Author: Marta Pesevska

Американскиот претседател Џо Бајден денеска пред новинарите во Белата куќа изјави дека рускиот претседател Владимир Путин станал „непосакуван“ ширум светот, но тешко е да се каже дали е ослабен од неодамнешните настани во кои беше вмешан основачот на приватната воена компанија „Вагнер“, Евгениј Пригожин. Бајден кажа дека Путин очигледно ја губи војната во Украина и „ја губи војната дома и стана некако непопуларен ширум светот“. Американскиот претседател пред два дека изјави дека САД и НАТО не беа вклучени во краткотрајниот бунт на паравоената група „Вагнер“ во Русија. Во својата прва реакција, тој само кажа дека е „премногу рано“ да се…

Read More

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска соопшти дека на 6 јули организира средба на високи претставници на Турција, Шведска и Финска, со цел да се обиде да ги надмине приговорите на Анкара за членството на Шведска во Алијансата. – Сега е време да се прифати Шведска како полноправна членка на НАТО, изјави Столтенберг. Состанокот е последен обид на Столтенберг за Шведска да стане членка на НАТО на Самитот на Северноатлантската алијанса. Министрите за надворешни работи, шефовите на разузнавањето и безбедносните советници од Турција, Шведска и Финска, која во април стана членка на НАТО, ќе учествуваат на разговорите во Брисел.…

Read More

Хрватскиот парламент едногласно ја изгласа Декларацијата за признавање на Холодомор (Гладомор) како геноцид врз украинскиот народ, а претседателот на Украина Володимир Зеленски одговори со благодарност на социјалните мрежи. Гласањето на Декларацијата од собраниската галерија го следеше и украинскиот амбасадор во Хрватска Васиљ Кирилич. Со декларацијата Холодомор се признава како злосторство врз украинскиот народ поради присилниот глад што е смислено и организирано од комунистичкиот сталинистички режим во Украина во периодот 1932-1933 година. Претседателот на парламентот Гордан Јандроковиќ на Украинците им го честиташе Денот на Уставот на Украина. Зеленски на социјалните мрежи се заблагодари на Собранието. -Благодарен сум на Република Хрватска за…

Read More

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска се сретна со новоименуваната амбасадорка на Сојузна Република Германија Петра Дрекслер. На средбата, како што соопшти Министерството за труд и социјална политика (МТСП), Дрекслер ја истакна силната поддршка на патот на земјава до ЕУ, како и поддршката за расчистување на наративот во општеството околу предлог-законите за матична евиденција и за родова еднаквост, како и нивното вистинско значење. Тренчевска и Дрекслер се осврнаа и на досегашната соработка на Министерството за труд и социјална политика (МТСП) со Германската амбасада. -Беа дискутирани и моменталните случувања на територијата на државата во однос на предлог Законот…

Read More

Оваа Влада како никоја претходна досега, инвестира најголеми средства за подобрување на патната мрежа во државата, го стимулира локалниот развој, реализира најобемна помош за општините и генерално во континуитет го  подобрува животниот стандард за граѓаните.  И тоа го работиме непрекиното сите овие години, истакана министерот Бочварски при денешиот увид на рехабилитација на транзитот  Штип-Ново Село. Министерот Бочварски заедно со директорот на ЈП за одржување на магистралните патишта Костадин Ацевски, извршија увид на градежните активности за рехабилитација на регионалниот пат Ново Село-Штип ( делница транзит Штип). Инвестицијата е вредна 11 милиони денари, средства од буџетот на ЈП за државни патишта. Предвидена…

Read More

Граѓаните на Србија до денеска предале 100.000 „цевки и минско експлозивни направи“ и четири милиони парчиња муниција, изјави претседателот на Србија Александар Вучиќ. Тој за ТВ Пинк изјави дека нема да има дополнително продолжување на времетраењето на акцијата за собирање оружје. Акцијата за доброволно предавање на нерегистрираното оружје е покрената по двете масовни убиства, во белградското училиште „Владислав Рибникар“ и во селата околу Младеновац и Смедерево. Кампањата првично требаше да трае до 8 јуни, но српските власти ја продолжија акцијата во која граѓаните можат илегалното оружје и муниција да ѝ го предадат на полицијата без никакви последици. Најавено е дека…

Read More

До 30 овој месец земјоделците може да аплицираат за директни плаќања за регистрирано преземено пчелно семејство. Корисници може да бидат земјоделските стопанства кои поседуваат минимум 10 регистрирани преземени пчелни семејства. – За земјоделските стопанства, кои поседуваат од 10 до 50 регистрирани преземени пчелни семејства, висината на директните плаќања изнесува 600 денари по пчелно семејство. За земјоделските стопанства, кои поседуваат над 50 регистрирани преземени пчелни семејства, висината на директните плаќања изнесува 800 денари по пчелно семејство, евидентирани или регистрирани од Агенцијата за храна и ветеринарство, како примарни производители на производи од животинско потекло, или одобрени од страна на Агенцијата за храна…

Read More

Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчовска, ден по Скопје прајд за Трн го изнесе својот став во врска нејзината поддршка кон маршот и кон она што значи почпитување на различностите. „Парадата на гордоста во Скопје или Скопје Прајд за мене пред се како човек кој ја подржува еднаквоста и недискриминацијата 30-тина години наназад е веќе традиција. Од првата Парада на гордоста во Скопје и се до она вчера.  Излегувам и учествувам на маршот за да ја дадам мојата силна поддршка на почитувањето на основните човекови права. Секоја индивидуа во општеството е различна. Различноста не треба да е основ…

Read More

Надвор од реалноста, дури може да се каже дека е и первезно ДПМНЕ да одржува трибина за криминал и корупција, па згора на се и во Белата палата, симболот на криминалот и корупцијата. ДПМНЕ е партија со криминално стекнат имот врз грбот на граѓаните, нелегална Бела палата којашто е конфискувана. Од скромна жолта куќа, до Бела палата дивоградба врз грбот на граѓаните и тоа со вазни од 180.00 евра, подни плочки од 100.000 евра, паркет од 76.000 евра, лустери од 20.000 евра. ДПМНЕ е партија со бројни судски пресуди за долгогодишни затворски казни, стотина осудени сегашни и поранешни партиски функционери…

Read More

„Многу е важно што преговарачката рамка го утврдува македонскиот јазик без никакви дополнителни референци, назнаки и дообјаснувања, унилатералната декларација за јазикот не е дел од преговарачката рамка и тука не смееме и не треба да релативизираме и манипулираме“ рече Фани Каранфилова Пановска на трибината „МК во ЕУ до 2030“ во Куманово. Таа додаде дека содржината на преговарачката рамка е далеку од совршена, но сѐ што е компромис не може да биде посакуваната опција, тоа е реалноста за жал. Како што кажа Каранфилова Пановска,преговарачката рамка е одраз на асиметријата која постои, бидејќи Македонија не е членка на ЕУ, а Бугарија е…

Read More

„Државните успеси и позиционирањето на држава на меѓународен план се одличен пример, најсилен доказ и јас би рекол најголем показател за резултатот на државничките политики на СДСМ. Без разлика дали преку дипломатија, политика, економија, култура Северна Македонија ја поставивме како светилник на напредок и рамноправен партнер на глобалната сцена“ рече премиерот Димитар Ковачевски на трибината „МК во ЕУ до 2030“ во Куманово. Тој додаде дека од земја во изолација во времето на ВМРО-ДПМНЕ, со СДСМ станавме членка на НАТО и почнавме преговори со ЕУ. „Од заробена држава со ВМРО-ДПМНЕ, станавме земја – рамноправен партнер на САД и ЕУ со СДСМ.…

Read More

„ЕУ не е само правното приближување и хармонизација на македонското законодавство со европското, туку и реални проекти кои го прават поквалитетно секојдневното функционирање на граѓаните. ЕУ е синоним за подобар живот на граѓаните, кој преку својата финансиска поддршка е најголем донатор и помош за постигнување на европските стандарди и реформи“ рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на трибината „МК во ЕУ до 2030“ во Куманово. Тој додаде дека од седумте годишни европски финансиски програми во просек добиваме околу 620 милиони евра. „На ова се надополнуваат инфраструктурните проекти, кои последните 2-3 години се во вредност од околу 300 милини евра…

Read More