Author: НОВА ТВ
Од сезоната 2022 година, Формула 1 ќе премине на бензин Е10, што значи 90 проценти фосилни горива и 10 проценти етанол. Во 2025 година, планирано е болидите да се префрлат на нови енергенси. Дополнително, најавено е 100 проценти зелено гориво. Болидите треба да возат неутрализирајќи СО2 честички до 2030 година. Бензинот Е10 е исто така погоден за конвенционални мотори со внатрешно согорување. За да се создаде такво гориво, ќе бидат потребни технологии за извлекување на јаглерод диоксид од атмосферата, или ќе се користи отпад и биомаса. Емисиите на стакленички гасови во споредба со конвенционалните горива треба да се намалат за…
Филипче: Почнаа координативните состаноци за отпочнување на шестата трансплантација од починат донор
Министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил објави дека денеска во раните утрински часови започнале координативни состаноци за подготовка за отпочнување на шестата по ред трансплантација од починат донор. Во текот на вчерашниот ден, посочува министерот, болничките координатори од КАРИЛ дијагностицираа млада пациентка со мозочна смрт и по долги разговори со семејството одлучија да ги донираат органите. – Благодарение на нивната хуманост денес еден пациент ќе добие срце и шанса за нов живот. Уште една млада пациентка се подготвува да прими бубрег. Станува збор за исклучително тешки операции, на моите колеги им посакувам многу успех во работата. Дополнително…
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг синоќа во Вашингтон ги критикуваше земјите што сакаат да ја зајакнат европската одбрана и нагласи дека воспоставувањето „конкурентни“ структури за НАТО може да доведе до слабеење и поделба на Северноатлантската алијанса. Во време кога се одржуваше состанокот на Европската унија во Словенија, на конференција на Универзитетот Џорџтаун во Вашингтон, Столтенберг беше прашан за последиците за трансатлантските односи од договорот АУКУС меѓу САД, Австралија и Велика Британија . – Разбирам дека Франција е разочарана бидејќи Канбера го раскина ‘мега договорот’ за купување француски подморници. Во исто време, сојузниците се согласуваат за нашата главна цел-мора да…
Европската Унија ја стави Северна Македонија на „сива листа“ поради недоволно исполнување на даночните критериуми, во прашање се технолошко-индустриските развојни зони, јави дописничката на МИА од Брисел. Советот на ЕУ вчера ја стави Северна Македонија на сива листа на земји кои имаат потенцијално штетни даночни режими. Во македонскиот случај, како што објаснуваат во Брисел, ова се однесува на технолошко-развојните индустриски зони. Одлуката на ЕУ се базира врз анализите на Организацијата за економска соработка и развој која претходно ги стави овие зони во проблематична категорија, нагласувајќи дека тие содржат потенцијално штетни особини. Со ова, Северна Македонија се наоѓа во списокот на…
Последниве месеци Северна Македонија и Бугарија изградија неколку позитивни примери за соработка и ако се продолжи во таа насока, многу брзо ќе биде постигнат успех, изјави копретседателот на Алијансата на либералите и демократите за Европа (АЛДЕ), европратеникот Илхан Ќучук. Како што јави дописникот на МИА од Софија, на средбата со премиери и министри на земји членки и со претставници на Унијата, членови на АЛДЕ, пред почетокот на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брдо кај Крањ, Ќучук оцени дека „внатрешната политика може да го ограничи просторот за маневрирање во надворешната политика“ кога станува збор за односите меѓу Скопје и Софија, но сепак…
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов го претстави планот за затворање на Малиот Ринг во Скопје, со што ќе се добие најголемата пешачка зона во Европа. Тој наведе дека со затворање на улицата 11 Октомври, односно Димитрија Чуповски (од Собрание до Палома Бјанка) се добиваат 71 хектар, или 730.000 метри квадратни зона во којашто автомобилите нема да бидат присутни. – На овој потег од улицата ќе биде овозможено движење исклучиво за автобусите на БРТ системот. Со тоа се овозможува непречено движење на пешаците од Стара Железничка се до крајот на Бит Пазар и од Собрание до крстосницата кај…
„Вело патеки што во светот ги нарекуваат автопати за велосипед ќе никнат од Бутел преку Чаир кон Центар, од Гази Баба до Центар, од Драчево преку Кисела Вода кон Центар, од Даме Груев кон Ѓорче Петров. Во Скопје не смее да има булевар без велосипедска патека и таква велосипедска мрежа мора да има и од приградските населби кон центарот на Скопје“ – вака ја започна денешната прес конференција кандидатот за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, од невообичаено место од каде што може јавноста да види дека Скопје нема вистински и непрекинати велосипедски патеки. Таа истакна дека велосипедистите секојдневно се соочуваат…
Светската банка (СБ) ја зголеми прогнозата за растот на БДП на Северна Македонија во 2021 година од 3,6 отсто на 4,6 отсто, благодарејќи на растот од 5,2 отсто во првото полугодие а по зголемената приватна потрошувачка, напливот од инвестиции и зголемената владина побарувачка во второто тримесечје. Во својот извештај за економиите на Европа и Централна Азија објавен синоќа, Светската банка дава прогноза за брз развој и зголемена конкуренција по повлекувањето на Ковид-19 пандемијата. За економијата на Северна Македонија се вели дека иако опаднала поради ударот од Ковид-19 во 2020 година, при што стапката на сиромаштија пораснала од 1 до 4…
Самитот ЕУ-Западен Балкан почна денеска на Брдо кај Крањ во Словенија. Средбата на врвот, што ќе се одржува денеска и утре, посветена е на европската иднина на регионот. Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел рече дека Самитот ќе биде можност да се „потврди европската перспектива на Западен Балкан“. – Исто така, средбата ќе биде можност да се стави до знаење дека сме подготвени да издвоиме многу пари за инвестирање во тие земји, како и за поддршка на економските реформи и борбата против корупцијата, рече Мишел по пристигнувањето на состанокот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан. Мишел додаде дека Самитот…
Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска во Атина се сретна со американскиот амбасадор во Грција, Џефри Пјат, на која било разговарано за случувањата во регионот и односите меѓу Северна Македонија и Грција. – Разговаравме за случувањата во регионот и за односите меѓу Северна Македонија и Грција. Поддршката од САД за Западен Балкан е исклучително важна за напредокот и демократскиот развој на нашите земји, објави Пендаровски на својот Фејсбук профил. Претседателот Стево Пендаровски престојува во прва официјална посета на Атина, во рамки на која вчера оствари средби со грчката претседателка и грчкиот премиер.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска ги започна активностите утврдени во агендата од неговата работна посета на Словенија, по повод Самитот на ЕУ за Западен Балкан што се одржува во Брдо-Крањ, информираа од Владата. Премиерот Заев имал заедничка средба со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, со еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји, со премиерот на Република Словенија Јанез Јанша и со претседателот на Република Бугарија Румен Радев. На средбата била потенцирана важноста на проширувањето на ЕУ со земјите на Западен Балкан, било поздравено тоа…
Задушувањето на правата на македонските Бугари е предизвик и за ЕУ, изјави бугарскиот претседател Румен Радев пред новинарите по неговата средба во Брдо, пренесуваат медиумите во Софија. Тема на состанокот е изнаоѓање начин за надминување на пречките за почеток на преговорите за пристапување на Северна Македонија во ЕУ. -Нашите европски партнери се повеќе го разбираат нашиот проблем со Северна Македонија. Вистинската суштина на проблемот кај нашиот сосед е системската дебугаризација, рече Радев.