Author: НОВА ТВ

На Европската унија и е потребна нова стратегија за Западен Балкан, нагласуваат од Виенскиот институт за меѓународни економски студии и Фондацијата Бертелсман. Нивното соопштение е пред состанокот в среда во Словенија на лидерите на ЕУ и на Западен Балкан каде се очекува најава за економски и инвестициски план во вредност од девет милијарди евра, што треба да генерира приватни инвестиции од околу 30 милијарди евра „Тоа е оптимистички. Ветениот економски пакет малку ќе промени во економската ситуација на Западен Балкан, изјави заменикот-директор на Виенскиот институт и коавтор на студијата на Фондацијата Бертелсман, Ричард Гривесон. Тој додаде дека потребни се дополнителни…

Read More

Шефот на дипломатијата Бујар Османи, денеска во рамки на работната посета на Сојузна Република Германија, имаше средби со неговиот домаќин, германскиот сојузен министер за надворешни работи, Хајко Мас и со германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот. Како што соопшти МНР, во фокус на разговорите на средбата меѓу Османи и Мас беа подготовките пред Самитот на ЕУ – Западен Балкан во Брдо кај Крањ, надминувањето на разликите со Бугарија, како и најновите внатрешно – политички состојби во нашата земја. -Факт е дека Берлин е најсилен предводник за европската перспектива и на Северна Македонија, како и на целиот регион. Имаме важен…

Read More

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган најави дека ќе се обиде да ја спречи високата инфлација со отворање на 1.000 нови пазари кои треба да им обезбедат на граѓаните снабдување со производи за широка потрошувачка по разумни цени. Владата им нареди на земјоделските задруги да отворат околу 1.000 нови продажни места, чија изградба треба да започне наскоро, со цел да се снабдат граѓаните со „евтина и квалитетна стока“ и „да се балансира пазарот“. – Наложивме отворање на околу 1.000 вакви продажни места низ Турција, со минимална површина од 500 квадратни метри. Тоа се продажни места каде што цените се прифатливи за…

Read More

Патната исправа на земјава е рангирана на 31 место на листата на Глобалниот индекс на најмоќни пасоши на „Артон Капитал“ за 2021 година, изработена врз основа на тоа во колку држави со нив може да се патува без виза. Според оваа класификација, која опфаќа 193 држави и шест територии и се однесува за првиот квартал од 2021 година, со пасошот на Северна Македонија може слободно да се патува во 108 земји ширум светот, од кои во 66 без виза. На врвот на листата е пасошот на Обединети Арапски Емирати, со кој слободно може да се патува во 152 држави, од…

Read More

Светската трговска организација (СТО) ги зголеми прогнозите за раст на глобалната трговија со стоки за оваа и следната година, но предупреди за нерамномерно закрепнување и негативни ризици поради пандемијата на Ковид-19 и проблеми во синџирот на снабдување. Како што соопшти глобалниот трговски регулатор, по падот од 5,3 проценти во 2020 година, се очекува раст на трговијата за 10,8 отсто оваа година. Во март годинава, СТО предвиде раст за тековната година од осум проценти. Според нив, растот на глобалната трговија ќе забави до 4,7 проценти во 2022 година. Сепак, таа стапка е над проектираниот раст од четири проценти од претходната прогноза…

Read More

Самитот ЕУ-Западен Балкан во Словенија се случува во период кога кредибилноста на европското ветување за иднината на регионот е доведена во прашање, поради што е потребно да се испрати јасен политички сигнал и двете страни да преземат одговорност за остварување напредок, поосчи вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во обраќање на панелот „ЕУ-Западен Балкан: Што може да очекуваме од состанокот на ЕУ во Словенија?“ во рамки на Економскиот форум во Белград. Главниот фокус на дискусијата беше ставен на европската перспектива на регионот во пресрет на Самитот ЕУ-Западен Балкан што се одржува оваа среда во Брдо, Словенија. – Нашиот проблем е…

Read More

За да ги зголемиме шансите за долг живот, веројатно треба да направиме најмалку 7.000 чекори дневно или да играме спортови како тенис, возење велосипед, пливање, џогирање или бадмингтон повеќе од 2,5 часа неделно, покажуваат две нови студии од за врската помеѓу физичката активност и долговечноста, пишува „Њујорк тајмс“. Во двете студии со децении беа следени повеќе од 10.000 мажи и жени и покажуваат дека вистинските типови и количини на физичка активност го намалуваат ризикот од прерана смрт за дури 70 проценти. Но, тие исто така сугерираат дека може да има горна граница за придобивките од активноста кон долговечноста и туркањето…

Read More

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал во содејство со ОВР-Кичево и во координација со СВР – Скопје и Одделот за специјални полициски операции, вчера ги лишија од слобода Е.И. (28) од Скопје, А.К. (33) од Скопје, Н.А. (47) од Кичево, како и В.Б.(38) од Кичево и Ф.М.(26) од Прилеп. По претходно преземени мерки и активности и добиена судска наредба, како што соопшти МВР, извршени се претреси во дом и други простории кај петте лица, при што се пронајдени и одземени куршуми, марихуана, прашкаста материја и разни други предмети кои потекнуваат од кривични…

Read More

Малопродажните цени на бензините Еуросупер 95 и Еуросупер 98 се зголемуваат за 1,5 денар, додека на еуродизелот за два денара, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика. Од утре по полноќ, литар еуросупер 95 ќе чини 73,50 денари, еуросупер 98 ќе биде 75,50 денари, а дизел горивото ќе изнеусва 65 денари. Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 0,50 денари и ќе чини 64,50 денари, додека на мазутот се зголемува за 1,351 денар и ќе изнесува 41,131 денари за килограм.

Read More

Премиерот Зоран Заев очекува следните денови Министерството за внатрешни работи да го објави извештајот за причините за пожарот во модуларната болница во Тетово за јавноста да биде информирана и за да може како претседател на Владата да донесе одлука за понудените оставки на министерот и заменик-министерот за здравство. – Делот од форензиката и вештачењето што го направи МВР е доставено до Јавното обвинителство и од тој аспект очекувам во следните денови да се објави од страна на Министерството за внатрешни работи, а Јавното обвинителство може да продолжи со истрагата и да утврди други аспекти ако треба, но одговорот на прашањето…

Read More

Повеќе претставници на здравствените власти во САД сметаат дека стапката на вакцинација ќе треба да достигне 90 проценти или повеќе за да се постигне оптимално ниво на заштита од Ковид-19. Присуството на делта варијанта на вирусот дополнително ја зголеми потребата луѓето да се вакцинираат, изјавија функционери за USA Today во извештај објавен вчера. – Она што го научивме од делтата и гледаме зад делтата е … дека постигнувањето на вистинското ниво на заштита за населението бара да биде 90 проценти, рече Том Мекарти од Одделот за здравство на Род Ајленд. Слично мислење има и доктор Ерик Топол од истражувачката група…

Read More

„Ќе се разнесам“, извикувал, според грчките медиуми, возачот на земјоделското возило што утрово предизвика проблеми во сообраќајот во центарот на Атина и мобилизација на полицијата откако се паркираше пред споменикот на Незнајниот јунак на платото пред грчкиот Парламент, во делот наменет само за пешаци, јави дописничката на МИА од Атина. Грчката полиција интервенираше, го уапси возачот, го запре сообраќајот, го евакуираше просторот, а во возилото пронајде канистер со бензин и плинска боца. Грчката новинска агенција АНА-МПА објави дека станува збор за 58-годишен маж кој имал психички проблеми и дошол од градот Каламата на Пелопонез, додека пак други медиуми во Грција…

Read More