Author: НОВА ТВ
Кинеската Влада денеска соопшти дека целосно се вакцинирани повеќе од една милијарда луѓе во земјата против Ковид -19, односно над 70 проценти од нејзиното население. Најнаселената држава во светот (1,4 милијарди жители), каде што новиот коронавирус што ја предизвикува оваа заразна болест се појави на крајот на 2019 година, инјектираше вкупно 2,16 милијарди дози вакцини од 15 септември, изјави портпаролот на кинеското Министерство за здравство, Ми Фенг. Во некои места во Кина, коронавирусот се уште се појавува од време на време, на пример, во изминатите денови во источната провинција Фуџијан, каде што дневно се откриваат околу педесет случаи. Официјално, бројот…
Владата на Република Северна Македонија, предводена од премиерот Зоран Заев, денеска е домаќин на Владата на Република Косово која во полн состав денеска пристигна во Скопје, предводена од премиерот Албин Курти по повод одржувањето на заедничката меѓувладина седница. Премиерот Зоран Заев го пречека неговиот колега Албин Курти на платото пред Владата на Република Северна Македонија, каде што, во присуство на членовите на двете влади, се одржа церемонијата на пречек со највисоки воено-државни почести. Претседателите на владите на двете земји потоа се повлекоа на тет-а-тет средба во кабинетот на премиерот Зоран Заев, а министрите до почетокот на заедничката седница одржаа повеќе…
Тренерот на Барселона, Роналд Куман може да добие отказ доколку тимот не постигне позитивен резултат во следните четири натпревари, информира „Deportes Cuatro“. Во септември Каталонците ќе се сретнат со Гранада, Кадиз и Леванте во шпанското првенство, како и Бенфика во Лигата на шампионите. Како што е наведено на шпанскиот спортски портал, претседателот на Барселона Жоан Лапорта бил многу вознемирен од поразот на тимот во првиот натпревар од Лигата на шампионите против Баерн (0:3). Раководството е незадоволно од тактичката поставеност на тимот и би сакало Куман да се откаже од играњето со тројца централни дефанзивци, а исто така да им даде…
Потпретседателката на Европската Комисија, Вера Јурова, утрово ја презентираше новата иницијатива на нејзината институција чија цел е да се врши притисок врз земјите членки на ЕУ за подобра заштита на новинарите, јави дописничката на МИА од Брисел. Оваа иницијатива во облик на препорака меѓутоа не е правно обврзувачка, бидејќи Европската Комисија не е надлежна во оваа област, но Јурова ветува дека ќе се врши постојан притисок врз земјите членки затоа што заканите, вознемирувањата и нападите врз новинарската фела се зголемуваат драстично, посебно од почетокот на кризата со Ковид-19. Препораката подготвена од Јурова бара од земјите членки да воспостават посебни центри…
Белата куќа ѝ понуди на американската раперка Ники Минаж да се поврзе со докторите од администрацијата на претседателот Џозеф Бајден, со кои ќе разговара за нејзините прашања во врска со антиковид вакцините. Ова, по нејзината објава на Твитер за тоа како вакцините наводно предизвикуваат импотенција. Белата куќа испрати слични повици и до други кои се загрижени за вакцините, со цел да се потисне кампањата за дезинформации во врска со нивната безбедност и ефективност. Ники Минаж потврди дека Белата куќа ја поканила и навести дека ќе оди на разговор, ако „ѝ понудиле само повик“ од Белата куќа. Пејачката има над 22,6 милиони…
За Швајцарија повеќе не е во сила забраната за влез на државјани од трети земји, вклучително и од Република Северна Македонија, заради туристички или било каков друг вид престој, но само со потврда/сертификат за примени 2 дози од вакцина (Повеќе информации за видот на вакцината и условите за влез, може да се пронајде на следниот линк: https://travelcheck.admin.ch/check). Условот за поседување на негативен тест (PCR или Antigen), повеќе не се прифаќа како основ за влез за оваа категорија лица, информираат од Министерството за надворешни работи. Доколку лицето ги исполнува услови за влез во Швајцарската Конфедерација, потребно е до 12 часа пред…
Полицијата од Тетово приведе жител на градот под обвинение дека пуштил во оптек фалсификувана банкнота од 100 евра. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 15 септември во 22:10 часот на улица „Јане Сандански“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода тетовецот Б.К. (58) поради сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на пари“. На 14 септември 2021 околу 22 часот во маркет на улица „Јане Сандански“ во Тетово, тој пуштил во оптек фалсификувана банкнота од 100 евра, за чија исправност вработен се посомневал и пријавил во полициска станица. По целосно документирање на случајот против…
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска од денеска престојува во неколкудневна посета на САД. Шекеринска во Пентагон ќе се сретне со потсекретарот за одбрана на САД за политички прашања, Колин Кал и со помошничката на секретарот за одбрана, Лора Купер. Министерката ќе има средба и во Стејт Департментот, со помошникот државен секретар и прв човек на Бирото за политичко-воени прашања, Тимоти Алан Бетс. -Ова е трета работна посета на Шекеринска на Вашингтон и на Пентагон што претставува силна потврда дека односите и билатералната одбранбена соработка со САД го достигнаа својот историски максимум во овој период и сигнал дека реформите и напредокот…
Текот на пописот е во рамките на она што го очекувавме, па дури и со темпо кое што мислиме дека е подобро од очекуваното. Дневно во работни денови, просекот на попишување е околу 100.000 лица, за викенд е нешто подобро и очекуваме следниот викенд да биде уште подобро, изјави денеска директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, во „Утрински брифинг“. Факт е, посочи Симовски, дека населението масовно ја прифаќа оваа операција и сите обидите пописот да се бојкотира и пропадне, паѓаат во вода. – Цел на напади, откако почна пописот е нашата веб страница, меѓутоа таа нема врска со делот на…
Кинеската амбасада во Вашингтон денеска им порача на САД, Велика Британија и Австралија „да се ослободат од менталитетот на Студената војна и идеолошките предрасуди“, откако трите земји објавија дека склучиле нов безбедносен сојуз. Трилатералното безбедносно партнерство, наречено АУКУС, официјално постои од денес, откако лидерите на САД, Велика Британија и Австралија одржаа заедничка конференција преку видео врска, и овој договор предвидува Австралија да добие подморница со нуклеарен погон, пишува „Гардијан“. Тоа предизвика силна политичка реакција во Австралија, Велика Британија, но и во Франција, чиј постоечки договор од 90 милијарди долари со Австралија одеднаш беше раскинат. Иако ниту еден од лидерите на…
Пандемијата на коронавирусот не го забави немилосрдниот напредок на климатските промени, се вели во научен извештај United in Science 2021 на ОН. Помеѓу јануари и јули, глобалните емисии на фосилни горива на СО2 во енергетските и индустриските сектори веќе беа на исто ниво или повисоки отколку во истиот период во 2019 година, пред пандемијата. Севкупните намалувања на емисиите во 2020 година, за време на првиот бран на Ковид-19, беа „краток застој“, објавија вчера Светската метеоролошка организација (СМО), Меѓувладиниот панел за климатски промени (ИПЦЦ) и други организации. „Овој извештај покажува дека досега во 2021 година не одиме во вистинската насока“, рече…
Македонската репрезентација назадуваше две места на ранг-листата на Светската фудбалска асоцијација, објавена денес. „Црвено-жолтите“ сега се наоѓаат на 74. место (две места послабо од август), откако септемврискиот циклус од Мундијалските квалификации го завршија без пораз, но не забележаа ниту победа на средбите со Ерменија, Исланд и со Романија. Од ривалите на „рисовите“ во квалификациите за Светското првенство, најдобро рангирана е Германија (14-та), Романија е 42-ра, Исланд 60-ти, Ерменија 89-та и Лихтенштајн 188-ми. Лидер е Белгија пред Бразил и Англија. Во ТОП 10 селекции се и: Франција, Италија, Аргентина, Португалија, Шпанија, Мексико и Данска.