби. Се уште нема информации за евентуално настрадани луѓе и причинета материјална штета. Не е изададено предупредување за појава на цунами.

Read More

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска го прими амбасадорот на Кралството Холандија во нашата земја Дирк Јан Коп. На средбата, се разговараше за учеството на Владината делегација, предводена од премиерот Заев на Самитот на Европската Унија за Западен Балкан во Словенија, вчера, на 6 октомври 2021 година. Премиерот Заев изрази задоволство од искажаната поддршка од лидерите на ЕУ по завршувањето на Самитот во Крањ, за влез на Северна Македонија во Унијата, додавајќи дека разговорите со Република Бугарија продолжуваат и изразувајќи увереност за надминување на спорот во наредниот период. Амбасадорот на Кралството Холандија Коп упати честитки за…

Read More

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години со бод ги почна евроквалификациите, откако попладнево на стартот од турнирот во ирскиот град Корк одигра нерешено 0:0 против Полска. Македонскиот состав во второто коло од квалификациите за пласман во Елитната фаза на патот кон завршниот турнир што идната година ќе се одржи во Израел ќе игра против Република Ирска, в недела, a во последното коло противник на „црвено – жолтите“, идната среда, ќе биде Андора. Пласман во Елитната фаза ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации од 12 квалификациски групи, заедно со четири најдобро третопласирани тимови.

Read More

Во рускиот регион Оренбург е отворена кривична истрага поради смртта на девет лица од труење со алкохол, откако консумирале локални пијалоци, што биле произведени во регионот. Локалната униформирана полиција соопшти дека се истражува дали алкохолните пијалоци, произведени во регионот што граничи со Казахстан, ги исполнуваат безбедносните стандарди. Во соопштението се наведува дека девет лица од две села во близина на границата со Казахстан вчера и денеска починале од токсичните ефекти на етанолот во пијалоците. По случајот со масовно труење со алкохол во Сибир во 2016 година, властите во Русија наредија построги контроли за производството и продажбата на пијалоци, лекови, парфеми…

Read More

Капетанот и неговиот помошник од панамскиот брод „Вера Су“, што се насука во бугарските територијални води од Црно море, се притворени на 72 часа, јави БНР. Како што јави дописникот на МИА од Софија, против нив ќе биде поднесено обвинение, а побарана е мерка притвор. По повеќе од шестчасовното сослушување, морнарите од бродот се ослободени. Иследниците од бугарската Национална истражна служба се очекува утре да пристигнат во Добрич, за да ја продолжат истрагата за случајот. Од бродот досега се одземени сите потребни документи што би користеле за истражните органи. Бугарски капетан ќе го преземе управувањето со панамскиот брод, што се…

Read More

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.974 тестирања, а регистрирани се 393 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 187, Куманово – 34, Велес – 30, Штип – 21, Прилеп – 14, Охрид и Струмица – по 11, Крива Паланка – 10, Тетово и Кичево – по 8, Битола, Кавадарци и Пробиштип – по 7, Кочани – 6, Виница – 5, Гевгелија, Радовиш, Берово и Македонска Каменица – по 4, Ресен и Богданци – по 3, Кратово – 2, Делчево, Македонски Брод и Демир Хисар – по 1. Регистрирани…

Read More

Цените на храната се зголемија во септември на светските пазари, втор месец по ред, достигнувајќи рекордно ниво во изминатите десет години, поттикнати од поскапувањето на житариците и растителните масла, соопшти денеска Агенцијата за храна на Обединетите нации (ФАО). Индексот на цените на храната на ФАО, кој ги следи цените на кошницата со основни прехранбени производи, се зголеми за 1,2 процента во септември во однос на ревидираната вредност во август, достигнувајќи просечни 130 бодови, што е највисока вредност од септември 2011 година. Во споредба со септември минатата година, е за една третина поголема. Цените на житните култури најмногу се зголемија минатиот…

Read More

Распродадени се билетите за фудбалскиот натпревар меѓу македонската и германската репрезентација, кој на државниот празник 11 октомври ќе се одигра во Скопје, во рамки на мундијалските квалификации, соопшти попладнево Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). ФФМ преку официјалниот партнер за продажба на билети, MKTickets пушти во продажба половина од капацитетот на Националната арена, (33.4000 седишта) колку што дозволуваат здравствените протоколи за заштита од коронавирусот. – Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и навивачи на македонската репрезентација да ги почитуваат препораките за заштита од вирусот и со фер и коректно навивање да бидат поддршка за Македонија да дојде до вредни бодови и…

Read More

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас го обвини ПСЖ дека ги прекршил правилата за финансискиот фер плеј. -Го критикувам ПСЖ бидејќи овој клуб не генерира толку пари колку што чини неговиот состав. Ова ја нарушува економската состојба во европскиот фудбал. Како може ПСЖ да го објасни фактот дека тимот е вреден околу 600 милиони евра? Ако го освоите францускиот шампионат, заработувате не повеќе од 45 милиони евра. Се обратив до претседателот на ПСЖ и претседателот на француската лига со барање да ми покажат бројки, финансиски извештаи, како нашите, но никој не ми одговори. Тие се секогаш таму кога треба да…

Read More

Министерството за одбрана на Хрватска одговори на неодамнешните информации во јавноста дека САД мораат да ја „аминуваат“ хрватската набавка на француските авиони-ловци „Рафал“. Хрватското Министерство им порачаа на САД дека не треба да се мешаат во тој бизнис. – Франција е оригинален производител на авионите „Рафал“ и целата нивна опрема компатибилна со НАТО. Затоа, не постои добивање дозвола за пренесување сопственост на Република Хрватска од некоја друга земја, вклучително и од САД, соопшти хрватското Министерство за одбрана. Во соопштението понатаму се наведува дека, како што Министерството за одбрана досега набавуваше опрема за некои други борбени системи кои се користат во…

Read More