Author: НОВА ТВ
Влажниот бран што ја зафати земјава не е доволен за целосно решавање на проблемот со сушата, но е добредојден за земјоделството, велат агрометеоролозите од УХМР. Според нив, временските услови се повеќе од посакувани за земјоделците, за почнување на подготовките на површините за претстојната есенска сеидба кои доцнат пред се поради недостигот на влага во почвата. Изминатите денови најмногу наврна во Скопје, Прилеп и Гевгелија, околу или над 30 литри на метар квадратен, во Струмица, Берово и Битола под 20 литри, додека на останатите места под 10 литри. Најзагрижувачка е состојбата во Овче поле и Штип каде беа забележани најмалку врнежи,…
Северна Кореја денеска ќе ја обнови „жешката линија“ меѓу двете Кореи, но ја повика Јужна Кореја да преземе чекори за подобрување на односите, објави државната новинска агенција КЦНА. Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун минатата недела изрази подготвеност за повторно активирање на телефонската линија меѓу двете земји, која беше прекината од Северна Кореја на почетокот на август во знак на протест против американските и јужнокорејските воени вежби, само неколку дена откако линијата за првпат беше воспоставена. Новинската агенција го повика Сеул да ја исполни својата „задача“ и да ги обнови затегнатите прекугранични врски, без да наведе детали. Ким ја повика Јужна…
Покрај последиците од пандемијата, снабдувањето со електрична енергија во наредните години ќе биде прашање со кое ќе се занимаваме 24/7, предвудува претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески. Азески укажува дека цената на електричната енергија на берзата за енергија во Будимпешта (HUDEX) за последните 12 месеци порасна, од 57 евра за мегават час на 1.01.2021 година, до 138 евра за мегават час на 27.09.2021 година. Според сите релевантни информации, причина за ова се: зелената агенда во Европа и намалувањето на енергијата произведена од јаглен, релативно ниското производство од ветерните централи во Европа, брзиот пораст на пазарите во изминатиот…
Министерот за надворешни работи Бујар Османи од денеска почнува нова надворешно-политичка турнеја, со присуство во неколку значајни метрополи: Берлин, Варшава и Блед (Словенија), со цел билатерални средби и учество на значајни меѓународни настани. Како што соопшти МНР, од денеска Османи е во работна посета на Сојузна Република Германија на средби со министерот за надворешни работи Хајко Мас и со државниот министер надлежен за Европа Михаел Рот. Целта на посетата е да се продолжи високиот политички дијалог со Германија, но и да се реафирмираат германските позиции во однос на нашето европско досие, особено пред одржувањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Словенија.…
Државниот врв е оптимистичен дека по завршување на изборите во Бугарија и во нашата држава, постојат добри шанси за изнаоѓање на заедничко решение меѓу двете земји. Премиерот Зоран Заев смета дека само со разговор и дијалог може да се изнајдат решенија, а според претседателот Стево Пендаровски, тоа треба да е усогласено со Договорот за пријателство и соработка. Претстојниот Самит ЕУ – Западен Балкан пак, се очекува да биде мотивација за затворање на отворените теми и отворање на ново поглавје на соработка. Според премиерот Заев, по завршување на изборите кај нас и во Бугарија, постојат добри шанси за изнаоѓање на заедничко…
Во моментов работиме на усогласување на нашиот царински тарифник со ЕУ регулативите, нашата поддршка за странските инвестиции е исто така во согласност со европските правила, што значи само едно, предвидлива бизнис клима. Северна Македонија ја креира својата нова развојна економија која целосно подготвена ќе го дочека влезот во ЕУ, истакна заменик-претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, на форумот „Стратешки економски разговори“ во Хрватска. Битиќи, на интерактивната сесија „Економските стратегии на Република Северна Македонија во постпандемскиот период и напредокот на преговарачкиот процес за членството во ЕУ“, дополни дека постојано се работи на…
МОН: Прва исплата за субвенциониран оброк, студентите добија по 1.440 денари за 15 дена од септември
Министерството за образование и наука информира дека студентите кои аплицираа на првиот рок од повикот за субвенциониран студентски оброк, денеска на своите трансакциски сметки ги добија првите средства во износ од 1.440 денари. На 17 836 студенти исплатени им се вкупно 25,7 милиони денари. Исплатата е за периодот од 15 септември, кога стапи во сила законот со кој е регулирано ова право, до 1 октомври 2021. МОН соопшти дека исплатата ќе продолжи да се реализира согласно одредбите од Законот за субвенциониран студентски оброк, односно во првата недела од секој тековен месец, а ќе се однесува на изминатиот месец, со цел…
Премиерот Зоран Заев присуствуваше на отворањето на новиот деловен простор за вработените на Пивара Скопје, како дел од новиот инвестициски циклус, со кој компанијата во наредните две години ќе ги удвои досегашните вложувања во својот одржлив развој, информираа од Владата. На настанот беше истакнато дека новите канцеларии се рефлексија на богатото наследство и традиција на Пивара Скопје, а се изградени и опремени по најсовремени стандарди и технолошки трендови. Посебно внимание е посветено на заштитата на безбедноста и здравјето на сите што ќе престојуваат во нив, имајќи ги предвид новите услови на работа предизвикани од КОВИД-19 пандемијата. Премиерот Заев во своето…
Британскиот боксер Ентони Џошуа ја анализираше својата борба против Украинецот Олександр Усик во која ги загуби светските титули во тешка категорија, порачувајќи оти ја научил својата лекција. Усик минатата сабота на лондонскиот стадион Тотенхем Хотспар со едногласна одлука на судиите го победи Џошуа и ги презеде од него титулите во верзиите WBA, WBO, IBF и IBO. – Ја гледав борбата, ги анализирав своите подготовки и ги идентификував своите грешки. Ја научив лекцијата. Не грижете се за мене. Мојот дух е силен, напиша Џошуа на својот Инстаграм профил. Реваншот меѓу Усик и Џошуа се очекува да биде на програмата во февруари…
„Минатата вечер, заедно со Мила Царовска, започнавме со поделба на промотивен материјал, како би им ја доближиле нашата визија и мисија на граѓаните од Општина Карпош. Презентиравме дел од програмата и проектите планирани за Урбаните заедници Пецо Божиновски – Кочо и Кузман Јосифовски – Питу“ – истакна кандидатот за градоначалник на СДСМ за општина Карпош, Душко Весковски. Тој најави дека е планирана реконструкција на крак од ул. „Загребска“. -Целта на овој проект е да се реконструира и да се прошири кракот од ул.„Загрепска“, кој води до оваа важна здравствена установа, во која се лекуваат најмалите жители не само од нашата…
Организацијата за заштита на човековите права „Хјуман рајтс воч“ (Human Rights Watch) денеска соопшти дека од средината на август, талибанците во Авганистан привеле најмалку 32 наовинари. Дел од нив биле ослободени од притвор откако биле предупредени за нивното пишување, а некои од нив биле претепани. ХРВ тврди дека талибанците минатиот месец им наложиле на авганистанските медиуми да се воздржат од известување за „работи што не се потврдени од официјалните лица“. Исто така предупредиле да не се известува за работи кои би можеле да имаат „негативно влијание врз јавноста“. – Талибанските регулативи се толку обемни што новинарите се самоцензурираат, плашејќи се…
Швајцарија деблокира вкупно 1,3 милијарди франци (1,2 милијарди евра) фијнансиска помош за сиромашните земји-членки на Европска Унија, во обид да ги подобри тензичните односи со својот најголем трговски партнер. Горниот дом на швајцарскиот Парламент вчера одобри ислата на 1,3 милијарди франци во следните години. Средствата се замрзна ни во 2019 година по спорот за меѓусебно признавање на берзанските правила. Швајцарија не е земја-членка на ЕУ, но учествува во нејзините програми и внатрешниот пазар на блокот преку билатерални договори. За возврат, плаќањата за поддршка на посиромашните земји од ЕУ беа договорени пред неколку години, а сличен аранжман беше договорен и со…