Author: НОВА ТВ

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Сочи го прими својот турски колега Реџеп Тајип Ердоган кому му порача дека Турција е заштитена од гасната криза што ја зафати Европа благодарение на гасоводот „Турски тек“, изграден од Русија. На почетокот на разговорите со Ердоган во руското црноморско одморалиште, Путин му се заблагодари на претседателот на Турција за поддршката на гасоводот што доаѓа од Турција во Русија, под Црното Море, пренесуваат британските медиуми. -И сега, кога гледаме доста тешки, турбулентни процеси на европскиот пазар за гас, Турција се чувствува апсолутно сигурна и стабилна, рече Путин, мислејќи на „Турски тек“. Копнените делови на…

Read More

Шефот на израелската дипломатија Јаир Лапид утре треба да отпатува за Бахреин, што ќе биде прва официјална посета на израелскиот министер за надворешни работи на оваа заливска земја, пренесе ДПА. Лапид, заедно со неговиот колега од Бахреин, Абдулатиф ал Зајани, ќе ја отвори израелската амбасада во Манама, соопшти денеска Министерството за надворешни работи во Ерусалим. Покрај тоа, шефот на израелската дипломатија ќе потпише голем број билатерални договори со кралството, наведува министерството. Амбасадорот на Бахреин во Израел, Калед Јусиф Ал Џалахма, од минатиот месец ја презеде функцијата во Тел Авив. Бахреин и Обединетите Арапски Емирати лани во септември станаа првите земји…

Read More

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски денеска ги изнесе своите очекувања од двата октомвриски натпревари во рамки на мундијалските квалификации против Лихтенштајн на гостински и против Германија на домашен терен. – Најбитен е натпреварот со Лихтенштајн. Нè очекува најтешкиот меч во досегашниот тек од квалификациите. Станува збор за селекција која константно напредува во последните години. Не е истата селекција од пред десетина години. Имаат одличен тим, пред сè на колективно ниво, тоа го докажаа на натпреварите со Ерменија и Германија. Очекувам да го дадеме максимумот на тој натпревар, да дадеме се од себе за да ги освоиме трите бода…

Read More

По текстот што го објави агенцијата Ројтерс вчера дека некои земји членки бараат крај на проширувањето на ЕУ, повеќе дипломати за МИА тврдат дека текстот “е попесимистички од реалноста“ и дека станува збор за тензии околу заклучоците од Декларацијата за Самитот ЕУ-Западен Балкан што ќе се одржи во Словенија идната недела, јавува дописничката на МИА од Брисел. Објавата на Ројтерс всушност се однесува на дискусија помеѓу амбасадорите на земјите членки на ЕУ која се одржала на 15 септември објаснуваат за МИА неколку дипломатски претставништва на ЕУ во Брисел. Како и пред секој самит помеѓу ЕУ и Западен Балкан, амбасадорите го…

Read More

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска во Подгорица рече дека на Црна Гора „и треба дијалог за да напредува во владеењето на правото“, и оти е неопходно да се надминат поделбите во општеството. – Потребен е политички дијалог во Црна Гора за да напредува во владеењето на правото, според привремени стандарди на европскиот пат. И мора да внимавате да нема назадување во постигнатото … Потребен ни е компромис, заштита на малцинствата, да спроведуваме мерки што ќе ја доближат Црна Гора до ЕУ, рече фон дер Лајен на прес-конференција во Подгорица, по разговорите со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ.…

Read More

Целосно изгоре куќа во село Волково, во сопственост на Б.Ц. (57), соопшти МВР. Пожарот бил пријавен вчера во 13:40 часот во Полициската станица Ѓорче Петров. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, пожарот е изгаснат, а повредени нема. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Read More

Европската комисија го заострува својот став кон владата на Белорусија, која ја обвинува дека намерно се обидува да создаде бегалска криза на границата со Европската унија, јави ДПА. Комисијата денеска предложи да се суспендираат делови од договорот за олеснување на визниот режим со Белорусија, кој стапи во сила во јули 2020 година. Доколку мерката биде одобрена од земјите-членки на ЕУ, белоруските службеници на сите нивоа ќе се соочат со повеќе документи и повисоки трошоци за виза, но сепак, обичните граѓани нема да бидат засегнати. Во расправата за измените, Комисијата ги наведе обидите на белоруската влада „да ја дестабилизира ЕУ и…

Read More

Папата Франциск денеска ги пофали младите активисти за климата за нивните напори во борбата против климатските промени и ги охрабри да ја продолжат својата работа „за доброто на човештвото“. Илјадници млади луѓе од речиси 190 земји се собраа во Милано оваа недела на собирот „Youth4Climate“ за да разговараат за предлозите за борба против климатските промени. – Се вели дека вие сте иднината, но во овие прашања вие сте сегашноста, вие сте тие што ја создавате иднината, во сегашноста, рече папата во видеопорака. Папата Франциск силно ги поддржува целите на Парискиот договор за климата од 2015 година и ќе присуствува на…

Read More

Агенциите на ОН денеска предупредија дека повеќе од милион сириски бегалци во Либан, земја во економска криза, се соочуваат со влошени услови за живот и дека девет од десет од нив живеат во екстремна сиромаштија. Условите се влошија и покрај зголемената помош за Сиријците кои живеат во Либан, каде што секој четврти е бегалец. Меѓу Сиријците, се повеќе деца работат и стапуваат во брак, додека на илјадници луѓе им се заканува иселување, пренесува Бета. Во годишниот извештај на Агенцијата на ОН за бегалци, Светската програма за храна и Агенцијата за деца, исто така, се наведува дека цената на основната потрошувачка…

Read More

Актуелниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон го сподели своето мислење за крајот на кариерата. – Често размислувам за пензија. Во текот на изминатите пет години, имаше многу пати кога не знаев дали навистина сакам да продолжам да тренирам на сметка на мојот личен живот. Впрочем, има и други работи што ги сакам. Всушност, има многу работи што би сакал да ги пробам. Од друга страна, си велам дека имам многу среќа што добив таква работа. Генерално, кариерата зад воланот на автомобил ќе биде само мал дел од мојот живот, изјави Хамилтон за „Скај спорт Италија“. Британецот од тимот…

Read More

Нобеловата награда за мир оваа година може да ја добијат белоруската опозиционерка во егзил Светлана Тихановскаја, климатската активистка Грета Тунберг или „Репортери без граници“, објавија денеска норвешките експерти за наградата. Добитникот на наградата од еден милион долари го избира петчлена комисија назначена од норвешкиот Парламент, која ќе биде објавена на 8 октомври. „Репортери без граници“ и Комитетот за заштита на новинарите се едни од главните кандидати, изјави Хенрик Урдал, директор на Институтот за мировни истражувања во Осло. За наградата се номинирани вкупно 329 кандидати, но целосната листа нема да биде објавена 50 години. Номинирани се и лидерот на руската опозиција…

Read More

Службеници од полициските станици Чаир и Бит Пазар денеска во 12 часот на улица „Џон Кенеди“ во Скопје го лишија од слобода скопјанецот Р.Р. (45) поради основано сомнение дека извршил кривично дело „разбојничка кражба“. Според информациите од МВР, осомничениот на 16.09.2021 во магацински простор во маркет на улица „Македонско-косовска бригада“ во Скопје одзел пари од чанта на вработена, а откако бил забележан со пиштол се заканил на друга вработена и се дал во бегство. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Read More