Author: НОВА ТВ

Црна Гора е заложник на незаинтересираноста на европската политика, изјави денеска хрватскиот претседател Зоран Милановиќ за време на посетата на црногорскиот колега Мило Ѓукановиќ, кој предупреди дека геополитичкиот вакуум на Балканот се искористува од земји како Русија, кои се против европскиот систем на вредности. – Фактот дека нема војна, тоа што фала богу нема крв, не е причина да се држат луѓе како заложници. А Црна Гора во моментов е заложник на незаинтересираност, спазмичност на европската политика, истакна хрватскиот претседател на прес-конференцијата по средбата со Ѓукановиќ. Милановиќ се осврна на напредокот кој Подгорица го постигна во преговорите за членство во…

Read More

Северна Македонија и Косово ќе спроведуваат заедничка царинска контрола на железничкиот премин Блаце-Хани Елези. Ова го предвидува Договорот за спроведување на Спогодбата за соработка меѓу владите на двете земји што денеска во Скопје го потпишаа министерот за финансии Фатмир Бесими и неговиот косовски колега Хекуран Мурати во рамки на заедничката седница на двете влади. Договорот овозможува поедноставување на граничното регулирање на железничкиот сообраќај и намалување на времето на чекање на граничните премини. Договорот ги утврдува извршувањето на активностите на граничното регулирање на железничкиот сообраќај, како и правилата на граничното регулирање на железничкиот сообраќај на овој граничен премин. Контролата ќе ја…

Read More

Судија задолжен за истрага на минатогодишната катастрофална експлозија во пристаништето во Бејрут, издаде потерница за поранешен министер, кој одби да се појави на сослушување, соопштија судски извори. Налогот бил издаден денеска, еден ден по апелот на 145 локални и меѓународни невладини организации, преживеани и роднини на загинатите во експлозијата до Обединетите нации, кои бараат меѓународна истрага, бидејќи локалната оди бавно поради силен политички притисок. Потерница е распишана против поранешниот министер за транспорт и јавни работи Јусеф Фенианос. Во експлозијата што се случи на 4 август 2020 година, загинаа 214 луѓе, а повеќе од 6.500 беа ранети, а беа уништени цели…

Read More

За Отворен Балкан како премиери имаме различен став, но тоа не ни е пречка одлично да соработуваме затоа што должност ни е да им служиме на нашите граѓаните, на економијата, на коморите, на институциите и тоа токму го правиме, изјави премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција со косовскиот премиер Албин Курти, одговарајќи на новинарско прашање што тој мисли дека треба како став да има Косово за Отворен Балкан. – Јас само ќе кажам дека Косово е суверена и независна држава, ги гради своите ставови и ги почитуваме тие ставови. Како човек ќе кажам дека сум познат по постигнување на договори,…

Read More

Со подадена рака за соработка со опозицијата и категорично против каква било странско посредување, албанскиот премиер Еди Рама побара денеска во Собранието да се изгласа доверба за програмата на владата „Рама 3“ Владината програма Рама ја нарече амбициозна и вети дека ќе даде се од себе овој историски мандат на Социјалистичката партија во извршната власт да биде најуспешен. -Амбициозна програма која се надевам дека со Божја помош и поддршка на Албанците, со визија, страст, трпение и тврдоглавост, што не ни недостигаат, ќе ја реализираме работејќи трипати повеќе во овој историски мандат за СП. Ќе направиме се да го претвориме во…

Read More

Русија го заврши тестирањето на новиот противракетен систем С-500 и почна да го доставува до вооружените сили, изјави денеска вицепремиерот Јуриј Борисов. Тој го опишува како систем за вселенска одбрана и посочува дека може да пресретне интерконтинентални балистички ракети, хиперсонични крстосувачки проектили и авиони. Русија почна да го тестира минатата година и војската соопшти дека прво ќе биде распореден во околината на Москва. Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во 2019 година истакна дека Анкара заедно со Москва ќе го произведе системот С-500.

Read More

Во Европската унија, Норвешка и Швајцарија во јули биле поднесени околу 45.000 барања за азил, што е најголем број на барања од почетокот на пандемијата со коронавирусот, јави ДПА. Овие, засега, прелиминарни бројки денеска ги објави Европската канцеларија за поддршка на азилантите (ЕАСО), која посочи дека еден месец претходно, во јуни, за статусот азилант аплицирале околу 40.600 лица. Агенцијата, чие седиште е на Малта, пресмета дека има зголемени апликации, особено од државјани на Авганистан. Еден месец пред земјата да падне под радикалните талибанци и драматичните недели на евакуација, од оваа земја имаше околу 7.300 апликации, а во јуни 6.000 Авганистанци…

Read More

Уставниот суд на Република Северна Македонија ќе ја разгледа можноста за снимање на своите редовни седници во целост, преку земање предвид на различни спроредбени искуства на уставните судови, најави денеска претседателката на овој суд Добрила Кацарска, на завршната конференција организирана од Институтот за човекови права (ИЧП), на тема „Уставниот суд – заштитник на владењето на правото”. Наидовме, наведе таа, на решенија според кои има целосно ограничување на присуство на медиумите што не значи дека однапред ова е и став на судот за ограничено слично како што е и нашето искуство.  Ставот кој ќе се заземе по однос на ова пршање ќе…

Read More

Директорот на Националниот институт за статистика, Сергеј Цветарски, во интервју за Бугарското национално радио изјави дека предложил онлајн пописот во Бугарија да биде продолжен до 24 септември. Предлогот го доставил до Советот на министри. Како што јави дописникот на МИА, продолжувањето било очекувано поради дефекти во системот, поради што неколку денови имало проблеми со електронската платформа за попис во Бугарија. Цветарски пред неколку дена беше сослушан од собраниската комисија по тој повод, која беше заинтересирана дали се случил злонамерен упад во системот и дали податоците се заштитени од хакерски напади. Пописот во Бугарија започна на 7 септември и според планот…

Read More

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на 23-та седница го усвои ревидираниот роковник за претстојните локални избори, усогласен со измените и дополнувањата на Изборниот законик, донесени вчера од Собранието, а предложени од пратенички групи од владејачкото мнозинство и од опозицијата. Освен измените и дополнувањата на роковникот за извршување на изборните дејствија за спроведување на избори за градоначалници и градоначалник на градот Скопје и членови на советите на општините и советот на главниот град во 2021 година, ДИК усвои и упатството за ангажирање на лица од редот на вработените во секторите за информатичките технологии или надворешни ИТ лица и донесе одлука за објавување…

Read More

На сметките на 4.846 земјоделци исплатени се 230,1 милион денари субвенции, соопшти денеска Платежната агенција. По три денари за килограм добија градинарите кои оствареното производство од пријавените површини го предале во преработувачки капацитети. Денеска, за оваа мерка на сметките на 3.310 градинари се префрлени 168,9 милиони денари . Вчера, пак, беше исплатена и финансиска поддршка за градинарите кои минатата година имаа произведена зелка во период од 5 април до 5 мај 2020 година. Тие добиваат по 3 денари за килограм, односно, вкупно 708 лица кои имаа произведено пролетна зелка од почеток на април до почеток на мај лани и истаата…

Read More

Спроведувањето на пописот е проблематично, оцени лидерот на опозоциската ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Тетово каде што беше во посета на семејство чија мајка го изгубила животот во пожарот во модуларната болница. Според него, власта нема способност за успешна реализација на пописот. -Од она што знам има многу турбуленции многу недостатоци во системот, системот паѓа, луѓе ги враќаат, ја враќаат опремата, бројката и динамиката која што се спроведува на терен од оној лимитиран број на информации кои што ги добиваме неофицијално се разбира не гарантира успешно спроведување на оваа статистичка операција. Тоа е резултат на неспособна институција и Влада затоа…

Read More